1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вистини и заблуди околу бременоста и породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Silver.E, 18 ноември 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Темава си кажува се.

    Ние младите слушаме сенекакви приказни околу самата бременост, породувањето и потоа, кои знаат да не заплашат, зачудат или донесат во заблуда. А, некои можеби се и вистина. :)

    Затоа може овде да се прашуваме околу нешто што сме слушнале или прочитале, отворено и без срам, па макар биле и бабини деветини. :lol:

    Јас имам едно прашање на кое може да ми одговорат оние кои веќе се породиле од сопствено искуство. Дали е вистина дека вагината после породувањето се зголемува, проширува, изгледа полошо, изгледа порастегнато, па дури и сексот не е како порано бидејќи не е тесна како кај непородените (иако е еластична, па се враќа во нормала, ама демек не се враќа скроз како првобитното) ??? :^)
     
  2. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Не се грижи ќе ти се врати во нормала, а сексот па каде каде е подобар од пред пораѓајот :D, не дека и порано не бил ама сега подобро е :lol:
     
    На La diabla, Silver.E и zalosna им се допаѓа ова.
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    јас се породив царски, па затоа не можам да кажам во врска со тоа... само може да кажам дека јас не испочитував ни еден адет, се си направив како што ми чинеше мене и во бременоста и после породувањето, детето си го извадив порано од 40 дена, доаѓаа гости и порано, ништо од тоа што треба да се почитува како адет немаше кај мене... па фала богу детето ми е здраво право :inlove: