Војната од 2001

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SunnyGirl2, 18 март 2014.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.267
    Допаѓања:
    15.119
    Тешете се дека лобито не било битно, аахах, а што е битно, да имаш пијаници пред кооперација во некое село?

    Кога се случува бомбардирањето на Србија, советничка на Буш е Албанка. Ееејј, советник да биде на претседател во најмоќната држава на светот, тоа ти е нешто на ниво на денешен Џеј ди Венс, ама не било битно.

    Македонија не ја поддржаа ни Србија, ни БиХ, ни Хрватска, ни Словенија, ни Црна Гора, ама никој. Се прашавте ли еднаш зошто? Нели гледате дека не не сака никој. Украина беше единствена и најгласна, погласна и тоа многу погласна од Бугарија, а Македонците на Украинците им вратија со навреди по социјални мрежи. Лично знам Украинка со македонско потекло што дојде тука да живее, и се нафрли племенски чопор од наши млади и некадарни мажи да и кажува кој бил Зеленски, што требала Украина да прави, кое било потеклото на Украинците. Веројатно добива запек кога ќе се сети од каде потекнувал дедото нејзин и се грози како што се грозиме од шугав пес на улица.