Никој не побара повеќе инфо , но ние сме мало подрачје , ќе се дознаеше ако имаше некој со таква дарба.
Јас мислам дека имаат дарба да извлечат инфо од тебе и да ти кажат тоа што сакаш да слушнеш. Од таквите ѓаволи има луѓе кои имаат добиено психички проблеми. Тетка ми од одење кај Дуле, кај Нада, кај Мито некој си од Струмица итн. од 2016та до денеска се бори со шизофренија. На таквите затвор треба.
Нормално, тресат глупости сите различно, не секој може да ѓи поднесе тие работи. Т.е за мене глупости се. Ама како и да е. Луѓето на месечината се качија, ние бајачите ѓи браниме дека они се светци. Кажав што требаше да кажам, ајт.
Ама кој може тебе да ти ја предвиде судбината реално? Освен господ, никој не знае кој што и каков пат ќе оди низ животот. Да правиме муабет за господ, молим лепо, а за луѓе кои се класифицираат дека се НОСТРАДАМУС или Баба Ванѓа, луѓе кои не се ни спомнати во библија... Не би да коментирам.
Џабе ви се муебетиве, не се замарајте. Луѓево на темава до толку се опседнати, што стварно ќе помислиш ги имаат маѓепсано, овие преварантиве гарант им фрлиле магија за никад да не се откачат од нив. Мене се' уште не ми е јасно како образовани луѓе можат да си дозволат да бидат манипулирани од овие.
А кои сме ние да судиме кој каде си го бара или си го нашол чарето? Ако на некого му е "подобро" од овие работи нека тера,можда делувало као плацебо. Да разјасниме, јас лично никогаш не би одел по овие врачарки гатачки но не би се мајтапел. Све дур не се злоупотребува и не се форсира пред конвенционална медицина I am ok with that.
Не судам јас само скам да помогнам да бараат решение на вистинско место.. Не можам да кажам на кој во што да верува.. Ама верувањето во гатачи и слично особено вака слепо да се следат ја уништува психата на луѓето.. Не е здраво постојано да мислиш дека некој ти направил магија, дека те урочил, постојно да се плачиш и дамислиш дека единствен излез се гатачите иако не ти помагаат..
@John Snow токму тоа и го прават, погрешно ги упатуваат луѓето кај да го бараат чарето, наместо таму каде што треба. Ем пари се фрла и се полнат преваранти, ем манипулираат со нив, психички ги цедат и уште бетер ги уништуваат. Темава треба више да се затвори, деструктивна е.
Еве ти како експерт не просветли . Како би помогнал кој каде да се обрати за помош? Ако ти не веруваш има кои со веруваат. Никого не притискаат да верува.
Ако имаат моќи овие бајачиве, што не организираат некоја конвенција и да ја оправат државава. Речете им.
Ти благодарам. Ние како од Марс паднати првпат слушаме за решенијава. На брачниот психолог , потесна специјалност му се разводите со тужба или со спогодба ?
Абе знаете дека Ритко MDFK, овој јутуберов од Битола, исто така гледал? И тоа им гледал на бугарките... ги терал да се соблекуваат, да се полеваат со брашно млеко не знам што таму, нешто и со сирење да прават не знам што таму и така им гледал