Си имам „мака“... Знам девојчиња рамни ко даска и одеднаш ООП со цицки надвор и по некое време пак даска.. Претпоставувам се работи за градници. Може малку упатства,помош? Дали има ваков случај на форумов? Без навреда.. и јас сум даска... си барам спас во градници Ö)
Push up И јас сум даска, ама ете некој бил креативен со пуш апот. Ги има секаде, па пробај купи и ќе видиш колку повеќе самодоверба ќе имаш
Па пробај, сепак не може цел прслук да го пополниш. Важно е да не стега кај грбот и под градите. Над драгите ако има празно место.
А,Б,Ц,Д... се ознаки за корпите. Тебе ти треба А. Ширината е 70, 75, 80...почнувајќи од 70 за баеѓи послаби девојки па нагоре. Ама во секој случај најдобро да си пробаш пред да го најдеш вистинското бројче а и модел за тебе. Не за купување од око, барем не додека не стекнеш искуство. И инвестирај си барем во едно подобро прслуче, сепак има голема разлика како стојат доколку сакаш вистински да се почуствува а и види разликата.
Преголеми градници, па уште и пуш-ап, кај слабите девојки изгледа смешно. Многу се познава кога бројчето не е точно и кога останува место во корпата како за „полнење чорапи“. Затоа внимавајте многу кога бирате градник. Како помала кога сакав сама да купувам градник, секогаш грешев и купував поголеми бројчиња, мајка ми ме убиваше од зафркавање со оваа доскочица. И сите и` ги дадов, да не ме потсетуваат на моите утки секогаш додека ги собирам од перење.
Не купувам скапи градници Инаку носам 80 број, со корпа, но не полни градници за намерно да правам градите да ми изгледаат за 2-3 броја поголеми. Колку што дал Господ, толку Пред некое време многу ми сметаше тоа што немам големи гради, но почнувам да се навикнувам и да го прифаќам тоа, затоа што знам дека не сум единствена на светов
Неодамна купив ваков од ЊуЈоркер (сива верзија) и најпогоден ми е. Нема жици, само корпи, а материјалот е пријатен (скоро не се осеќа). Од Веро го земав за 800 денари.
Јас пред 3 години скоро во Белград од една продавница си купив црвен градник. На попуст го зедов и можам комотно да кажам дека е здрав и прав. Колку сум го износила колку сум го перела ниту една бојата не му спадна ниту се извадија жиците. Пу пу, да не се урочам сега. Од Скопје купувам претежно од Сара Фешн но не сум задоволна, или олабавуваат или се растегуваат.
Секако со корпи..А ако е без корпи еднаш имам пробано како да не носам градник Носам само бели и црни други бои на градници несакам за цена незнам колку најмногу има различни градници и модели така да цената на сите им е различна 85 бр.носам.
Најчесто од LISCA.Ама најомилени ми се едни од Victoria Secret кој искрено беа малку поскапи ама дефинитивно вредат.
Јас носам црни или крем. Не давам многу пари за градници. Сакам со корпа. Имам големи гради и носам 90. Може звучи ова 90 како многу големи ама ми стојат на фигурата, не изгледаат виснати.
Носам исклучиво спортски прслук и бројчето редовно си го заборавам, си го имам запишано на ливче за кога планирам да купвам следен пат. Претходно, кога носев поинакви прслуци, претежно црни и темно сини земав, сега повеќе на гри и лилаво. Само тие бои ги има каде шо купувам, а таму ми е најблиску. Додуша и бојата не ми е нешто најбитно за прслук. Буквално мака си немам, ни жици ме боцкаат, ни прерамки се отпуштаат, и можам рает на предавање да си легнам на клупа и ништо да не ми смета и баш си се слободни дамите да си шетаат лево десно како им се сака. Додуша за дома не го носам и ако долго време не излезам од дома (а знам ако не вадам палто и без прслук да си излезам), па кога ќе ставам ми смета.
Исклучиво од Лиска, бидејќи другите фирми не прават такви бројки. Цената не ми одговара, тоа од страт да Ви кажам, 1400 денари е еден Носам градник Д (затворен).............. 100-ка............има модели и 95-ка Па сега видете каква мака имам. Сум пробала и од пазар да купам, ама не прилегаат.
И јас купувам стриктно од Лиска. Скапи се, последниот градник што го купив од кај нив беше 1600, ама не мрднал со години. Премногу пари фрлив по пазарски градници на кои рокот на траење им е неколку месеци. Башка што не ми се удобни. Ако корпата ми е точна, позади при закопчување ме стега. Ако позади ми е точен, тогаш корпите ми се големи. За излегување на жиците да не почнувам... Градниците на Лиска се супер, имаш и број на корпа и број на обем, па таман ми се тие што си ги бирам. Пред некоја година си купив и костим за капење од кај нив, баш затоа што имав проблем со горниот дел при секое купување. Е сега, го платив скоро 4000, ама решив да инвестирам во добар костим што ќе го изнаносам. Поминав неколку лета со него, а здравје планирам уште да го носам За тоа дека досега не мрднал покрај толку солена вода - мислам дека нема потреба да зборам. Ластиците воопшто не се попуштени. Башка има златни линии тук таму, па дури и од нив светкавците воопшто не се паднати.
Се сложувам со @AnaKarenina , премногу пари имам "фрлено" на градници од пазар, па дури и оние од Сара Фешн, квалитетот е никаков. После месец дена се непрепознатливи. Скапи се Lisca, од 1200 (на пупуст) па нагоре, но вредат секој денар. Особено оние класични модели, без пуш- ап, фантастични се. Перење во машина, ги носам речиси 2 години, ниту боја смениле, ниту ластикот е лабав. Правилно ги држат градите, не стегаат, материјалите се фини па преку лето не се потиш. Чиста 10ка се. Е сега, поевтина варијанта се NBB, од 400 денари за класичните модели, па нагоре. Пофални зборови имам и за нив, удобни се за носење, материјалите исто се квалитетни, само изборот е помал. П.С. Кога купуваш градник, бираш и големина на корпа и обем. Кај овие пазарските бројот на корпа и обемот пропорционално се зголемуваат. Ако ти пасува добро, ако не, бираш друг...
женски дали знаете кај можам да најдам ваков некој градник низ скопје? https://40.media.tumblr.com/a6c2927e4c649e2ef21b9c7c39ee0e72/tumblr_mqb1i7mfNV1rqr3rbo1_500.jpg