1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грешки со косата

Дискусија во 'Коса' започната од LoVeR, 19 април 2011.

  1. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Ја шишам ретко и не сметам дека тоа е грешка. Ја шишам 2-3 пати годишно, по неколку цм.

    Ја чешлам додека е мокра, но ставам спреј,третман, а пред тоа и маска, така што не ми се заплеткува, баш лесно се чешла.

    Не ја сушам на најголема температура бидејќи и онака имам слаб фен.

    Никогаш не ставам лак пред да ја стилизирам. Ретко ја пеглам, а уште поретко ја виткам.

    Ја мијам на 3-4 дена, и немам проблем ниту со мрсна ниту со премногу сува коса.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Се стрижам 3 пати годишно,знам треба повеќе

    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијан на 2-3 дена

    - Сушење на најголема температура
    Некогаш ја сушам со пониска температура некогаш ја оставам сама да се суши

    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Ја чешлам мокра :(

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Не користам лак,многу многуу ретко

    - Целосно бојадисување
    Не ја бојадисувам,имам користено кна и фарба и падна фала богу повеќе не сакам
     
  3. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Ја шишам 3 пати годишно
    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијам на 2 - 3 дена
    - Сушење на најголема температура
    Ретко ја сушам со фен
    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Ја чешлам додека е мокра
    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Ретко користам лак и пегла исто
    - Целосно бојадисување
    Ја имам фарбано
     
  4. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    *Чекање од една до друга посета на фризерот
    -Не 5-6 месеџи се шишам
    *Секојдневно миење на косата
    -Косата ја мијам 2 пати неделно
    *Сушење на најголема температура
    -да за жал
    *Чешлање на сè уште мокра коса
    -единствен начин да ја расчешлам ми е на мокра
    *Комбинација од лак за коса и врела пегла
    -Не сум пробала.
    *Целосно бојадисување
    -Косата не ја бојадисувам
     
  5. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Одам на кратење на врвовите неколку пати годишно, почесто немам потреба бидејќи косата ми е многу здрава.

    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијам секој ден

    - Сушење на најголема температура
    Секогаш

    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Ја чешлам пред да почнам со сушење, уште додека се цеди :lol:

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Не користам ни лак ни пегла.

    - Целосно бојадисување
    Ја бојадисувам косата, некогаш цела некогаш коренот. Фарбата ми е многу блиска до природната боја, реално не се ни забележува некоја разлика.
     
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Ги кратам врвовите на 6 месеци

    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијам косата на 2-3 дена

    - Сушење на најголема температура
    Некогаш ја сушам со пониска температура некогаш ја оставам сама да се суши

    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Не ја чешлам косата додека е мокра

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Прво ја стилизирам косата, потоа користам лак доколку има потреба

    - Целосно бојадисување
    Не ја бојадисувам
     
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    - Чекање од една до друга посета на фризерот
    Некогаш се шишам еднаш годишно, некогаш два пати годишно. Во принцип, косата ми е здрава и ја чувам за донирање на дечиња болни од рак, при пад на коса од хемотерапија. Ги кастрам само расцветаните врвови. Овој пат, поради екстремно паѓање на косата, бев приморана да ја шишам кратка. Не ми е жал воопшто да ја шишам, но го правам тоа само со намена.

    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијам на 1-2-3 дена, со шампон за раст на коса, поради горенаведената причина. Секогаш различно.

    - Сушење на најголема температура
    Некогаш не се сушам воопшто, но кога го правам тоа ја сушам со фен кој има заштита со јони.

    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Прскам спреј за расчешлување, полесно ми е да го нанесам на мокра коса. Ни влакно не паѓа.

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Ни едно, ни друго не правам.

    - Целосно бојадисување
    Си ја сакам природната боја, додека не се појават бели влакна, не ставам хемија на коса.

    Во принцип ми е мека, здрава, негувана, без воопшто да и обрнувам внимание. Единствената грешка ми е што не се шишам почесто, ми тежи, расцветуваат врвови и паѓа. Сега уште еднаш ќе се ишишам и после година дена ќе ја растам до следната донација.
     
    На SnowWhite8, LejlaD, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    3.301
    Пол:
    Женски
    Како може да се донира?
     
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Косата се донира во Холандија, од таму они прават перики. Има на фб, page, за организација која соработува со нив, побарај ZEDM Slozuvalka. Истите ќе ти пратат инструкции колку треба да ти биде долга косата, за да можеш да донираш и ќе ти пратат упатство на која адреса и како да ја донираш. За жал, во државава немаме организации кои самите изработуваат перики, но барем сум среќна што ќе измамам насмевка на некое детенце. Има на страната и многу наши дечиња кои донираат и навистина станува се повеќе популарно, што ме радува посебно.
     
    На LejlaD, eliesaab и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  10. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.483
    Допаѓања:
    3.301
    Пол:
    Женски
    Многу е добра идејата и јас ќе донирам
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  11. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Чекање од една до друга посета на фризерот
    Јас во двор имам фризерски салон па го посетувам 2 или 3 пати годишно само:D
    - Секојдневно миење на косата
    Баш бидејки лесно ми се мрси ја мијам на 2 или 3 дена
    Сушење на најголема температура
    Никогаш не ја сушам на најголема температура... ке останам без коса
    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Кога сакам да ја исушам со фен ставам еден ко третман и капки ја расчешлувам па ја сушам и ја чешлам пак, ако не ја исчешлам додека е мокра после тоа повеќе ке ја сокинам. кога ја оставам да се исуши така не ја чешлам.

    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Оваа комбинација никако никогаш и не ми паднало на памет да пробам :sweat:
    - Целосно бојадисување
    Кога ја фарбав црвена секое 3то или4то фарбанје ја фарбав цела, сега ја фарбам ко мед боја и секогаш само коренот го фарбам8)
     
  12. Lemonade_sweet

    Lemonade_sweet Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2020
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Ај еден совет кој имал ваков проблем: ја бланширав косата прв пат пред една година за да добијам коњак боја. Потоа се фарбав неколку пати ама секое следно фарбање се помалку ми фаќаше бојата. Пред една недела отидов повторно на фризер, го бланширав коренот ама не излезе како што треба и бојата не фаќаше. Фризерката вика ај ќе ги избланшираме и врвовите па пак ќе ја фарбаме и ќе биде не се секирај - ко бидна пепел, катастрофа. Ајде потемна црвена ставивме да покрие, ама сега едно фарбата паѓа на секое миење, друго сува сено, кршлива, не можам да ја исчешлам.... Сакав да прашам дали некој имал ваков проблем и дали има некоја маска да ми препорачате или нешто.... Совет
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Не можеш да згрешиш со коса.
    Расти наново.

    Грешка би било, прстот да си го пресечиш.
    ... е тој, нема да ти порасни наново
     
    На edna_malecka, Осе, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски
    Чекање од една до друга посета на фризерот
    Додека нема цветено не се стрижам хаха
    - Секојдневно миење на косата
    Преку неколку дена ја мијам
    - Сушење на најголема температура
    Фен трпи многу
    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Никако одма ќе почне да се кине
    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Лак за специјални прилики а пегла понекогаш користам
    - Целосно бојадисување
    Многу одамна не се фарбам
     
  15. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Чекање од една до друга посета на фризерот
    -Ја кратам 2-3 пати годишно
    - Секојдневно миење на косата
    -Ја мијам на 2-3 дена
    - Сушење на најголема температура
    -Ја сушам со фен, но не со највисока температура
    - Чешлање на сè уште мокра коса
    -Ја чешлам мокра (facepalm)
    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    -Пегла користам, а лак не
    - Целосно бојадисување
    -Не ја бојадисувам целосно туку само прамени имам
     
  16. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Не правам ниедна од овие грешки, а очигледно грешам некаде бидејќи косата после миење и чешлање/сушење ми станува како був. И од горе тие, не се баш бебешки влакна, не знам какви се, секогаш ми се разлетани. Не ми се мрси скоро никогаш, ја мијам на секои 3-4 дена и дури после вториот ден спласнува и изгледа барем од малку нормално.
     
  17. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    9.580
    Пол:
    Женски
    Чекање од една до друга посета на фризерот
    Се стрижев на 3 месеци, али сега ќе биди поретко затоа што сакам да ја пораснам
    - Секојдневно миење на косата
    Ја мијам на 2 дена
    - Сушење на најголема температура
    Не ја сушам со фен
    - Чешлање на сè уште мокра коса
    Ја чешлам водена кога ми е
    - Комбинација од лак за коса и врела пегла
    Пегла користам ретко, ставам малку лак после пеглање
    - Целосно бојадисување
    Не се имам исфарбано, имам пробано само колор шампон