Вонземјани

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 13 јануари 2010.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    9.535
    Пол:
    Женски
    Трамп вети дека ќе каже за дроновите кога ќе го инагурираат.
    Еве ја веста што ја даде:


    Не сум ич изненадена од одговорот 8-|
    Судејќи по коментарите, јавноста не е задоволна со одговорот. :D
     
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.405
    Допаѓања:
    9.535
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам и мислам дека допрва со технолошкиот развој и развојот на вселенските истражувања ќе се најдат докази со кои ќе може да се потврдат тие хипотези.
    Животот надвор од земјата веќе нема да биде научна фантастика туку научно потврден факт.

    Не знам дали некој ја забележа веста за резултатите од анализата на астероидот Бену?
    Битен наод, ама никој не му обрнува внимание.


    Во 2020 НАСА слета на астероидот Бену додека се движеше, зема примероци од него и ги донесе на Земјата.
    Вчера видов вест, ги објавија резултатите. Примероците содржат амино киселини кои се градбени единици на живи организми односно на ДНК и РНК.
    Иако не се најдени ДНК и РНК во примероците од Бену, наодот е многу битен зошто за прв пат се најдени вакви компоненти на орг. материи и органски материи на тело од вселената кое не било во допир со Земјата. Претходно се наоѓале вакви компоненти на метеорити собрани од Земјата, но од нив не може да се изведе со сигурност заклучок дека се од вселената, заради можноста од контаминација при нивниот пад на Земјата.
     
  3. Harley Quinn

    Harley Quinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Барав некоја тема за вселена и универзуми и освен оваа не најдов друга. Не можам да си најдам човек со кој можам да разговарам на темава пошто мене ме воодушевува. Особено јас како што си го имам замислено универзумот. Ние како единствени живи сушсества во нашиот сончев систем сме само ронка од се она што постои. Сончевиот систем е дел од Млечниот Пат, а Млечниот Пат е само една галаксија од милиони и билиони што постојат. Така да дефинитвно не сме сами.
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Машки
    Не сме сами ама и не можеме да се сретнеме сега со другите светови по наша желба.
     
  5. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.571
    Пол:
    Женски
    Сериозни сте дека верувате во марсовци?!
     
  6. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Машки
    Марсовци не, "Марсовци" да.
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.571
    Пол:
    Женски
    Во такви марсовци и јас верувам ;)
     
    На n.lauda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    10.121
    Пол:
    Женски
    Ако живееме во симулација како што имам сомневања, ние не сме реални, а не пак воземјани.
     
  9. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.646
    Во која смисла симулација, ако би сакала и доколку не е проблем да објасниш? И каква сметаш дека е таа симулација? Создадена од нас луѓето или некој друг?

    Не знам дали е истиот астероид кој го споменала Космик Грл погоре, ама во моментот еден астероид се движи во насока кон земјата и доста е чуден во својата форма и конструкција и не личи на класичен астероид.

    Во поглед на дроновите очекував дека изјавата на Трамп дека ќе открие нешто подетално е само обична мамка за да го смири народот. Дури сметам дека започнуваат отворена борба против оние кои се обидуваат да откријат нешто повеќе за јавноста и обичниот народ. Еден од тие скоро беше ликвидиран, а има многу на кои им се закануваат дека ќе ги снајде истото доколку многу зборуваат и откриваат детали.
     
  10. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    18.054
    Пол:
    Машки
    Кој беше тоа?
     
  11. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.646
    Метју Ливелсберг зелена беретка, имаш една страна поназад видео . Направиле да изгледа како самоубиство.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    748
    Пол:
    Машки
    Не постојат никакви вонземјани имам пишувано на оваа тема туку тоа се демони а приказнава со вонземјаниве може добро да биде искористена како последната претстава на ѓаволот да го прелажи цело човештво да го прими неговиот жиг еве една добра емисија околу оваа тема

     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    10.121
    Пол:
    Женски
    Има повеќе верзии коj би стоел зад симулација, јас мислам дека умот е симулатор на материјалниот свет. Се е ум, останатото е илузија, слично на сонот.