Секако има многу обожаватели за крофните. Па споделете мислења за тоа кои крофни ви се допаѓаат. - Јас најмногу ги јадам оние прелиените со чоколадо, внатре со еурокрем, со шеќер во прав и сл. Спојлер Ако има дупла тема, слободно клуч.
Јас ги обожавам американските ама мајка ми како што ми ги прави Исто така и обичните со чоколадо внатре и чоколаден прелив
Леле, незнам дали ви текнува ама кога бев помала во Рамстор имаше како еден посебен штанд каде што се продаваа само крофни, значи на секое одење земав по една или две, прекрасни ми беа. Имаше едни прелиени со бело чоколадо и со чоколадни трошки, а во средината слатко од некое овошје или овошен прелив. Мм, преубави ми беа, незнам зашто престанаа да ги продаваат.
Омилени ми се тие,внатре полнети со еурокрем и одозгора прелиени со чоколаден прелив,или пак со шеќер во прав
Мене од крофните ми се омилени оние со мармалад и со еврокрем полнети и попрскани со прав шеќер,исто и оние големи цели покриени со чоколаден прелив и со прехранбени трошкички и покриени со бела чоколада,а во средината има некое слатко,а однадвор се покриени со прехранбени трошкички! Мммммммммммм,крофните се навистина прекрасно нешто!