Девојчиња не сум сигурна ама мислам дека имам забележано во Дм производи на Vaseline. е сеа прашањето ми е дали ги има овие кај нас? Не мора ДМ, било каде.
^ Ги немам видено во ДМ, нека ме поправи некој ако грешам. Јас ги имам лосионите за тело, вториот и третиот, ама ги земав од локален маркет пред некој месец. Цената мислам дека беше нешто помалку од 250ден. Ако ги начекаш некаде не се двоуми, феноменални се.
Дали некој ги има пробано тие летните пилинзи за тело од Балеа, овошните...има со мандарина, јагода, јаболко...итн...ме интересира каков им е квалитетот.
Здраво Феминки, јас сум нова на форумов до сега шарав низ темиве и ја најдов оваа за ДМ Маркет, таман ми се погоди планирам да одам во понеделник во Капитол трговскиот во Аеродром па мислев да ми дадете совет или предлог со што да се подновам а да не е прескапо. Највеќе имам потреба од лосиони или креми за тело, и некоја добра маска за коса пошто во последно време ми е многу разлетана и потешка ми е за средување. Исто така било што што ќе ви текне, а е добро и препорачливо секоја девојка да го има, слободно предлагајте!
^^Што се однесува до лосионите и кремите за тело, што и да одбереш од Балеа, нема да згрешиш а од маските за коса, би ти ги препорачала маските на Глис Исто така, би го пофалила и путерот за стопала од Балеа со нане и портокал
Јас имам прашање http://www.dm.de/linkableblob/de_homepa ... 0714429000 Дали овој шампон од Балеа го има кај нас? Го најдов на официјалната страна на ДМ, ми фати око зошто, би требало да е убав шампон Во составот има арганово масло, значи добар е за оштетена коса Ако некој го видел или користел, да сподели искуство каков е и каде го има Фала однапред
Баш денес бев во ДМ и пребарував во делот кај шампоните, не го видов оваков што бараш, од оваа колекција имаше само едно мало шишенце, мислам силиконските капки беа или нешто слично, ама шампонот или балсамот не. Спојлер Можеби да има во некој друг Дм, ама искрено не верувам, ДМ во Тетово е баш снабдевен со сите продукти што инаку ги има во МК.
Бев и јас денес, дефинитивно го нема Сепак го земав Balea after sun 2 in 1, ииии.....планирав да го користам на одмор, ама не можев да издржам и го купив Има прекрасен мирис на кокос, а не се сомневам дека и ефектот ќе биде добар Сепак фала на одговорот
На српски форум читав за марамици кои се стваат при перење во машина со цел да не дојде до префарбување на алиштата едни од други.Марката им е denkт mit мислам.Ги има ли некој видено во дм и по која цена отприлика?
Дали некој има користено од геловите за бричење на Балеа? Се мислам да пробам некој од нив, мислам имаше некој со кокос, на крај краева не е ни битно на што мириса доколку си ја врши работата. Со пена некако не ми иде, со сапун ми е океј, ама си викам со гел би требало да е боље.
Има ли во ДМ некој си спреј за осветлување на косата? Ми кажа фризерката дека имало некој,а јас никогаш не сум забележала такво нешто
Го има, или го имало.. Јас го барав деновиве нигде не го најдов Или сум ептен слепа или го нема. Иначе на балеа е, еве овој :
Јас последно кога бев го имаше, сега не знам. За ДМ во Веро зборувам. Ако не можеш сама да се снајдеш прашај некој од вработените ќе ти каже. Само сосем малку е сменета амбалажата.
Девојки, денеска многу се разочарав во Дм - сакав да купам машки парфем (поклон за роденден) и отидов во Дм во Трговски, се изнашприцав со тестерите, ми се допадна многу Ајс Дајв од Адидас и ај да го купам кога гледам дека имаат само афтершејв и дезодоранс од таа колекција, во ред не е страшно, отидов во Дм кое е кај Малага, го најдов парфемот и ајде да го носам на каса кога му гледам дата на производство - Јануари 2012 А рок на употреба 3 години! Секако дека го оставив, пропешачив до Рамстор и од таму го купив, ем со многу понов датум на производство, ем за некој 50 ден поевтин
Абе нормално е, има уште 6 месеци до истекот на рокот. Нема да ги фрлат уште непоминати. А, и да си го купела ваљда личноста ќе го истроши до Јануари 2015.