Дај ликот нека му пише збор-два на Мицкоски, Заев, Груевски, Камчев, Мијалков, моќта нека ја користи за општествено добро. Нека им побара вработување.
Па знаев дека има можност од мајтапење на постот бидејќи стварно звучи нереалноно,но не станува збор САМО за расипан бизнис,тоа си влече и други горчини и сопки и последици во секојдневието,кога по некое време се нарушува цела животна хармонија и баланс,те прати само негативна енергија,станува напорно,се чудиш каде си погрешил за да со една нога си во пекол, уште еден човек ти се надоврзува и ти кажува дека отишол во провалија после истата ситуација со истиот човек,ќе поверуваш во све.Чим од уста му излегуваат такви реченици, којзнае што си мисли и со каква негативна енергија се расфрла,еве сега почнав да верувам дека може и со баење да се бави.
[ Нај пообожен е од сите.Не пропушта празник да не сподели икона на FB,редовно иде во Отстрог.Не знаеш кој каква маска носи.
Можеш да разговараш со свештено лице (без разлика дали си или не си верник), чисто еве да ти падне тој душевниот товар. Најискрено ти посакувам да ја прифатиш ситуацијата, онаква каква што е - многу работи се подобруваат отако ќе го прифатиш она што е дадено. Мене лично ако ме прашуваш, ќе ти кажам дека парите доаѓаат и си одат, бизниси се отвараат и пропаѓаат, секогаш има нешто добро кое оди под рака со лошото. Пушти си го товарот, па белки сето ќе тргне на подобро. Не се измачувај премногу, размислувајќи за нешто што веќе биднало.