Ке може некој да сподели искуство од каде сте биле и ви погодиле и помогнале? Бев 10 години во врска и дечко ми од кога се врати од кај тетка му која му дала некоја вода за 1 недела толку се скаравме и ете заврши.. Не верував во вакви работи ама осеќам дека е тука нешто направено. Имавме навистина хармонична и среќна врска.
Леле пишаа по групите на фб дека починала. Дај Боже да грешам. Елвира од Бедиње , ако се мисли на истата, на кафе што гледа.
На чоек очекуваш да му даеш нешо? Да му земеш да, а другово, нажалост.. Еве вака се промовира, обичната раја не сфаќа никако оти ги дупат овие светителиве
Јавно ти се обраќам за проблемот што го имам. Дали ќе се омажам набргу? Сакам да знам нешто повеќе за љубовта. Се чувствувам како да сум под црни магии, ништо не ми оди. Те молам, ако може одговор тука. Однапред ти благодарам.
На форумов е забрането да се рекламираш, ама на темава фрчат броеви и реклами за преваранти - бајачи. Двојни аршини.
А, пд каде пак тоа, ти се обратив за било каква помош ? Не сите се измамници. И не одам секаде каде што ќе слушнам, одам по препорака кај такви со вистинска дарба.
Некои работи се врзани со причина но оваа причина не е од темнината оваа причина доаѓа од самата внатрешност на битието кое што има огромен јазол кој што полека треба да го отплеткува и да го осветли патот
А добро, се разбираш, имаш разбирање и натприродна моќ, и, чаре? Како да го отплеткува? Помогни! Ја еве иам социјална анксиозност, целата се кочам и треперам, тешко е многу И почнувам да мислам дека магепсана сум.. Не сум спокојна во своја кожа.