Прочитани ми се сите книги и таа за Бенедикт отсекогаш ми била омилена. Е сега нели има разлика во ликот на Бенедикт во серијата, со тој во книгите. После изгледани 3 епизоди со оглед на тоа што во мојата замисла Софи е плавушка ( налик Лили Џејмс) некако и ми нема оваа Софи хемија со Бенедикт. @Amellie13 , не знам за понатаму во серијата, во книгите баш е посветено внимание на историјата на Софи, животот со Араминта кои се важен дел од тоа што ќе се случува со Бенедикт. Во спојлер ќе ставам повеќе Спојлер: Книга Опишано е дека Софи е ќерка на слугинка и не може да биде призната, како таква таа си има зацртано дека никогаш нема да дозволи да роди вонбрачно дете или да биде нечија љубовница. Понудата на Бенедикт затоа ја повредува. Да го изгледам делот до крај, па повеќе ќе пишам.
Апдејт со изгледани 4те епизоди и трејлерот за вториот дел. Спојлер: Бенедикт Како што пишав и погоре, фали повеќе корелација за животот на Софи со Араминта. Многу одлуки нејзини потекнуваат баш од таму, а тоа не е објаснето, да не речам јас си го знам од книгата. Можеле наместо сцените со Франческа пример или Вајолет да се однесува како заљубен тинејџер, да посветат повеќе внимание на тоа. Вака ми е некако ептен скратено и битни моменти и сцени дека фалат. Пред години ја читав книгата и не ги паметам скроз сите детали ама може да ја прелистам пак набрзина пред вториот дел Спојлер: Франческа Во нејзината книгата главната приказна е борбата за потомството. Од делот нели Микаела наместо Мајкл, се ми личи дека всушност ќе се обидува да пронајде врв во сексот, отколку делот со потомство, освен ако не изменат па да има дете и со Џон.
Првата изгледана епизода од четвртата сезона ме потсеќа на Пепелашка. Можеби грешам, ама таков впечаток добив.
Скроз е иста приказната со Пепелашка, и мене одма на тоа ме потсети, буквално и понатака како ќе се развива дејството е поврзано со приказната на Пепелашка.
Спојлер Оваа сезона ми беше преинтересна, исто како и предходната и да ви кажам право не знам зошто ја цепкаат вака на два дела значи мразам. Кај ја чекаш тооолку долго за да излезе сега треба и вториот дел да те држи во неизвесност до крај на Февруари. Инаку Софи ме изнервира малку што не му кажа на Бенедикт дека е она со маската, а од друга страна па маживе толку ли се да не те препознаат само по уста/заби, допир на некој начин аман само очите и беа прекриени. Не разбирам значи, ми одеше да го удрам Бенедикт на крај исто кога и' го рече тоа за мистрес ааааа Е сега, зошто Нетфликс секогаш мора да ја изврти приказната и да ја прави сега Франческа геј? Сосем ок ми беше со Џон, и зошто Џон побогу откако го оддржа тој спееч не направи нешто за она да има пинакле, не ми е јасно ништо. Малку и се нервирав со сезонава, сакав да урлам. Е сега за мајка Бриџертон, господе гореше жената па не е ни чудо 8 деца што има и јас би имала со неа каква богиња е. Дај боже и јас така да изгледам на стари години амин.
@bookslover Спојлер Во книгата дејството е после две години од балот. Во меѓувреме Софи ја крати скроз косата и ја продава за пари, ослабнува и еден куп физички промени плус нели долгото време и не ја препознава Бенедикт. Овде беше по неколку дена/месец може што стварно е нереално направено. На сите жени даваат од блиску кај што ги анализира во лицето/вилицата. За Софи не му текнува да види
Спојлер Ете тоа ми е буквално нереалното. За еден месец не може да ѝ ја препознае устата, мислам реално само очите ѝ беа покриени и целата градба ѝ се гледаше сосема јасно особено кога беа во My cottage. Дефинитивно малку нереално направено ама ќе видиме како ќе се развива приказната. На мк или англиски ги имаш читано книгите?
Што мислите за ʼхемијатаʼ меѓу актериве? Не можам некако да дешифрирам дали имаат хемија или не, на моменти ми е многу кринџ и вештачки. Дури и на пресови и интервјуа Лук ми е чуден, ко незаинтересиран. Најдобар момент за сезонава досега: I’m the tea that you’re having Glow up на сезонава: Хајасинт Ќе видиме што ни носи наредниов дел. Генерално Бриџертон општо си е ок, само ептен е претерано со инклузивност според мене и веќе ми смета. Не се запазени ликовите според книгите сега пак уште и Франческа со Микејла… Ќе се пишиме пак на крајов од месецов
Да, инклузивноста е too much особено за тој временски период, ама е неизбежна веќе во сите серии и филмови наNetflix.
Мислиш за во серијата или off set? Зошто мене во серијата ликовите ми имаат таква хемија и толку добро ги глумат улогите што се ежам некогаш цела. Мислам тоа е мое видување и јас како ги доживувам
Ги немам читано книгите па ме интересира, дали Дафне и тој нејзиниот лорд (му го заборавив името) се застапени во приказните за останатите во другите книги? Низ серијава ми недостасуваат.
Дефинитивно ја обожавам серијава.Иако ми маваше ептен на Пепелашка, пак ми беше топ. Негативен коментар имам само за ликот Елоис. Малце претерале со себичноста нејзина во оваа сезона. Ок сфативме, не ти е до мажење, ама почна дури да и смета другите што различно размислуваат...
Прва сезона беше најдобра досега. И приказната за Дафне и лордот. После секоја следна сезона не е тоа тоа, мислам дека повеќето ја бараме да ја препознаеме хемијата од првата сезона во паровите од другиве сезони.
Баш сега ја прелистав книгата оти реално не се ни сеќавам до толку детално. Има сцени кај што се споменува Дафне, дека некој/а од браќата/сестрите е во посета кај неа. А и таа во домот на мајката, баш активна сцена со присуство да опишам. Од паровите досега Ентони и Кејт ми се со најмногу хемија мислам за мој вкус.
И за мене, како на @MarigoldA најмногу хемија ми имаа Дафне и лордот. Тие ми се ненадмашиви некако. А и некако ко тој пар да ми беше база на Бриџертон, и ми недостасуваат макар онака да се појават во некоја сцена. Еднаш мислам дека Дафне беше, накратко, сама, на гости кај мајка ѝ.
Новата сезона е преинтересна! Спојлер Веќе која година по ред, се изненадувам колку е добра серијава, а по тоа како звучи на хартија, никогаш не би ја гледала. Мене секоја сезона ми е преинтересна, ама дали и на вас во новава многу ви се допаѓа што се вклучени и слугинките, не само Софи, туку сите. Гледаме „позади сцената“ - во кујна, во нивните соби, како се дружат, нивниот однос со дамите на куќата. Предобро. Пример многу ми се допадна сцената каде главната менаџерка на Бриџертони, и помогна на Вајлет да се прца - "Everyone drinks tea, ma'am". Софи и Бенедикт имаат хемија, ама најнеинтересен дел ми се од сезонава, ИАКО добри, немам замерка за нивниот однос. Но ме нервира што она упорно не комуницира со него дека е девојката од балот, цело време се понижува себеси, не верува во својата вредност, бла, бла, стандард. Секси беше сцената на скалите, штета што како секој маж, и Бенедикт има само половина мозочна клетка, па го уништи моментот. За Франческа ми е многу жал, најлош пар дефинитивно. Во која епизода он умира? Мислам дека ќе одат во смер дека братучетка му ќе и го даде првиот оргазам, едвај чекам. Искрено не би мислела дека за Франческа ќе се одлучат да ја направат геј во серијата, интересен избор, затоа баш ме интересира како ќе го развијат и напишат сето тоа. Се надевам еднакво добро како стрејт паровите. Да шмркам кокаин од цицките на мајка Бриџертон кога? Колку е секси жената, не само заради изгледот, туку има некоја харизма жената, како зборува, како глуми. Милфица ипол. Омилена ми е.