Вечерва ја пуштаат втората сезона на Госпоѓа Фазилет и Нејзините Ќерки,а првата сезона на Бруско заврши во петок,можеби е ставена на пауза.
Иако константно не ја следам, неколку пати случајно ја имам загледано и содржински е делува океј, задржува внимание. За разлика од повеќето тука, глумците не ми се воопшто симпатични, поготово женските. Во глобала ми се некако антипатични. А и што по ѓаволите им е со скоро 800 епизоди? По една секој ден да гледам без прекин, тоа се повеќе од две години. Не би се задржала толку на една серија.
Си пополнуваа програма додека дојде Септември.Септември дојде и еве вчера почна 2 сезона на Госпоѓа Фазилет и Нејзините Ќерки.
Никогаш не сум ја гледала серијава, ама на реклами го манјачев плавиот Изгледа сезонава ќе ја гледам поради него
Сеа не ми текнуваат имињата ама тој и швалерот за кој го остави таа плавиот ептен беа убави, да ја гледаш. Плус Крит е прекрасен, ради серијава добив желба огромна некогаш таму да отпатувам
E пизодиве што ги даваат стари ми изгледаат, како потсетување? Кога ќе почнат со новите? И да, ми пречи синхронизацијата. Сакам да ги гледам сериите на нивниот изворен јазик, вака ми е како половина глума.
Во понеделник ќе почне новата сезона, овие се од претходната како потсетување. Еден мејл би требало да им пишеме на сител да престанат со синхронизација ужас е.
Не,ама и претходно им имам пишано за сериите(за термините) и ми враќаа по ден-два. Ако ми вратат,ќе пишам тука.
Баш. Ми фалат изворните гласови. Не дека грчкиот ми е омилен или ми се допаѓа ама серијата беше комплетна на тој начин и го изразувале целокупниот дух на местото.