1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велигденски пости

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Milickaa, 15 февруари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^А зошто постиш ако не си верник? Мене тоа некако не ми е правилно.

    Уф, овие пости некако најтешко до сега ми паѓаат. Како ме спука некоја желба за месо пред некој ден, страшно. А и онака не јадам месо, не знам што ми бидна. Башка маж ми нон стоп нешто гнете, де благо де солено... Стрв ме фаќа ептен. Ми се пивнува башка.
    Друга работа е што ептен сум по пцуењето, поготово кога сум нервозна. Па и од таа страна гризење на јазикот. Порано не ми паѓаа толку тешко сите работи, ама сега некако... :sweat:
    Ајде уште малку, уште неколку недели. :D
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    ^ Не постам од верски побуди, реално не е ни пост, ама поедноставно е така да се нарече.
    Имам потреба од прочистување на организмот, а постот е одлична прилика. Особено затоа што на секој чекор можеш да најдеш нашто посно за јадење (во случај на криза :D ), и плус ако некој нешто ме понуди, т.е. ми се качи на глава да пробам, многу ми е поедноставно да кажам дека постам, од колку дека сакам да си го исчистам организмот. И кога ќе кажеш дека постиш никој не ти се запнува веќе.

    Алкохол се трудам да не пијам, ама ми се случува. Пијам само во друштво, а не секоја вечер дома како претходно. Пак е некакво прочистување :D
     
  3. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Господ да ми прости ама приморана бев да го прекинам постот поради терапијата...нека сум здрава и жива ќе го надополнам тоа наредниве години.
    Господ е голем и простува.
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^^Па јас би рекла дека сум на диета и тоа е тоа. Ама сепак, тоа си е мое мислење, некако ми доаѓа како злоупотреба на постот. Како и да е, ти си знаеш. :)
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    ^ИванаМкд- Кога човек навистина има потреба од разновидна храна (месни и мечни производи), тогаш тука нема играње со здравјето. Ако имаш духовник, тој истото ќе ти го каже и ќе ти разреши, всушност ќе ти даде благослов. :) Секако, ако не постиш со храна, тогаш пости од лоши мисли и неубави зборови. Надоградувај си ја верата - тоа е уште подобро ;)

    Јас еве продолжив да постам со масло, па здравје Боже ќе видиме како ќе издржам. За да не се мислам што да јадам за ручек си направив листа за цела недела - комбинирав разноврсна посна храна. Па така, полесно ми е. На почетокот многу ми беше тешко, за прв пат и тоа во животов, но се привикнав. Како ќе го насочиш умот, така тој ќе делува - барем јас така мислам, а и успевам во тоа.
     
    На Hova и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    ајде некој нека ми пише од кое до кое дато можам да јадам риба. хаха постам а риба да неможам да си апнам, до таму дојдов :lol:
     
  7. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    25.04. 2012 Благовец
    26.04.2012 Цветници (само тогаш се јаде риба)
     
  8. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Се извинувам грешно сум прочитала во православиот календар, Благовец е на 07.04.2012 , а Цветници е на 08.04.2012 јас сум читала по стар календар.
     
  9. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    аиии без риба :sweat: а не ми е јасно зошто баба ми ми кажа дека цел пост може да се јаде риба освен таа недела пред велигден :^) ах бабо бабо :wasntme: секаде различно
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.211
    Јас денес престанав да постам, т.е. да бидам на диета (да не ме кара Виножитка).

    Правев крвна слика, ме искараа за железото (кое и онака ми е ниско секогаш), и решив интензивно да јадам џигери. Со здравје не се игра, ќе ми се најде.
     
  11. hubba.bubba

    hubba.bubba Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    3
    прочитав многу работи што не сум ги знаела, и заклучив дека сите различно постиме, кој како знае, лани зборев со попот што ни крсти вода дома, ми кажа дека алкохолот итн итн, немале врска, дека и така можело на причест да се иде, исто и дека постењето без зејтин не било задолжително, доволно било само од велики четврток без зејтин ама неморало ни тогаш, е сеа и они се различно кажуваат, тројца да прашаш ќе добиеш три различни одговори, па порано нели мајката не идеше на крштевката на своите деца, сеа прашуваат во црква им викаат може :) и бтв јас јадам риба целиот пост, прв пат читам тука дека не смее, моите постат со години и секогаш јаделе риба
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Јас постам веќе неколку години со ред 7 недели, криза имам само првите неколку дена и после се навикнувам. Постам за себе лично!
    Со тек на години научив многу работи околу постењето: риба се јаде само на Цветници и Благовец, треба да постиш без масло цела недела - таа што планираш да се причестиш, алкохол никако не се конзумира во текот на 7 недели, и лично јас не верувам во оние (сојини кашкавали, паштети итн итн...)
    Во текот на постот - една година многу се здебелив, бидејќи си правев и посни колачи, јадев алва и многу леб, мислејќи дека ако постам со умерена исхрана нема да издржам цел ден.
    Нема врска луѓе, јадам многу овошје, јадам многу зеленчук и свеж и приготвен со масло и немам воопшто проблем од аспект на глад.
    Се е во умот, и не верувајте им на сите попови, секој различно кажува. Подобро прашајте некој постар тие знаат најдобро...
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас морам да го прекинам постот од здравствени причини. Многу ми е криво. :(
     
  14. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Да не ти е криво, Господ тоа го простува. Ако продолжеше ќе направеше грев...и јас го прекинав... :worried:
    А може пак да се причестиш...ќе се исповедаш на твојот духовен отец, и тој после може да те причести.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Уште малку остана, инаку оваа недела е без зејтин, нели?
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да, од понеделник е без зејтин.
    Јас ќе почнам од утре. Ама без зејтин, ќе постам само во петок.
     
  17. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    последна недела, кога и што помина времево. :) Ниеднаш не пиочувствував глад за месо, јајце или млечни производи. Се чувствувам супер.
     
  18. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Исто и јас,не ни приметив кога помина.Мислев дека ке ме фати криза за млеко,зашто бев навикната секоја вечер пред легнувење да пијам по една чаша,ама не :)
    Духовниот пост малку потешко ми идеше,еден период бев некако многу негативна и нервозна,често и се карав со моите дома :tmi: ,ама последнава недела се чувствувам некако многу посмирено,посреќна и поисполнета :)
     
  19. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Сакам да прашам дали може да се пости една недела и да се причестиш? И дали постот мора да биде без зејтин? Фала ви однапред
     
  20. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178
    да, мора да биде без зејтин цела недела доколку сакаш да се причестиш. И чим имаш желба, битна е истата, па пости и причести се, но немој да постиш со зејтин.