http://www.dm-drogeriemarkt.mk/linkable ... 3773631000 Утре (21.03.2013) се отвара нов ДМ маркет на булеварот спроти факултетите на Бит Пазар има акции на некои производи, а и -15 % на цел асортиман во петок и сабота... паааа да навалиме
Добро феминки има ли некоја од вас информации дали планираат да отворат ваков маркет во Струмица?Сакаам да отворат и тоа ептен...кога читам што сте си купувале по која цена итн мака ми станува
Да се надеваме дека ќе отворат и во другите градови. Инаку, јас по не знам кој пат ќе си кажам дека Алверде имаат најдобри препарати, моментално сум на колекцијата Aqua за лице (пилинг, гел за миење, тоник за чистење и дневен крем за лице). Погодени за овој период, и после и за летото, за нормална и мешана кожа се, дава убав и здрав сјај на кожата. После толку долго користење на фамозната маска, си го купив и шампонот од истата линија, да го пробам и да ви кажам право, ми се погоди. Може зашто не очекував многу. Маската ми ја мрси косата, ама комбинирана со шампонов, баш и не ми се мрси толку брзо. Препорачувам! Ги препорачувам и домаќинските производи од ДМ. Ама таблетите за машина за садови никако. Имаше промоција некаде пред Нова Година, продаваа пакувања со 60 парчиња таблети за машина за садови, супер беа. Пред еден месец пак купив, ама имаат само пакувања од 40 парчиња, не сум задоволна, дел од таблетите останува нерастопен, садовите не се толку чисти, па морам да ги премивам. Ќе си се вратам јас на таблетите од КАМ.
Не сум задоволна од Балеа дезодорансот за под пазуви. Малце поголема активност и дезодорансот си ја губи функцијата. own: Презадоволна од регенераторов :up:
Да ја пофалам јас маскава. Некако косата ми се презасити комплетно од омилената маска на Алверде со портокалово капаче, после 4 пакувања последователно. Решив да и` дадам шанса, со оглед на цената - 125 ден. Ја прави косата мека и лелеава, има убав мирис и дава здрав изглед и прекрасен сјај. Ставив минимално на врвовите и ефектот - преубав. Ќе видиме дали и колку дополнително ќе ја мрси косата (иако впрочем сите регенератори и маски ја замрсуваат реални да бидеме) , ама сепак... вреди за ефектот. На тие пак со екстремно сува коса и оштетени врвови би им била уште поидеална.
^Mака си мачиме ние со мрсна коса, колку и да ми се суви вровите(во зима обично) секоја маска ми ја мрси косата, џабе, решение само по малку и не толку често користење. Инаку незнам дали сте знале, јас вчера дознав дека ДМ дозволувалe да се вратат производите долку не ти одговарале. Сеа како тоа го изведуваат незнам, али ако нешто навистина сте го утнеле, имајте на ум оваа можност. Инаку дезодораносот за пазуви, овој уште ми има совршен мирис, ама сепак не е толку издржлив, нешто слично како тој на Брајт, некако брзо како да ми изветреа мирисот. Не сакам онаа 24 часовна заштита ич да не се испотам, ама па барем мирисот да се задржи поише од 3-4 саати. Некој друг, што поише се покажал, поиздржлив, предлог?
Јас редовно си користам производи од ДМ, и досега сум во главно задоволна. Е сега во однос на оној шампонот за суво миење, воопшто не ми се погоди.Можеби е до мојата коса, ама ете ми изгледа исто по прскањето, само што останува убавиот мирис. Е сеа ми треба совет, ми треба нешто за чистење на лицето против акни и митесери, ја користев оваа колекција со кал ама не ми помогна. И имам еден проблем, косата многу многу ми се плетка.Има некакво спрејче против тоа?Препорачајте ми нешто Купив еднo од DM за исправување на косата, со бустер за сјај, анти-статик комплекс и антифриз ефект.И си направив се како што пишува во упатството ставив на мокра коса, ама леле по мрсна косата после ова никад во животот не ми била.Одвратна ми беше, па ја миев пак и веќе не ставив. own:
Минатата недела бев во ДМ и потрошив добар дел од стипендијата Шта чеш, не е се` во оценките, мора малку и да се разубавиме Ги користам производиве веќе десетина дена, па да ги прокоментирам: Balea Minze & Grüner Tee Bodyspray Го купив лосионот, а затоа што многу мразам мешање мириси и обожавам спрејчиња, го зедов и спрејот. Е сега, мириса многу освежително на почеток, но откако ќе отстои час-два (прилично е долготраен), ми мириса лошо и загушливо. Не знам како ќе ги дотрошам затоа што, комбинирани заедно, имам 400 мл ментол и зелен чај, но често се заситувам од мириси, па по некое време им се враќам. Тоа дека имале разладувачки ефект - не сум почувствувала ништо, можеби затоа што се` уште е доволно свежичко Balea Professional Locken Shampoo Стандард, трошам веќе четврто пакување, а ниеден шампон не сум го купила повеќе од два пати. Добро си ја врши работата и не планирам да го сменам во скоро. Orzene Beer Conditioner - Frizz Control Досега го користев регенераторот од Балеа, како шампонот погоре, но сакав малку да сменам, па го земав овој. Никаде не можев да го најдам шампонот од Orzene за кадрава коса затоа што сакав да ги парирам, но океј. Малку помалку ми се допаѓа од Balea-та затоа што мирисот не ми се допаѓа (не ми се допаѓа мирисот на Orzene производите генерално) и косата ја прави премногу мека, со што полесно ми се растресуваат локните, но ќе пројде. Nivea Styling Mousse - Flexible Curls Ако на нешто пишува дека е за кадрава коса, шансите да го купам се многу големи Така беше со пенава, прочитав flexible curls и веднаш ја зграпчив! Во ред е, но не се разликува премногу од претходната пена што ја користев, исто од Nivea, а таа не беше наменета за кадрици. Balea Aqua Serum Серумов не за џабе е фален на толку места - навистина е предобар. Имам комбинирана кожа, но во последно време е повеќе сува, особено на образите, па серумов одлично ја хидрира и освежува (важен момент - и на масната кожа и треба хидратација). Никогаш не сум користела ништо слично, но од ова сум многу задоволна. Essence Eyeshadow - Back to Khaki Немам користено сенки на Essence досега, а гореспоменатата би ја оценила како - солидна. Бојата ми се допаѓа, некоја интересна кафено-зеленкаста металик нијанса, не е многу трајна, но со база е океј, се` на се`, вреди за парите, беше на акција за 85 денари. Essence - My Base Искрено, подлогава ја купив само затоа што беше на акција за 85 денари. Имаше два типа, оваа и illuminating, ама не сакам баш сјаен или светкав изглед, па ја земав оваа. Првото нешто што ме изненади кога ја отворив беше бојата, има некоја светло портокалова/праска боја, но откако ќе се нанесе на лицето бојата се размачкува и изедначува, сепак не може да се користи самостојно. Дава малку пожолтеникав изглед на лицето, но тоа мене не ми пречи затоа што имам жолт подтон, а и со пудра одозгора изгледа океј. Прашањето е, си ја врши ли базата работата? Во однос на изедначување на тенот, да, тенот ми изгледаше поизедначен, а во однос на подолго траење на шминката, па и не баш, без камена пудра ништо не правиме. Sweet Candy Raffaello Eau De Toilette За сите љубители на Malizia Bon Bons, топло им ги препорачувам мирисиве! Јас си купив со мирис на Рафаело, а има и со мирис на цреша, јаготка, чоколадо. Мирисаат многу слатко, долготрајни се, и прилично се евтини - околу 350 денари за 100 мл. Balea Young Sweet Wonderland Lippenpfelge Ја гледав колекцијава на Balea уште пред да пристигне тука на интернет, и кога видов дека ја донеле, морав да си купам нешто. Затоа што имам доволно залихи на лосиони и гелови за туширање, се одлучив за лабело! Мириса (и има вкус!) на слатко чоколадо, а пакувањето и името ме освоија. За разлика од претходното лабело од Balea што го имав и од кое не бев задоволна - беше премногу мрсно, ова е подобро и подолго се задржува на усните. Вреди за парите (~80 денари). Dove Deo Spray Fresh Touch Ја раскинав долгогодишната врска со Nivea и по препорака на една другарка, посегнав по Dove дезодоранс. И воопшто не зажалив! Трае најдолго од сите дезодоранси кои досега сум ги имала и мириса свежо и по неколку часови. Плус, беше на попуст за 199 Тоа беа работичките што последни ги купив и се надевам помогнав некому Зависна сум од ДМ во последно време, влегувам секој ден и само барам нешто - а не знам што, кога веќе доволно имам од се` Па сега и нов отворија, спроти факултетите...not good, not good
Имаш во ГТЦ, кога идеш накај излезот на плоштад, му доаѓа до Орка. Имаш и во зградата каде што се продавниците на Просветно дело кај Беко. (тие 2 јас ги знам) Имаш производи за нега на тело, коса, лице, нешто шминки.
Eве и јас да го испофалам чудово. Многу сум скептик кога треба некои хемикалии да се ставаат на лице. Оти немам никакви проблеми, а еднаш ми се појави алергиска реакција од еден гел...што ме преплаши дека засекогаш ке си останам таква Но, еве по многу препораки. Го купив овој гел. Позадоволна неможам да бидам! И тие неколку ситни брунчиња што ми беа од ПМС, исчезнаа уште со првото миење. Кожава помека никогаш не ми била. Ми одговара, за сува и комбинирана кожа е. Топло го препорачувам.
Јас со спротивна приказна. Добар ми беше на почетокот, не е ,,нападен,,, убаво чисти маскара од очи без да пече, ама... Откога го користам, почнаа да ми испаѓаат огромни, гнојни акни. Дали не е доволно силен за моето лице, па не го чисти како што треба, не знам. Една ми мине, две ми испаѓаат. Денеска и мајка ми ме примети, почнаа и темни одоколу да стануваат. Не е нешто трагично, се покриваат со шминка, ама ми смета, посебно затоа што јас сум имала отсекогаш чисто лице. Или е од ова, или е од мојата фамозна ББ крема. Цимерката ми кажа и други се жалеле на ваква реакција од Гарниерот, ама ќе видиме. Па еден месец речиси ја користев пред Алвердето и немав несакани ефекти. Ама се' си бива. Купив сапун на Дав и ставам само од пудрата на Севентин, па гледам големо подобрување. Искрено, ми иде да ги џитосам и двата производа, ама има да откријам од кое е, па што сака нека биде. Малку офтопик, ама да кажам.
SnowWhite91 сега има и на битпазар, дента кога беше отварањето имаше доста производи на 50 % попуст, јас си земав маскара на макс фатор за 200 и нешто денари. Туку базва ја имам гледано во есенс ама ете не видов цена уште ли е на попуст 85 денари? Пушта некаква боја, се бира по нијанса како за пудри или стандард една е? Не ме гледајте чудно прв пат ке користам база
Doozy и мене почнаа да ми излегуваат такви акни (веројатно од Гарниерот,тој за сува кожа го користам) зошто гелов го користев уште пред да почнам со ББ и мн ми се исчисти лицето