Дали би предложиле секс први во врската, ама да не сте имале до тогаш, а на партнерот не му текнува? Инаку ме интересира вашето мислење, не е за да барам совет п.с Ако има друга ваква тема, бришете ја, зашто барав и не најдов.
Зашто да не! Ако не се страмуваш од него и сакаш да имаш однос прашај го ти! Не така директно но ете речи му на пример дека си слушала дека е многу убаво кога се имало однос. Па можеби ке ми текне.
Ако не му текнува, мора да е нешто закочен или со посебни потреби (за посебни третмани) А кога се работи за некој специфичен „тип“ или сегмент од сексот, јас да, сум предложила и сум за предложување на нешто ново.
на мојот сегашен дечко јас му предложив на врска од месец ипол, на него како машко не дека не му текнувало, но несакал да ме избрзува и чекал на мене кога јас ке посакам и мислам дека нема ништо во тоа кој прв ке предложи секс а и како што кажа AhThatFemaleProblems сум предложила и сум за предложување на нешто ново.
Јас би, ама он не е спремен. Не бе, шала на страна, би предложила, т.е би иницирала секс, ама спонтано... Без многу договарања. На овие години не би, ама на 17 да. Со овој дечко, а доколку имам друг, нема шанси.
Во сегашната врска јас прва предложив, и тоа многу директно. Му реков на скајп ти го имам меракот, и вечерта после излегување бидна. А тој беше толку срцкаст што додека не отворив јас тема не се осмели да си праша. срце бе.
Не е дека не му текнува, туку од почит кон тебе, затоа што мисли дека вредиш, решил да си чека и да не те избрзува.
секако на мојов јас прва му предложив,му вртев муабети и секако свати не е никој до толку глуп да не свати коа на некој му се сака и да се врати времето знам дека прв не би ми предложил,од едноставан причина да не го сватам тоа можеби погрешно, јасно ми беше кажано ќе имаме односи коа ти сакаш и каде ти сакаш да не ми кажуваш дека те напнувам или да не ти се вртат луди идеи дека само ради тоа сум со тебе и сметам дека е сосема нормално, има девојки на кои ова му е несватливо но за девојка каква што сум јас по караткер и сваќање сосема ми е во ред и нормално
Со сегашниот деЧко јас прва инсистирав на секс ама не се слуЧи зашто немавме кондом После првиот секс ни беше за Валентин колку беше прекрасно
Секако дека ДА можеби тој чека на тебе не сака да те повреди да не избврза, па што знаеш што може да му се заврти во таа машка глава
баш добро ми дојде темава, да си прашам и јас кога разговарав со дечкото исто како што прочитав погоре ми рече дека не сака да ме брза, ќе ме чека колку што ми епотребно, дека ќе биде каде јас што сакам и како што сакам, па се договоривме кога ќе мислам дека е време да му кажам, но мене така ми е малце срам да не ми сфати некако поинаку па затоа не знам што да правам, не знам како да му дадам дознаење. инаку досега не сум имала односи, ниту пак тој
Аи се пронајдов себеси си И кај мене беше така некако па една вечер пред 2год гледавме филм и во филмот имаше малку порно И дечко ми вели лелее убавини Јас го погледнав и му велам еее навистинаа и му реков и ние ке бидеме така некогаш и тој рече а зошто не сега...и така бидна
Секако, ако ми се сака зошто да не. Во сегашнава врска не му кажав директно, но мислам дека според говорот на телото ме разбра што сакам.
Малку е безвезе да предложиш секс. Како и да го кажеш со зборови ќе звучи ефтино. Само говорот на телото е вистинскиот говор за повикување, не предлагање, на секс.