1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите методи и техники на учење

Дискусија во 'Образование' започната од karina8, 26 октомври 2010.

  1. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Кои начини ги користите при учењето?Имате ли некоја посебна техника при учење на една лекција?

    Да почнам од моево искуство..Најпрво ја читам лекцијата во себе, се обидувам да ги пронајдам клучните моменти и си правам концепт како да раскажувам.Се трудам да го разберам логички тоа што треба да го учам.Често ја делам лекцијата на пасуси и го подвлекувам најважното.Читам во себе 2-3 пати и се обидувам да ја раскажам.
    За разлика од мене, сестра ми при учење чита на глас и ужасно ме нервира |( Таа секогаш учи сама, и и пречи нечие присуство.Мене не ми е проблем да има некој во собата, или пак тиха музика..Имам и многу другарки што учат со пишување, ќе ја напишат лекцијата неколку пати и така ќе ја научат.

    Кои се вашите искуства ? :)
     
    На monalisa, eli1234, MalLeckaTa и 6 други им се допаѓа ова.
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    На глас учам ,потребна ми е тишина од таа причина ,најпрво читам па ако е потребно повторно ќе прочитам,потоа на страна во некој тефтер тетратка запишувам најбитното тоа што сметам дека е потребно,па на крај на глас го повторувам тоа што сум си го запишала...Во секој случај неможам без да запишам најбитното додека пишувам и го запомнувам и скенирам :)
     
    На tanjusskat, dusicka.musicka и Marucu37 им се допаѓа ова.
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    ^^ wow карина ти се чудам како учиш со читање во себе!Браво :clap:
    Јас учам исклучиво со читање на глас и потребна ми е потполна тишина.Ја делам лекцијата на пасуси и ги читам на глас еден по еден и после се обидувам да ја раскажам целата или пак си поставувам прашања од она што го прочитав со цел да видам какви одговори можам да дадам.Инаку понекогаш ми е потребно и да запишам нешто како план за да научам,меѓутоа тоа само накратко кога правиме тест по нешто што ми е тешко,и го извлекувам најпотребното. :) Најважно од се е да си сконцетриран и ќе научиш,по се ми е лесно,амаа по историја само што ќе ја земам книгата почнувам да се презевам верувајте! :devil:
     
    На Autmn-Queen, petkovska97, vemili и 2 други им се допаѓа ова.
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    јас можам да учам и со читање во себе и со читање на глас, сеедно ми е, важно ми е да размислувам за тоа што го читам, да ги составам работите, гледам повеќе логички да учам, бидејќи обично сите лекции меѓу себе се поврзани, а богами и предметите, проблем ми е географија, зошто се треба на памет да се учи, па ако го научам за утре и утре не ме стани, за наредното испитување буквално треба се наново да учам :@ , и историјата ми е проблем(ама само годините) за другото ми е како приказна, си ги составувам по ред настаните и си замислувам слика за тоа, си правам еден филм во себе, сепак во учењето, посебно кај некои предмети најважно е предавањето на професорот, на пример математика, па затоа и многу се нервирам, зошто професорката сама за себе си решава на табла и ништо не ни објаснува и после никој врска нема од тоа што го учиме, лани алтернатива ми беше одењето на спремање, кај друга професорка, ама сепак не е тоа тоа, насекаде учат различни начини, и таа не знае на кој начин да ти кажи, па стално на тестови, ми одземаше бодови, па и цели задачи, за начинот :@ , па затоа оваа година не ни одам, ќе се задоволам со некоја послаба оцена
    тишина не ми е баш потребна, не ми смета ни музиката, само потребно ми е да се концентрирам на тоа што го читам, па нема ни да забележам дека некој зборува, или дека има пуштено музика
     
    На Marucu37 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    5.657
    Пол:
    Женски
    Прво, мора да е тишина. Ако не е тишина , концентрацијата лесно ми се губи.
    Ја читам лекцијата како што е поделена, прво еден дел, во себе, и после тој дел во себе си го раскажувам. Па после друг дел.. и.т.н. Обично кога учам сакам и до мене да има ливче и пенкалце за да ги запишувам побитните работи,ако не пишувам додека не учам нема да научам убаво. Потоа, и праам анализа на лекцијата.
    Бев научена и да подвлекувам додека читам, за да подобро да запамтам, но сега не смеам...
    и тешките реченици ги заменувам со мои реченици, и особено кога учам си го правам во себе како приказна,за да запамтам подобро :)
     
    На Marucu37 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Додека студирав најчесто ги вадев најбтните работи во тетратка и така учев. Ми одземаше повеќе време, но така бев навикната. Сега еве почнав да спремам правосуден испит и пробав пак да раскажувам во тетратка, али немам живци!За среќа повеќето испити веќе ги имам раскажано од факултет, па сега супер ми се наоѓаат. Едно е сигурно, СЕКОГАШ УЧАМ ВО ТИШИНА! Учење со вклучен телевизор или во галама не го сметам за учење. Барем јас така не можам да се сконцентрирам и за џабе ја држам книгата во рака.
     
    На Marucu37, anglicanka и dreamless им се допаѓа ова.
  7. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета ни уклучениот компјутер пред мене ниту пак музика. Најважно ми е да се сконцентрирам на она што го читам и со самото прочитување на еден дел си го реализирам во главата тоа по мој начин и продолжувам. Некогаш ми се потребни и само 2-3 читања на лекцијата за да ја научам. :)
     
    На Marucu37 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thatsmysecret

    thatsmysecret Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    215
    Читам на глас, мора да е тишина за да можам да се сконцентрирам, иначе паметот ми бега на друго место.
    По пасуси, и го подвлекувам најважното од нив со жолто маркерче. Доволни ми се 3 читања за да запаметам убаво. :)
     
    На Marucu37 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    Учам во потполна тишина, се затворам во соба сама и не сакам да слушам никакви звуци додека учам бидејќи лесно ја губам концентрацијата и после ќе ми треба повеќе време да си ја вратам.
    Ја делам лекцијата на пасуси и имам обичај пенкало во рака да држам(не дека запишувам нешто, онака го држам): Го читам пасусот па го кажувам и така се до крај на лекцијата, кога ќе завршам со лекцијата ја повторам уште еднаш со затворена книга(Биологија и Физика посебно вака учам дека се` бараат од точка до точка).
     
    На Elison, Monnica и Marucu37 им се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Епа значи ја прочитам лекцијата и ги подвлекувам најважните делови од неа, потоа тоа го препишувам во тетратка и од неа учам (читам повеќе пати во себе а потоа се трудам да го раскажам без читање) или некогаш си правам план па така кога раскажувам се присетувам од тетратката, се разбира кај оние професори што го дозволуваат присетувањето. Учам сама во соба и ми пречи нечие присуство затоа што учењето ми е на последен план па така ако има некој во собата повеќе би правела некој безвезателен муабет отколку да учам... хихих
     
    На Cuciii и Marucu37 им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.414
    Пол:
    Женски
    Ќе ми се смеете , но учам одејќи. Најмногу сакам да учам во соба во која имаме маса, за да кружам околу масата. Не ми пречи ниту музика, TV, а најубаво ми е кога имам луѓе со мене. Читам 2,3 пати и толку, не повторувам, не запишувам.
    Во основно една наставничка не прашуваше сите на кој начин учиме, кога и кажав дека учам одејќи се чудеше. Ми рече- премногу енергија сум имала, па ако сум седела во место залудно ќе ми било учењето.
     
    На Justinna и AnnaSSnape21 им се допаѓа ова.
  12. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Исто и јас!!! Во голем тефтер го запишувам прво најважното, а потоа од него учам и од него повторувам. Мојот тефтер си го правам книга, на него најмногу му верувам :lol: А, и сигурна сум дека тоа пишување на страна подоцна ќе ми биде од голема важност, а кога книгата веќе ќе биде во некоја кутија покриена со прашина, секогаш ќе можам да се потпрам на мојот омилен тефер :lol: :)
     
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    За тестови кои може да се препише не учам него правам ливчиња и во телефон запишувам . И онака нема утре да ми требаат некои предмети . А за некои загревам стол така што запишувам најважно и го читам по неколку пати , дур не ми биде се јасно и научено . :)
     
  14. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Најубаво учам во тишина,навечер. :geek:
    Учам на глас и тоа,подвлекувам тоа што сметам дека е најбитно,си делам на делови и го читам првиот дел 2-3 пати и пробувам да го прераскажам секако со ѕиркање од книгата,го прераскажувам некаде 3-4 пати за да го знам без грешка,потоа одам на вториот дел и на истиот начин го учам,потоа ги повторувам првиот и вториот,па одам на третиот па ги повторувам првиот,вториот и третиот итн.
    Овој начин одзема доста време за учење но учењето е здраво,и не се заборава,наутро само повторувам и го знам течно ! се надевам помогнав :) 8)
     
    На AnnaSSnape21 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    кога учам најмногу сакам да сум сама дома
    учам на глас најдобро и најлесно ги делам на делчиња и после сите заедно ги раскажувам и готово научено е :D
     
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Учам затворена во соба, во тишина и учам на глас. Додека учам до мене мора да има нешто: пенкало, молив, што и да е за да ги занимавам рацете. Ако не држам ништо во рацете, мафтам :lol: . Го читам едниот дел, па уште еднаш го читам. Потоа почнувам да кажувам реченица по реченица. Во меѓувреме се потсетувам. Кога ќе го научам тоа без да ѕиркам, го читам уште неколку пати и пак го повторувам со затворен учебник и продолжувам со остатокот од лекцијата. Така цела лекција. Потоа ја читам цела лекција и ја повторувам со затворен учебник.
     
    На AnnaSSnape21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Пред испити учам навечер. Спијам цел ден, станувам около 00:00, правиме кафе со цимерката, вечераме(доручкуваме :) ) и се фаќаме за скриптите. Прво го читам текстот во себе и ги потцртувам најбитните работи, и после го раскажувам наученото. После неколку часа учење правиме пауза за филмче да се релаксираме.
     
  18. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Веќе година ипол не учам :| Но додека студирав прво читав се внимателно и ги подвлекував битните делови.Потоа повторно читам само она што е подвлечено,па го раскажувам на глас.Не учев на памет ама поубаво ми беше научено ако тоа го кажев гласно шетајќи низ собата како Балтазар :lol:
    А некои предмети си правев и планови во тетратка,зависи.Што се однесува до тишината не ми беше многу важна.Кога се сконцентрирам убаво сум учела и со вклучен тв,и музика,и додека моите правеа муабет.
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве јас како учам:

    Ми требаат добри пола саат да се спремам, со пијалок до мене + вода, нешто благо, палета на маркери и пенкала, тефтер и книгите! :D

    Учењето може да се одложи во самиот момент кога е почнато поради:
    1.Глад. Ненадеен напад кој мора да се задоволи!
    2. Битен телефонски повик. Секако многу битен!
    3. Проверка на некоја информација на нет , која дошла неочекувано и секако мора да се провери!
    4. Ново списание на дофат! Не смее да се остави за попосле!
    5.Желба за отварање на Фемина и споделување информации!
    6. Потреба за социјализација и уклучување на ФБ.
    до утре можам вака....


    Воглавно, седнувам да учам и пробувам да ги негирам горе наведените точки. Читам еднаш и подвекувам со омилениот маркер во моментот.
    Читам пак и пак и пак, додека не ми здосади. И ја оставам книгата.
    Следниот ден пак читам се, ако не ме мрзи или ако не влијае некоја горе наведена точка повоторувам во себе или раскажувам на глас.
    Пред спиење репетиција и добар сон!

    До сега е ефикасно!
    За натаму ќе видиме.
     
    На Sejfullai и senza.parole им се допаѓа ова.
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Како прво мора да биде потполна тишина и да сум во мал простор. Лесно губам концентрација и се загледувам во некој предмет, па се замислувам. :lol: Потоа ја делам лекцијата на неколку пасуси и ги читам неколку пати (повторувајќи ги повеќе пати поважните работи) и раскажувам со затворен учебник. Се додека не го раскажам совршено добро делчето не преминувам на ново. Кога ќе завршам со три пасуси ги читам повторно заедно и ги раскажувам. На крајот кога ќе завршам со лекцијата ја читам цела и ја раскажувам. :)
    Читам на глас (читам сериозно и точно како спикерине на вести :lol: ), а додека читам пафтам со рацете обавезно бидејќи мислам дека така повеќе ми влегува во глава. :D
    Најлесно учам наутро, а најтешко ми е попладне, тогаш сум уморена и потешко учам. :)
     
    На AnnaSSnape21 му/ѝ се допаѓа ова.