Ја ставив темава во психологија бидејки зборам за било каква љубов.Што кога треба да бираме мегу љубовта и гордоста? Секој човек треба да има гордост и да не дозволи да го газат,дали треба сетоа тоа да се заборави и слепо да се верува или пак не?.Што треба да се одбере? Спојлер Ако темава е непотребна или дупла се извинувам.
Хм кога станува за љубовта која што некогаш знае да не повреди,но и да не направи среќни во зависност од тоа со кој ја споделуваме таа љубов и дали тој некој ја заслужува како што е во мојот случај тогаш јас ја бирам љубовта.Но,сепак никогаш не го изгубив своето јас во овај лавиринт на љубов и среќа секогаш сум присебна,реална,а не заслепена од љубовта. Еднаш згазив на мојата гордост поради некој кој што не заслужува и си ветив дека никогаш повеќе никој нема да ме натера да го направам истото и нема.Па сега си ја зачувава гордоста,но на прво место е љубовта во сегашната ситуација.
Секако дека треба да се има гордост!Сепак зависи од ситуација до ситуација.За сите неможам да го кажам истото.Повеќе сум за љубов отколку гордоста.Со гордоста можеш да ја загубиш вистинската љубов.И како што е кажано КАДЕ ШТО СЕ НАСЕЛУВА ГОРДОСТА ЉУБОВТА ГИ ПАКУВА КУФЕРИТЕ!!
Само заради љубовта ми се има случено да ја погазам гордоста. Сфаќам дека не сум требала, не добив ништо позитивно од тоа, само плачење и страдање. По природа сум многу горделива, а овојпат незнам што ми се случи, веројатно сум мислела дека во прашање е вистинска љубов и дека за неа вреди да го погазам и сопственото јас. Но извлеков важна поука, никогаш повеќе. Знаете како викаат, pain is temporary, pride is forever.
премногу сум горда,затоа толку страдам во љубовта,затоа вреди да се направи некогаш компромис и да се стави љубовта пред гордоста
јас сепак би избрала гордост никогаш не би ја прегазила својата гордост ради љубовта која ја става гордоста во прашање
Љубов...кон што или кон кого?Широк поим е љубовта!!! Каква гордост,ако ми се децата во прашање(мајчинска љубов,нели),не гледам ништо,ниту гордост,ниту срам-зборувам за дела кои се во граница на морални вредност. Сопругот-е тука нема стого бирање-или љубов или гордост.Мажените знаат,дека баланс му е мајката . И така.....
Да се поправам.Не помислив на тоа дека еден ден ке бидам мајка,па ако се работи за мое дете секако љубов.А и како што размислувам во моментов,исто така и за мајка ми.
Di ponos caruje tu ljubav nece pric..Љубов се подразбира,гордоста ништо добро не донела никому па ни мене..Гласам за љубов
Љубовта ми е на прво место во многу случаи љубовта ми е била пред гордоста и се немам покаено до сега
Дефинитивно љубов.Многу пати љубовта сум е ставила пред гордоста. Иако љубовта ми е секогаш пред гордоста,по некогаш тоа го сметам за голема грешка. Но,како што сум слушала некој заради таа гордоста е изгубил љубовта,е тоа навистина не би сакала да му се случи на никого,а ни најмалце на оној кој премногу љуби. Затоа љубовта прво,па после гордоста
Зависи до личноста на која и ја даваш љубовта, но сепак според мене треба да се има гордост. Еве јас конкретно сум горда , и не верувам слепо на некој без разлика дали сум заљубена или не. Кај мене не вредат зборови како на пример те сакам, јас сакам кога некој на дело ке ми покаже дека чувствува нешто за мене
За луѓе кои немаат љубов за мене, јас за пред нив имам само гордост... макар и да умирам по тој некој си... сеедно и сосем небитно. Не се борев и не се борам за таквите. Впрочем, зашто би?! Но, секој со своето.