твоето мислење го кажуваш???...а твоето мислење се состои од навреди упатени кон оние што го гледаат ова шоу...драга па тоа не е мислење....а башка темава е за шоуто и за тоа што се случуваше во него а не за луѓето кои го гледаат Znam deka gi boli vistinata ama koga se mora da se kaze --------- ова твоево го нарекуваш вистина!!!....е голема грешка си,тоа е само твое мислење, но далеку од тоа дека е вистина и кога би било вистина пак нема потреба од навреди и омаловажувања. позз
големиот брат воопшто не ми се допаѓа нема смисла само седат и се глупираат а еве на пр преживеан е ок се случува нешто
Што се не би направиле луѓево за пари и слава.Немам талент, сакам пари и сакам да ме има на телевизија-то ти је велики брат.Зошто баш тие луѓе?Замислете да се изберени само бубалици со книгата во раце; или пак некои досадни ограничени комформисти кои слепо играат како што им свири општеството или пак во краен случај само жени следбенички на патријархатот.И што ќе биде тогаш од шоуто?-Тотален промашај.Група, тим на психолози, намерно бира лица со најразлични профили на личност, со цел да има несекојдневни случувања што ќе предизвика интерес кај пошироката јавност и што видно ќе отскокнува од униформните непишани правила на денешницата.Земете го за пример Боки 13 :roll: во овој момент половината од вас имаат намуртени фаци, а половината го сметаат за интересен-важното овде е дека тој никого не остава рамнодушен. Лично јас не го следам шоуто, не сакам да гледам лигавење и стенкање пред камери, ама немам ништо против ако некој сака да се докажува на тој начин.Нивно нека си е.