1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонбрачно дете

Дискусија во 'Бременост' започната од ladymilion, 8 април 2011.

  1. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    девојки што мислите во врска со тоа да имаш дете без маз?
    имате такво искуство?
     
  2. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    вонбрачно дете

    јас лично не, но имам другарка која се породи пред месец, дури и без дечко (талентот не беше доволно храбар да признае дека го направил :fubar: ) искрено само нејзините најблиски знаат за пораѓајот, пошто и не беше многу забележлив а таа детето го даде на посвојување (иако не и го оправдувам многу тој потег), сепак многу подобро решение од тоа што таа го имаше наумено :^) па и згора на се едвај преживеа пост-породилна еклампсија :sweat: страшно верувај ми....
     
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    вонбрачно дете

    Познавам многу такви случаеви. Постојат голем број жени кои сакаат да родат детенце меѓутоа без да се мажат. Најдобро е сметам детето да расте со двата родители. Родители кои цврсто стапуваат во брак кои знаат што сакаат од животот и кои сериозно пристапиле на оваа проблематика. Колку и да негираме на секое дете му се потребни двата родители. Недостатокот од едниот ќе го бара секогаш, никогаш не можат да се пополнуваат празнините, но сепак постојат склоп на околности. Иначе да не сум против вонбрачно дете, доколку другата страна не го сакала односно не го прифаќа детето. Иначе мајка сама да го прифати овој чекор е навистина голем предизвик. Позади себе мора да има голем грб?!
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    вонбрачно дете

    божееееее колку е страшно тоа
    јас не би имала храброст да го оставам детето и никогаш да не го видам ;(
     
    На stevemila и dromka им се допаѓа ова.
  5. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    вонбрачно дете

    се согласувам со кажаново....навистина голем предизвик било самохрана мајка со вонбрачно дете....треба финансии, истрајност,издржување на осудувањата од околината....искрено порано мислев дека кога некоја би станала мајка може да истрае во се, ништо не би требало да и биде битно, но кога видов со свои очи колку тешко било тоа (и тоа на блиска моја, не на моја кожа) малку се подзамислив за моите уверувања досега
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    вонбрачно дете

    Немам апсолутно ништо против, ако еден ден сум сама а биолошкиот часовник ми отчукува, ќе си најдам некој така фин донатор на сперма ќе го искеширам, или подобро банка за сперма ќе си платам и ќе си имам дете. Ќе бидам среќна, нормално подобро е да имаш животен сопатник крај себе, кој ќе ти помага но животот е непредвидлив, така да јас лично оправдувам.

    Не ги оправдувам само оние е*ачи кои немаат храброст да се соочат со тоа што го направиле, па си бегаат од одговорност, јас би го родила тоа дете нормално доколку сум финансиски моќна сама да го издржавам само ќе ми биде криво што ќе има кукавички гени, и ќе биде потомок на некој идиот.

    Фала Богу јас си имам вереник и за неколку години си планираме дечиња, но кажав животот е непредвидлив, така да јас сум голем подржувач на самохраните родители било да е мајка или татко.
     
    На piksooki, dromka и ladymilion им се допаѓа ова.
  7. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    вонбрачно дете

    се согласувам со кажаново....навистина голем предизвик било самохрана мајка со вонбрачно дете....треба финансии, истрајност,издржување на осудувањата од околината....искрено порано мислев дека кога некоја би станала мајка може да истрае во се, ништо не би требало да и биде битно, но кога видов со свои очи колку тешко било тоа (и тоа на блиска моја, не на моја кожа) малку се подзамислив за моите уверувања досега[/quote]
    Осудување од околината??????????????Тоа е најмалиот проблем во споредба се се друго. Се додека го живееме животот според тоа што мисли некој друг - ќе остане таму каде што сме.
     
  8. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    вонбрачно дете

    сепак Дара....веќе ја озборуваат дека била трудна и како си дозволила, шо мислела и не знам уште какви не критики, а замисли освен нејзините, најблиските и јас никој ништо не знае....сепак не стојат добро со финансии, веќе се со доволно проблеми ова им дојде како гром од ведро небо :( мораше да се одлучи на таков чекор
    а девојката беше секогаш весела, зборлеста и никој не можеше да и промени добро расположение :) сега буквално поради тие оговарања се срами да излезе и на воздух (сепак за тие што зборуваат “не се точни“), доволно и беше тоа што едвај ја вратија во живите, не може да си го види бебето, уште ова и требаше!! само плус депресија....верувај ни јас не можам да ја препознаам а заедно сме 11 години! драстично ослабена, бледа, чутлеста и овој месец и кусур НИКОГАШ не сум ја видела насмеана ;(
     
  9. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    вонбрачно дете

    луѓето секако ке си зборат
    знаеш како викаат секое чудо за 3 дена
    јас воопшто не се замарам што ке казат пошто никој од нив сигурно нема да дојде и да ми помогне
    доколку сама чувам дете
    жал ми е за другарка ти искрено ;(
     
  10. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    вонбрачно дете

    колку и да с еодбегнува туѓото мислење и оговарање, живееме во такво опкружување во кое секогаш ќе биде покажана со прст :( а колку мене е допрва треба да се мажи, да основа семејство....сепак има година дена да си размисли убаво пред дефинитивно да те откаже од него :?: па се надевам ќе размисли добро дотогаш, или барем ќе си ја подобри ситуацијата да може да си го земи кај неа и да помине преку тие оговарања....искрено јас веќе не знам како да и помогнам, се обидувам со се можно ама не е таа истата која ме слуша
     
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    вонбрачно дете

    Најмал е проблемот што брчеле комшиите. Дали сте свесни што кај нас претставува самохрана мајка??? Јас сум дете на самохрана мајка, така сакал Господ и јас сум сведок што се преживеала и што се преживува мајка ми за мене. Добро е сега што пораснав и што сепак можам да и пружам некоја поткрепа и помош. Друго е кога имаш човек до тебе, кога луѓето знаат дека има "маж во куќата". Колку и да е способна кај нас самохраната мајка е потценувана, шуткана, безгласна буква. Треба огромна храброст да се одлучиш за да се одлучиш за тој потег. Во овој случај е свесно да одлучиш да го гледаш детето сама. Не само финансиски, туку тоа е огромен психички товар. Од само раѓање тоа дете е осудено на еден тон трауми и треба да врви пат кој не е нормален започнувајќи од прашањата од типот зошто јас немам татко, или зошто татко ми живее со друга жена и има друга фамилија, па се до обвинувања и фрази: зошто си ме родила ако не сте ме сакале, и познатата "ти не си ми татко" на било кој човек што ќе го внесиш во неговиот живот. Да, сите викаме дека моето дете ќе биде разбрано, ќе ме разбира. Не може дете од 10-12 години, особено кога ќе влезе во пубертет, со цела своја бунтовност да разбери дека тебе ти куцал биолошкиот часовник. Кога и подобро ќе размислам, баш себична е таа постапка. Да побрзам да си родам дете оти нема да можам да имам потоа, а што ќе биде со тоа дете па живи били па видели. На секое дете му треба и мајка и татко за нормален психички развој, не е институцијата семејство ради мода створена.
     
    На dromka, soncicko и Ani.Anika им се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    вонбрачно дете

    Многу добро знам што значи да си дете на самохрана мајка, знам јас а знае и брат ми, татко ми почина кога имав 9години а брат ми 15, јас дете што не разбира ништо а тој пубертетлија на кој му треба татко, како и на секое дете.
    Тешко е, премногу е тешко кога сите другарки татковците ги носат на приредба а јас сум дошла сама, мајка ми била на работа, колку ли солзи проголтав, само се смешкав и едвај чекав да заврши се да си одам дома. Мене ми беше многу потешко, затоа што јас бев татина маза, ме разгалуваше одовде до месечината и назад за да еден ден мајка ми мора да ми каже дека го нема, дека сме само ние тројца.
    Нормално тешко беше првите година дена додека да го прифатам фактот дека тој веќе никогаш нема да се врати.
    Мајка ми одеше на работа, се трудеше и двајцата да не школува и да ни пружи она што ни е потребно, заврши брат ми средно и почна и тој да работи и потоа се беше полесно.

    Но да се вратам на темата мене ми беше тешко и ми недостигаше татко ми зашто јас знаев каков ми бил животот со него, со мојот херој и одеднаш сето тоа се губи и останува само мајка ми. Па еве јас сум нормална личност.
    Ако детето како свој родител ја прифати само мајката, многу полесно ќе го прифати и фактот дека ете нема татко и искрен разговор со него, од најмала возраст да знае како стојат работите и да знае што го чека понатака.
    Тоа дете не е криво што татко му е некој идиот што незнае кај свршува, или што мајка му едноставно немала среќа во животот но сакала да има дете.
    Мене ми е понормално сама да го чувам тоа дете одколку да бидам во некој климав брак само за да детето има и татко и мајка. Тој климав брак на стаклени нозе многу полошо ќе се одрази врз неговиот карактер, секојдневно дома ќе владее нетрпеливост, караници и сл. а мене тоа воопшто не ми наликува на средина погодна за чување дете.

    Подобро ќе го чувам сама, нормално да сум финансиски моќна за таков сериозен подфат, одколку да живее во “семејство“ кое само го носи називот семејство.
     
    На Lolo5, dromka и zalosna им се допаѓа ова.
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    вонбрачно дете

    Нашето општество побрзо ќе го сништат оговарањата и министрите за туѓи грижи отколку сиромаштијата, инфлацијата, невработеноста, непотизмот, корупцијата и сите останати негативни фактори заедно.
    Ако некоја роди вонбрачно дете предмет е на оговарање и во неа се уперени прстите на душебрижниците наоколу, ако не роди и е надвор од брак - стара мома и пак ист ефект, ако се разведе - распуштеница и ефектот д сејм, ако е во ужасен брак (семејно насилство, коцка и низа др. проблеми) пак исто, ако остане вдовица - истото на квадрат ли, куб ли веќе не знам да ја пресметам прогресијава... Наравоучение - сите категории жени се предмет на оговарање и кон нив се вперени прстите на оние кои се доволно ограничени да видат дека можеби уште утре самите тие или нивните ќерки, сестри, пријателки, комшики и др. можат да и припаднат на било која од категориите што ги набројав. Бидејќи животот е непредвидливо променлив, а женската судбина и мака знаат да се огромно бреме. А лошата карма ги стигнува сите со ширум отворени усти, зад ограничените и подзакржлавени мозочни вијуги, бидејќи сечија семејна удобност може да биде нарушена на било кој начин и „сожалувачот„ лесно може да стане предмет на ист таков вид на сожалување.
    И не можам да речам дека не сум размислувала околу тоа ако не го најдам вистинскиот партнер до извесно доба од животот, да се оплодам вештачки на некоја клиника и да си имам детенце. За мене тоа воопшто не е себичен чин. Посебично е да умрам како сама, огорчена старица без сопствено потомство. Бидејќи моето дете ќе создаде во иднина свое семејство со тоа ќе се исполнам како личност повеќе итн.Секако дека семејството и домот и грижата од страна на двајца родители кои се изградени како личности е најпосакуваниот образец, ама реално не го достигнува секој, а од друга страна па биолошката функција за репродукција е временски ограничена. А мене лично мојата среќа ми е секогаш пред исполнувањето на желбите печени во конформистичките калапи на околината. Нека си ја набијат оваа потреба во било кој слободен отвор од телото слободно сите кои со тоа се занимаваат бидејќи пак ќе повторам жените се многу силни, бидејќи се изложени на многу слабости кои им ги наметнува полот и за жал најголеми непријатели на жените се токму други жени!
     
    На Lemon, pikolino, Mekica и 4 други им се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    вонбрачно дете

    А другаркава твоја сигурно е една од оние кои цврсто стоеле на ставот дека контрацептивните апчиња се мнооогу лоши за здравјето ееее од затупеност и неинформираност до каде се доведуваат девојчињава.
    Да не бидам офф топик јас немам ништо против вонбрачно дете во случај тоа да било желба и одлука на мајката. А во принцип сега има толку многу парови кои не се официјално во брак а живеат заедно и функционираат како двојка, нивните деца се вонбрачни па ништо не им фали.
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    вонбрачно дете

    Значи за оваа тема ќе искажам мислење, без искуство. Ако мајката се реши да го роди без поддршка од таткото, е тоа е веќе храброст! Еве, се ставам во таква ситуација. Доколку сум вработена, не би ми било проблем да го исчувам тоа дете. Не би ми ни било срам! Комшиите колку сакаат нека си зборат, всушност тоа го прават за се’. Би можела да му ја посветам целата љубов на тоа дете и уште од најмали години би му ја кажувала вистината. Многу е полесно да израсне со вистината за тоа дека е вонбрачно дете, отколку да му градат кули од лаги кои кога-тогаш ќе се срушат.
    Како и да е, целта на муабетот ми е дека би го чувала :)
    Или би била во ситуација да не можам да се омажам, би сакала да посвојам детенце :)
     
  16. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    вонбрачно дете

    не, другарка ми моја е од оние што користеше котрацептивни апчиња, но мораше да ги прекине поради други јаки лекарства, а и кога имаш подолга врска и си сигурна и имаш доверба во некого, не очекуваш ништо да ти се случи....е сега ајде тоа што неа и дојде неочекувано целава нова ситуација....идиотот уште имаше храброст да и рече не бев јас милион посто сум сигурен, којзнае со кој друг си била ти :fubar: а и оваа будалава моја толку залетана по него, не ме слушаше кога макар и на смеа и викав во машко верба да нема |(
     
  17. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    437
    Пол:
    Женски
    Да се биде самохрана мајка е голема храброст.....да се исчува дете сам е многу тешко затоа што никој не е создаден за да е сам...тешко е и за мајката и за детето....еве јас сум дете од самохрана мајка која никогаш го немам запознаено мојот билошки татко (немам ни намера ) зборот ми беше....и ден денеска еве и јас возрасна девојка ајде жена да се кажам да напоменам омажена и се восхитувам на мајка ми како успеала сама се....без разлика околина комсии и тие такви наши застарени свакања еве пораснав во горда жена која не дозволува многу работи......да се живее без еден родител е многу тешко али свака им част на жените како мајка ми.......извините ако со нешто забегав офф топик само сакав да ви ја кажам мојата приказна за оваа тема.....п.с им се восхитувам на самохраните родители.... ;)
     
    На ladymilion, sweet.woman и Hopeful им се допаѓа ова.
  18. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    и јас пораснав без татко
    ама моите се разведени мајка ми сама се мачеше за да ме израсне
    мене ме интересира што мислите за девојките што имаат деца а немаат маж
    и да споделите некое искуство или пример
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како што ги прочитав мислењата видов дека повеќето зборуваат за самохрана мајка ( разведена или вдовица ) јас ќе се задржам за темата и ќе заборувам за вонбрачно дете. Мислам дека пред се тоа зависи од многу околности на пример познавам случај дечко и девојка идеа подолго време девојката остана бремена и дечкото цело време и зборувал дека ќе се оженат ( имаа мислам девојката 18, а дечкото 20 ) Родителите на дечкото му го обработиа мозокот на синот демек мал е за женидба, па дали е сигурен дека детето е негово и такви глупости и тој ја откажа веридбата и ја остави девојката. Таа си го роди детето и си е среќна со него. Во овој случај го подржувам.
     
  20. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    мислам дека сепак треба најпрво да си финансиски а и психички спремен за дете воопшто, па не за вонбрачно :!: не е мала работа, поготово ако едвај си го преживеала пораѓајот и после месец и кусур сеуште си на тешки лекарства и секое потсетување на бебето те вознемирува, а самата помисла на иднината психички те оптеретува.... :?: