Веројатно завршила уште пред да започне Во ДМ во трговски имаше само лакови, и тоа се некој `чудни` бои.
завчера почна во еликсир, па случајно се качив и во дм и таму беше истиот попуст, не знам кога стигнале ццц.... иначе и јас се зачудив, немаше ни коректор ни туш ни нијансата на кармин што ја барав, а истиот ден бев
Завчера бев во ДМ во Капитол и си го купив следново: путер за тело од какао-поубаво нешто не сум порбала до сега, најпрво затоа што имам сува кожа а тоа е мрсно и супер се впива во кожата а како второ прекрасно мириса, мислев дека е моментално ама се изненадив дека и утредента мирисав на чоколадо Дезодорансов не ми прави некако кејф, ми мириса многу јако и не е по мој вкус Маска за коса-Земав помало пакување за проба, уште ја немам испробано за да дадам некако коментар
Значи услугата им е 0 Сам да си бараш, прашање е и дали ќе го најдеш нештото кое го бараш, Сам барај си нијанси на пудри, Сам мачи се да ги најдеш производите кои се на акција Тотална катастофа сте ДМ Стварно!
Ај услугата што им е 0, па и производите се пола користени. Треба сите да ги пребараш за да видиш што не е отворено
Balea In shower body milk со шеа путер и макадамија масло. Балеа млекото за туширањее е многу економична варијанта (400ml за 189 ден.) наспроти истиот продукт на Нивеа со речиси дупло поскапа цена, а ако не се лажам и со помала милитража, но во случајов Нивеата е со причина поскапа. Се одлучив да ја купам Балеата поради економичноста, веќе пишав дека ја имам пробано Нивеата за сува кожа па да споделам впечотоци за Балеа. Убаво пакуње, лесно се истиснува кремот од опаковката, млекото е навистина доста густо наспроти Нивеата кое е нит густо нит течно, но без проблем со леснотија се размачкува. Баш поради тоа што е густо се подисплашив да не ми ја направи мрсна кожата. Без проблем лесно се измива. Мириса убаво, слично на Нивеа, ама сепак Нивеа си е Нивеа и никој друг неможе да и го копира потполно мирисот. Трајноста на мирисот е катастрофална дур да се облечеш, а на мојата кожа воопшто не мириса така чисто и женствено ко Нивеата (мање битно), туку мириса само на чисто и тоа слабо се осеќа. И најбитното од се е што за жал не си ја врши воопшто функцијата. Кожата воопшто не ми ја прави мека ниту ја навлажнува, нит негува и сл. На крај мора пак да се мачкам со лусион, млеко...што со Нивеата немаше потреба. Не би го купила пак, на мене не функционира, ако некоја од вас го има нека сподели мислиње. Ќе ја купам во иднина Нивеата и се надевам дека ќе биде исто толку квалитетна како на тестерите, дека нема да биде разочарување пошто неколлку пати се имам разочарано на тестер да е едно, а да продаваат сосема друго.
Остај тоа скоро на ништо да нема тестер и тоа разграбале , на некои од поскапите кармини како да се наканам да купам кога не можам ни да ја видам нијансата каква е ...
Тоа е веќе до културата на луѓето. Најбедно ми е тоа отварање на сешто и душкање, без намера да се купи, па дури имам и гледано како си се шминкаат ама онака, од пудра до кармин, ни срам, ни перде. Друго, сам да бираш... Ок, да речеме дека си од оние кои сакаат помош при купување, ама ДМ е исто како и супермаркет само за козметика. Сигурно не ја викаш продавачката кога бираш паштета... Мислам... Сериозно смешно ми е кога вака се коментира. ДМ нема ексклузивна козметика, ниту парфеми, тој е концептот на работење на маркетот и тоа е, не знам што очекувате?! Одиш на скок,кога знаеш што ти треба, толку. За повеќе во космо и еликсир. Тоа ми е како кога наши одат на одмор, на најевтина варијанта и сместување и е сосема солидно сместување и почнуваат да се бунат зошто секој ден не им се менува постелнина...зошто дома нели така секој ден ја менуваат. Чизс...
Јас ја купив другата крема портокаловата односно балзам пишува а е како крема густ и се сложувам со тебе потполно. Мирисот дур се истушираш веќе го нема а кожата барем мојата е навлажнета но тоа го постигнувам и со добар гел за туширање. Со овој балзам се чувствувам како неизбањато, не мириса а некако е лигав воопшто не ги буди сетилата кои еден обичен сапун би ги разбудил. Јас никако не би ја купила повторно.
Во ДМ во Веро центарот има ли уште од чоколадното лабелце? Или во ГТЦ ? Или нешто друго од истата колеција,гел,крема за тело,за раце...?
Со сигурност можам да ти кажам дека го нема ни во Трговски, ни во Сити Мол Одамна нема ништо од чоколадната колекција, додека од останатата Балеа Јанг линија го гледам само гелот за туширање на чија слика има цреши и црна мачка.
Го купив пред извесно време гелов и само пофални зборови имам. Лесно и нежно го чисти лицето од нечистотии и убаво ми ја неутрализира т-зоната, а после миењето не осеќам дека ми е исушена кожата. Воопшто не е агресивно, не ме печат очите и не ми создава никакви црвенила или поткожни иритации и акни. Понекогаш го користам и за вадење пминка, супер ја врши и таа работа, само за водоотпорната маскара треба малку поубаво да се тријат трепките за да излезе. Количината што е потребна за да се измие цело лице и врат е смешна, буквално колку зрно грашок, ако ставите повеќе едвај ќе се доплакнете затоа што одма прави пена. Ќе му помине рокот додека ја потошам цела туба Некогаш го користам и како пилинг со тоа што му додавам малку сода бикарбона, мешам и тријам. Одлично се вклопуваат како смеса. Супер сум задоволна и од производот и од цената, која е некаде околу 130 денари и го препорачувам на сите со нормална и комбинирана кожа. За мрсна исто мислам дека би било фино, но не знам колку долго ќе го држи лицето матирано.
Да споделам искуство за кремов за миење на лице https://encrypted-tbn3.gstatic.com/imag ... o-wbd_sNAV До сега го користев гелот, убав е и многу пени, но ужасно ми го сушеше лицето и морав да користам помрсна крема, која пак ми создаваше дополнителни проблеми... Пред некое време ја купив биотен кремата за сува и чувствителна кожа, кога кога ја нанесував по миење со гелов имав чуство дека ништо немам ставено на лицето па ја исфрлив од употреба. Се изненадив од кремава за чистење лице, најискрено. Така нежно, но ефикасно го чисти лицето, ми беше само чудно на почетокот пошто не пени, ама се навикнав. По миење лицето е хидратирано и доволно е лесна хидратантна крема да се нанесе и резултатите се одлични. Периодов кожата ја чистам прво со средството за отстранување на шминка од балеа, па го кремов, на крај крем Биотен и лицево и покрај тоа што сум пред добивање ми е кристал чисто. Го препорачувам за оние кои имаат нежна и чувствителна кожа, имам забележано дека таквата кожа бара нежен третман, агресивните производи само дополнително ја воспалуваат. Се на се, презадоволна сум!