Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.540
    Допаѓања:
    280.481
    Во право си, освен тоа дека ги нема во развиени земји. Секаде ги има, ВБ, УСА... Кларна ми паѓа на памет, а ги има сигурно многу.

    Инаку јас имам земено брз кредит во период кога работев со договор на дело и немаше шанса да добијам нормален кредит, иако технички имав пари да го враќам (и го вратив). Само, одбрав да не им ја користам опцијата "пари одма" туку нормално да чекам (околу 1 недела) со што ефективно вратив исто како да сум земала од обична банка. Некои 18 месеци беа во прашање.

    Како и да е, прв проблем се индустриите кои тотално неетички продаваат, кладилници, казина... воопшто потребата да се има сè и да се има одма сега.

    Многу е подлабок проблем, живееме во крајно конзумеристичко општество, свет. Едно отворање на соц. мрежи се чини дека сите имаат сè, само јас немам :) Ама некако тоа ми е како за друга дискусија и тема.
     
    На FlirtBerry и Hoping им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.540
    Допаѓања:
    280.481
    Ќе ги вратат на крај секако, не се опростува долг. Ама тогаш ќе ги вратат 6 кратно повеќе.
    Тотално беа разочарани тогаш од мојот избор дека нејќам одма пари, на тоа им е исто најголемата добивка во случај да враќаш на време :)
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Целна група не значи дека целта им е да даваат пари кои нема да им се вратат. Насочени се кон луѓе кои имаат итна потреба од пари а банката нема да им одобри. Однапред им е се израчунато дека ќе доцнат со отплата на рата а оттука и заработуваат.
     
    На AlmaOculta, CameliaMiller, FlirtBerry и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    5.484
    Пол:
    Женски
    Абе да не дојдете до ситуација да треба да барате брз кредит децата да ги носите морето да го видат или да плачете во банка и на крај да се обратите кај нив за здравствени причини!
    Си земал/а кредит, враќај го, договори се со нив и да немаш МОЖЕШ да се договориш. Во држава како нашата треба да има такви работи, не секоја банка може да ти заврши работа.
     
  5. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Соработуваат ако си плаќаш и ако си достапен.
    Јас сум земала, сум вратила во рок. Не сум доцнела ниту ден. Во тој момент кога ми беше стварно висока ратата им се јавив и прашав што може да се направи за да се зголемат бројот на ратите а да се намали месечната рата. Без никаков проблем во истиот момент ми рекоа може и ме прашаа која сума ми одговара.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.218
    Пол:
    Женски
    Епа ако си земала што тогаш зборуваш дека треба да се забранат? Кога си земала ти одговарало а кога требало да се враќаат не ти одговара.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    5.484
    Пол:
    Женски
    Знам дека се фер и океј и јас имав земено и ми се случи ситуација дур бев во МК да останам без работа и немав од каде да ги враќам. Фино лепо се јавив искрено си кажав, дечките фер и коректни беа ме известија дека минимално ќе ми се зголеми ратата и толку. После 3 месеци го вратив цел.
    Ако човечки се однесуваш, човечки ќе се однесуваат!
     
  8. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.218
    Пол:
    Женски
    Зошто зимаш ако викаш дека треба да се затворат ? Тоа ми нема логика тоа те прашав не реков ништо за тоа што си враќала или не. Само ме интересирсше затоа што си многу контрадикторна.
     
  9. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Ти напиша ова

    Како не ми одговарало кога треба да се врати кога сум враќала навреме?

    Не знам што е контрадикторно во тоа дека треба или да се забранат или да се контролирани од НБРМ.
    Јас, две членки што пишаа погоре што сме земале и вратиле во рок сме буквално исклучок и малкумина од тие кои земале пари од било кои брзи кредити.
    Немам намера пак истото да го пишувам што мислам за овие финансиски друштва, ако сакаш прочитај наназад.

    И стварно повеќе не ти реплицирам на било која тема затоа што многу е очигледно зошто ми реплицираш.
     
  10. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    870
    Допаѓања:
    4.251
    Пол:
    Женски
    Брзите кредити добија преголема слобода, без никаков вистински надзор и контрола. Буквално газат сѐ пред себе. Од друга страна, чести се коментарите дека никој со сила не те тера да земеш брз кредит. И тоа е точно. Но, тука доаѓаме до неедуцираноста на луѓето. Ретки се оние што земаат пари за навистина итни и оправдани ситуации. Се чини дека најголемиот дел од тие пари заминуваат на коцкање.

    Сѐ станува јасно кога малку ќе се подразмисли кој стои зад овие компании и кои се нивните сопственици. Повеќето од нив поседуваат и казина. Не е случајно што на една обична улица има две казина и дури четири филијали за брзи кредити. Сѐ е тоа добро осмислен механизам за да те одере до гола кожа. А да не ги спомнувам оние случаи каде што луѓето земаат нов кредит од едно место само за да покријат претходен на друго место. Дури и самиот систем по кој пресметуваат колку пари да му одобрат на некој е многу вешто осмислен. Запрашајте се зошто некој толку лесно би ви дал сериозна сума пари, без да ве види во живо, со само два клика онлајн.

    Жалосно е што цели семејства страдаат поради овој парадокс. Ни должни ни криви, за земени 20.000 денари враќаат по 60.000. Каматите одат до плафон.

    Според мене, овие кредити се исто толку опасни колку и самите казина. Всушност, одат рака под рака. А на власта тоа ѝ одговара, бидејќи тие ги поседуваат и тие имаат корист од нив.

    За сите овие треба да се стави клуч на врата.
     
    Последна измена: 23 август 2026
    На Mumoftwo30, Alex31, Petar Pan 085 и 2 други им се допаѓа ова.