И јас си ги користам Бекутанот, ама дека се големи ми стојат дома. Во чанта обично носам мали, не ми е битно од која фирма се затоа што и онака не си го бришам лицето со нив А сакав да ве прашам дали ги имате користено од Виолета влажните марамчиња? Ги видов во Тинекс нешто како намалени беа. Се двоумев дали да си земам од нив, но сепак си се одлучив за Бекутанот
Јас најчесто ги користам Бекутан, преубави ми се и не се многу скапи, а ретко земам и марамчињата на Нивеа, но тоа е ретко бидејќи не ми се даваат секоја втора недела по 200 и нешто денари
Бекутан големо пакување за дома. Со нив се правам, бришам шминка, бришам чевли, се бришам. А за во ташна имам едни Папилион и Фрешмејкер, по 10-15 денари се 15 марамчиња и многу ми се убави, убаво мирисаат и не се исушени.
Најубави ми се Бекутанот, но бидејќи не можам толкаво пакување да носам со мене кога сум искочена си купувам некои од 10-15 денари, а бекутанот си го користам дома
Секакви користам.Многу се практични за во секоја пригода.Скоро секогаш имам со мене по едно пакетче ~~~
мене ич не ми се допаѓаат. имало акција нешто 2+1 гратис мислам и мама ги зела ама се катастрофа. дефинитивно бекутан се најубави
Дефинитивно најдобри влажни марамчиња.А посебно сум задоволна од baby love кои се стварно многу убави,ефтини и прекрасно мирисаат.
Becutan Спојлер Најчесто користам Бекутан, кога нема Бекутан користам од тие што ќе ми се фатат, ги испорбувам, гледам да се ефикасни и корисни, а да не чинат многу. А, за в ташна си носам од малите.Или, DOVE, што се покажаа како доста неквалитетни, тие што ги имаше во аптеките, или некои што ќе ми се фатат, ама да не се сушат брзо и да не пуштаат сапауница.
Најчесто ги користам овие од Nivea ги користам за чистење на лицето бидејќи само од нив немам иритации