Фала ти ептен, се надевам нешто добро ќе ми каже за целава моја ситуација. Вака млада ми звучеше по гласот што ме зачуди пошо нз зашто но сите тие врачарки/гледачки ги замислувам ко баби хахах
Е како не биле икони? Нели самата кажа дека биле икони. И што мешате Бигорски, мислите ќе добиете на интензитет? А каква институција сум спомнала јас, потсети ме, цитирај ме. Секој си има мислење за темава и може да пише што сака. Додека има такви што наседнуваат на вакви вештери/вештерки ќе има такви што ќе се обидат да им ги отворат очите. И порано сум пишувала на темава, отидов и јас еднаш од љубопитност и се покајав искрено, а ни додека бев таму ништо не им поверував. Тоа што ми било мака го средив со верба во Господ и упорност, истрајност, без да посегнам по мрачни сили да ја дознаам иднината. Животот би бил бескорисен ако однапред знаеме што ќе ни се случи. Ако треба нешто да се случи, тоа ќе се случи и без гатачот. Тогаш зошто потребата да дознаеш што ќе биде утре, животот не би бил предизвик и нема потреба да се живее, да преспиеме месец два и да го чекаме моментот што ни го предвидел гатачот. Или ако ти каже нешто лошо ќе ти се случи за година дена и ти цела година ќе живееш во страв, тага и нервоза. А ако е добро, поубаво е да те изненади. Стварно не знам која е поентата на предвидување на иднината, на сметка на вашата душа? Ако човек има мака, гатач е последно место за помош. Ако отидеш на гатач со крст на тебе, ќе ти каже да го извадиш или сокриеш, нема да ти даде ни нозе да прекрстиш, никаков крст да не направиш. Таа од Катланово жив измамник, исто и Дуле од Велес и една од Огњанци, Маре од Петровец, некоја измамничка имало во Ржаничино. Ама ако, они ќе се полнат пари а вие ќе си ја празните душата. Исто мислам и за бајачите. Како можете мали бебиња да носите кај такви луѓе? Мали, невини, да ги глотите на такви места? Плачело бебето и одма урочено било, клинови не знам што било и одма оп на бајач да го плукне малце. Одвратно. Бебе плаче од грчеви во стомак, ако е ненајадено, ненаспано, настинато, не плаче дека е урочено.
Искрено, јас отидов кај гатачка една и ми изнакажа магии ни правеле, ова она. А што може гатач да ти каже. А за одење во манастир да се помолиш за тоа немам ништо против, луѓе од мака одат. А за бајачине немам коментар. Тоа од старине останало. Еве свекрва ми го носи од золва ми детено штом малку заплаче и као урочено е. И јас не верувам во тие бајачки зашто детето пак си плаче. И што викаш одма урочено е. Па тоа плаче зашто золвата по студено време го носеше по куќи (знам зашто живее блиску до нас, една улица не дели), па може настинало.
И моите едно време имаа слика од Тито дома, јас имав слика од Бек стрит бојс, Нирвана, Тоше...еве другарките мои ќе потврдат. А за што одиш тогаш, ако не одиш за тоа што го наброја? Слатко да не јадете заедно?
Ама има макета од Бигорски сеа па и ти Има една од Огњанци, она има постер од Лепа Брена во ходник а во собичето кај шо глеа има икони.
И јас имам дома икони од Света Петка, Исус, Богородица, па ако е некој заинтересиран за да му кажам нешто
Јас сум негативна што ти ја кажувам вистината, а ти што одиш по бајачи си позитивна? ОК терај си по твое, ама да не се жалиш после од нив во друга тема. Се што напишав е точно и пишував од лично животно искуство. Дури и сликата од Лепа Брена е вистина. Ама на човек можеш насила само да му земеш а не и да му дадеш. Тоа безобразна задржи си го за себе. На здравје слатко, немам ништо против кога се работи за добра храна и задоволен стомак.
Па не е безпотребно, сакам да те убедам да не одиш, ама ти си знаеш. Еве во спојлер цитирано мое мислење од истава тема Спојлер: Цитат
Се наежив од ова што го прочитав. И секако, за дете, за болести или за што и да е, не може некој гатач-измамник да ти помогне. Медицина си е медицина. Не може да немаш односи, а да одиш само кај такви и да останеш бремена. Ма и мене ми изнакажа една гатачка такви работи, магии некој ми правел т.е. некој што немал деца. Па дека ќе ја сонувам таа жена. Иди молим ти се.
Секој го заслепува човекот на различен начин:конец, сол, маица, лага... Таа не цртала крст, туку пентаграм, исто како таа во Огњанци. Значи не е точно дека не ти зема ништо, ти зема дел од душата и те навлекува повторно да отидеш. Друг пат загледај се подобро какви крстови и икони има околу нејзе, и најважно, како ти се чувствуваш на такви места. Купи си крст било која големина, ги има такви мали, од црква и отиди со него на гатање, но не дозволувај да ти го контролира умот, така што ќе мислиш на нешто друго или едноставно блокирај ги мислите и не и одговарај на ниедно прашање за тебе бидејќи така го извлекува одговорот. И зошто сакаш да знаеш предвреме дали ќе се случат некои работи? Дали се трудиш ти сама да ги оствариш? Можеби и некој совет да ти дадам ако ми пишеш лп за тоа што те мачи. Изборот е твој, поздрав.
Срце Абеја е во право , Гаволот се крие во ангелско лице . Не очекувај дека нешто ке ти се подобри од гатачите , бидејки Гаволот си има своја цена ! @Abeja го прочитав твојот пост и познавам парови кои се борат да добиат дете па по грешка ке залутаат на вакви места , но се почесто сите се освестуваат и си бараат помош во медицината, Господ да е со тебе и да ти подари дечиња ( ако немаш сеуште) , доколку имаш да ти се здрави и живи и Господ да ти ги чува
Здраво феминки, сакам да ве прашам дали некој има слушнато за човек од Кичево кој гледал ? Ако има дали ќе може некаков контакт телефон, или информации за него. Ви благодарам.
Све тоа во ред што ти веруваш во Бог и си посветена на него, но пред да пишеш нешто за да си ја одбраниш религијата земи изгуглај прво што значи пентаграм. Чисто за кратко инфо, и христијаните го користеле истиот знак Плус уште една информација, има разлика од пентаграм до пентаграм... Друго, тоа што ти или било кој друг си верува нека си верува и нека остане тоа индивидуално а не да подметнуваш твои ставови и верувања. Има луѓе што веруваат во магии нека веруваат, има и такви кои веруваат во Бог и тие нека веруваат, се додека некој не ти влезе у твоја лична територија не мислам дека е во ред да подметнуваш твои верувања и дека мора сите да ги прифатиме.
Како прво, јас не бранев религија, изгледа погрешно ги сфаќаш работите. Мое право е да напишам мои ставови и верувања, дури и да влијаам на нечие мислење, не мораш ниту да ме читаш, ниту да примениш мој совет. Оној што сака да ме прочита, го прави тоа. И дај не замарај со тие изрази како изгуглај, подметнување ставови, лични територии, смешно е. Изгуглај по правилата на форумов, пишувај твои искуства и не ми пишувај дека не треба да пишувам за своите искуства. А во меѓувреме и изгуглај како се дискутира на форуми и како се разменуваат мислења и делат совети (тоа што ти го викаш "подметнување") Исто изгуглај и за пентаграмот, за неговото значење и за теориите во зависност како е свртен, па ќе правиме муабет. И не го мешај христијанството со гатање/баење, имаш посебни теми за христијанство.
Ti blagodaram sto mi dade kontakt od gospogjite (ednata od Gjorce, drugata od Lisice) za gledanje na karti i kafe. Neznam togas koja e poentata na tvojot post. Ovde sme da si pomagame i da spodeluvame.
Точно. Христијанство е едно, а гатање и баење е друго. Не треба да се мешаат. И јас не им верувам на гатачкине зашто за се викаат дека е фрлено магија и само парите да ти ги земат и да те наполнат со негативна енергија. А и гугл не секогаш дава точни информации, па да се потпреме на него како што вика Amethyst.