Бриџертон (Bridgerton) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 7 февруари 2021.

  1. Rosecatcher9

    Rosecatcher9 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2023
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Кејт беше навистина убава и грациозна, ама Софи ми е врвот, премила е значи.:l: Четврта сезона сега за сега топ.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.617
    Допаѓања:
    137.708
    Пол:
    Женски
    не ми се верува дека Мајкл го направија Микаела. И Франческа ќе ја направат лезбејка.
     
    На Rosecatcher9, Кена Рис и bookslover им се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
    Го изгледа некој вториот дел од сезоната?

    Само прва епизода т.е 5та од сезоната стасав да ја видам така да коментар за целосно понатаму ама не можам и не можам преку делот Микаела да преминам. Што ќе фалеше Мајкл да си е?!
     
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    12.682
    Пол:
    Женски
    Успешно избегавав рилсови и спојлери од новиот дел, ама денес ќе ја изгледам уз чај и колачиња. :D
     
  5. Modernistka

    Modernistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2018
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се допадна вториот дел☹️
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    24.803
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав сезоната до крај.

    Искрено, сепак оваа сезона ми е најнеомилена. Размислував што точно не ми се допадна, и сфатив дека е најмногу заради Софи како главен лик во романсата. Мислам ствааарно ми стана досадна со нејзините „уу мене никој не ме сака, јас не вредам :( “ моменти, претера. Жено во затвор си, викни некој. (facepalm) За разлика од Дафни, Кејт, Пенелопи, она имаше 0 карактер, и мене едноставно не ми одговараат такви ликови.

    Друго, сезонава не беше смешна. Океј, освен задната сцена со кралицата кога им се смее на измишљотињите, тогаш се сваљав, признавам. :D Третата сезона можеби беше послаба, ама беше пресмешна, за останатите да не збориме.

    Многу ми се допадна сцената со Елоис и плавушава, кога најдоа заеднички теми во нејзиниот розев замок. :D Мислам дека беше основа за наредната сезона да биде за приказната на Елоис.

    Сезонава прв пат осетив хемија меѓу Франческа и Микејла, прво не бев сигурна, но дефинитивно имаат хемија и едвај чекам да биде нивна сезона! Мислам дека ќе биде преинтересно, исто да видиме што ќе смислат за да бидат 2 жени прифатени од општеството, како што смислија за слугинка и Господин.
     
    На LiliBoz, AlmaOculta и MarigoldA им се допаѓа ова.
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    12.682
    Пол:
    Женски
    Не очекував Џон да умре. Многу ми падна жал за Франческа, колку awkward се однесуваше.

    Вајолет, интегритет 9000. Многу си ја поштувам, оваа сезона и ја засакав ко лик. Колку само she didn't give a shit за глупостите од Араминта, дури не ни изреагира кога ѝ го спомна името на Софи кога ѝ се тупнаа на гости, одма знаеше дека лажат.

    Софи ќе се согласам дека ѝ фали пргавост. Не е лик ко што беше Кејт да речеме. Не е претставителна. Што и да ѝ се случи, ќе го проголта.

    Бенедикт, некако сменет ми беше, ама тоа беше поентата нели :D.
    Многу "домаќин чоек" го направија. :D
    Дали ми имаа хемија со Софи, мислам дека не, дури и секс сцените некако ми беа исфорсирани. Софи ми нема жарче ко за Бенедикт искрено.
    Маркус и Вајолет беа појаки.

    Паров Мондричи, пробал сценаристот некако да ги исфорсира, ама во секоја сезона се досадни.

    Ми се допадна делот што ќе има нова Вислдаун.

    Сакам следна сезона да е за Елоис, ама ќе треба стварно добро да го осмислат и стокмат нејзиниот, не може Елоис да парира со секој.
     
    На LiliBoz и BubamaraM им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    9.042
    Пол:
    Женски
    Сплет на околности останав пола ноќ будна и ја изгледав. Омилена книга ми е оваа, ама како пар некако Бенедикт и Софи, ми немаат хемија. Сцената од 5та епизода мислам беше кај што и изјавува колку е заљубен, скроз омилена.
    Актерката не баш најпогодена за ликот на Софи. Делумно многу слично нивната приказна со книгата, ама сепак и различни детали. На моменти како избрзано, како да се обидуваат нивнава приказна во втор план да е, покрај сите останати 733882 приказни. Враќањето на Кресида, интересно, може и нова Вислдаун да е. Мондричи како ликови комплетно непотребни ама пак ми дојде на идеја ништо чудно и тие да ја "воскреснат" Вилсдаун.
    Приказната за Франческа, знаев дека Џон умира, повеќе сакав Мајкл да е одошто Микаела, така да не ја очекувам нешто посебно таа сезона.

    Друг факт е нели се "намалуваат" слободни Бриџертон деца, така да веројатно понатаму или многу нови приказни и ликови би измислувале. Или пак ќе мора од претходниците да враќаат.

    Заборавив да пишам: Ентони се посимпатичен ми е, како физички изглед де. :D
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    И јас ја изгледав до крај. Истото мислење го имам, сметам дека не си парираа убаво главните ликови. Бенедик тотално незаинтересиран лик, што спиеше со кој стигне, пиеше, целосно го сменија. Софи скроз без карактер. Нула. Нешто што ми падна во очи: на почеток на сезоната самата вика дека никогаш не научила да танцува, на крај на сезоната магично го знае цел танц на балот…
    Повеќе ќе му одговараше некој друг карактер поразличен од на Софи
    Многу ми беше жал за Франческа. Одлично одглумена сцена каде плачеше и доживеа крах со мајка и.
    Јас не поврзав никаде да имаа хемија со Михаела. Како другарки да, како пар не.
    И друг момент тотално ја променија личноста на Пенелопе. Не е истиот лик што беше во првите серии, посимпатична ми беше тогаш. Сега е префинета некако, не ми се допаѓа. Дури очите ги превртував кога имаше сцени со неа.
    Антони на моменти бев као дај мани се и вака и така не се појавуваш често. Што се мешаш.
    Кралицата е врв! Елоис омилена.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.693
    Допаѓања:
    6.061
    Пол:
    Женски
    Ја избинџав денес и морам да пишам збор два. Вајолет во сезонава ми беше искрено омилена, мислам дека таква мајка би сакала да бидам и јас во тоа врем. Цело време стоеше позади Бенедикт и колку убаво се однесуваше со Софи значи ја обожавам. Не само поради тие причини туку премногу ми е сталожена, и се гледа дека ептен си ги сака децата. Жал ми е што не завршија заедно со Маркус, а може и ќе се, ќе видиме.

    На тема Софи и Бенедикт. Не ми ја имаа таа хемија што почнуваш да се ежиш како Дафне и Симон и другиве. Баш ми беа сезонава онака просечни да не кажам, и не ми ја имаа таа хемија и тензичност како другите. Ама сепак ми беа ептен слатки зедно.

    За Франческа уште не можам да се помирам зошто мораа да го сменат наративот толку ама добро они си знаат.

    Сѐ на сѐ интересна сезона, ми се свиѓаше што се покажаа и други делови што до сега не беа покажани како судот, тестаменти, се споменаа пари што до сега не биле спомнати и баш беше некако во тој поглед поразлична од другиве сезони.
     
    На AlmaOculta и MarigoldA им се допаѓа ова.
  11. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    3.331
    Немаа хемија како останатите. Бенедикт ми е омилен лик отпочеток и очекував нешто повеќе. Карактерот на Софи не ме изненади, прикажана е дека цел живот е научена на потчинување и на беспомошност. Сепак на крајот зазеде став колку-толку и се потруди да си го врати своето место и да биде каде што заслужува. Убава беше многу на крајната сцена на венчавката. Глупо ептен што општеството во робовладателска Англија од тоа време е спремно да прифати секакви раси во својата околина, ама никако и Бенедикт да се ожени со слугинка, ќе го праќаме у село. Тој дел ми беше досаден. И мене поомилена за гледање и повпечатлива ми беше Вајолет од сите други. Дури и експлицитните сцени со Маркус беа подобри отколку овие што сите ги чекавме. Улогата на Франческа многу добро одглумена, иако промената на нејзината приказна прилично непотребна. Жална приказната со Џон, а сцената кај што проверуваат дали е бремена веројатно најточно ја отслика положбата на жената во тоа време, колку и да е од богата фамилија - немоќна. Микела ми беше многу антипатична и како лик и веројатно заради моите предрасуди. На крајот дури и слугинка транвестит и ставија на Франческа да и каже дека Микела заминала. Помеѓу нив јас не забележав никаква хемија. Се надевам дека следна е сезоната на Елоиз.
     
    На bookslover и MarigoldA им се допаѓа ова.
  12. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    12.682
    Пол:
    Женски
    Рекламава на Икеа :rofl:
    Screenshot_20260301_105603_Facebook.jpg

    Ова како е можно, јас стварно не знам
    FB_IMG_1772358900860.jpg
     
    На bookslover и BubamaraM им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    24.803
    Пол:
    Женски
    Интернетот ја обожава сезонава, и јас се изненадив. Ама сите коментари на тикток се позитивни и велат дека е најдобра сезона.
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.350
    Допаѓања:
    227.249
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна како заврши сезонава, само не ми се допаѓа што и овде ќе исфорситаат некој геј пар. Немам ништо против геј парови, ама тоа терање у секој филм да ги има е многу неприродно, натрупано и без врска доаѓа. Сексуалноста не треба воопшто да се коментира, а кога со сила ја трупаш имаш спротивен ефект. Али како и да е, ќе ја изгледам и таа...
     
    На Rosecatcher9, AlmaOculta и BubamaraM им се допаѓа ова.