1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали да се продолжи постоечкото породилно отсуство поради пандемијата?

Дискусија во 'Бебе' започната од Осе, 28 март 2021.

  1. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Периодов сме сведоци на
    поголем број заболени..и смртни случаи за жал...
    Лошо е што порано најмалите поминуваа најлесно но во последно и не било така ....
    Пред неколку месеци , мајките што требаше да се вратат на работа се организираа и успеаа да "извлечат" неколку месеци продолжено породилно за да можат да си ги заштитат своите бебиња.
    Породилното ионака е многу кратко ,на бебе од 7-9 сеуште и главна храна му е мајчино/АД млеко, но во услови на пандемија каде е во опасност да се зарази уште толку треба да ги заштитиме колку може.
    Дали мислите дека треба повторно да се активираме ?
    Доколку да ,давајте предлози.
    Тогаш и јас иако само што ми почна породилно бев активна ,се споделуваа однапред пишани статуси на сите објави од мз. Венко Филипче , МЗ ,МТСП... Мејлови до истите. Се приклучија новинари кои проследија на вести и на социјални мрежи.Па имаше и протест...
    Да, тогаш не работеа и градинките а сега работат но мора да се земе предвид дека е редуциран бројот на деца/бебиња.
    Да,тогаш немаше воопшто вакцини ,сега "имало" но ние сме многу далеку од масовна вакцинација секако...
    Некои од нас работат со многу луѓе,со странки ,по маркети,во фабрики ,што значи веројатноста е се поголема со секој контакт...

    Верувам дека има и други мајки како мене кои се плашат да почнат на работа,па да видиме дали сме во доволен број да издејствуваме нешто.
     
    Последна измена: 28 март 2021
    На mmacichka, Leksikon, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.635
    Допаѓања:
    4.618
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Јас сум за.
     
    На Leksikon, ivance.. и naturallmess им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На AngIv му/ѝ се допаѓа ова.
  4. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    И јас сум за
     
    На ivance.. и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  5. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Јас сум ЗА породилното ми завршува во Јули а детево во која градинка да го пратам кога сегде викаат редуциран е бројот и не примаат? Поднеспв документи за од октомври да почне да оди а дп тогаш да се снаоѓаме??? Ако немаат капацитети тогаш треба да се продолжи бар дури не направат по 1г децава па да тргаат во градинка со колку толку позајакнат имунитет.
     
    На Inana123, ivance.., naturallmess и 3 други им се допаѓа ова.
  6. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Големо Да! Формално работат градинките, но реално нема места. Јаслите кај нас се по 6 деца, групите се формирани веќе.

    Неможам да си дозволам неплатено, кредитот не ми дава.
     
    На GolemaMala, Inana123, Leksikon и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    2.692
    Пол:
    Женски
    ДА. Една од главните проблеми со кои се соочувам е немање место во градинка. Пишував за ова.

    Добро е и за ова да ги напнеме - Конечно донесување на Предлог-закон за измени на Законот за работните односи и продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
     
    На Milkiway, ivance.., naturallmess и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Јас пишував до МТСП, ако имате контакти кажете ги, до МЗ а најдобро и до комисијата што е сега за заразни болести ли е, оваа со Караџовски, мислам тие сега го имаат главниот збор, тие треба да предложат на влада, кога вртевме на бројот во МТСП да прашаме дали ќе зголемат бројот на децата во групите рекоа дека чекаат одобрение од комисијата, сега расте бројот на заразени и во градинките, бројот не верувам ќе го зголемат, значи ќе треба да ни дадат уште некој месец дома.
     
    На Milkiway и naturallmess им се допаѓа ова.
  9. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Се тоа во ред, ама што правиме со тие мајки на кои што породилното и заврши лани Јануари, Февруари, Март, кога уште немаше никаква одлука за продолжување на породилното. Значи тие мајки мораа да се снаогаат на било кој начин некој деца да и гледа, или да останат без работа. Тие немаа право да земат од државата две години цела плата седејки дома. Тие мајки не се мајки, тие деца не се деца?
    Значи за некој мајки породилното е 9 месеци, за некој беше 18 па сега Ви е малку па ајде да бараме уште. Каква е оваа себичност? Каква е оваа дискриминација м? А што да кажат тие во приватниот сектор, што душа им извадија, ни одмор ни ништо, како тие се снаогаа со чување на децата?
    Ако не сакаш на работа, повели отказно решение, ослободи место, има на некој што му се работи а не цело време седи дома земај плата.
    Кога се рагаат, децата си добиваат што ги следува и детето и мајката, треба ли државата да мисле кој ке ги чува, има негувателки, жени што чуваат деца, баби,градинки. Па секоја година имало вируси, се претера со оваа Корона.
    Па еден ден мора да се почне со работа, не може цело време на товар на државата. Што ако пандемијата трае уште 2 - 3 години, цело време ке барате продолжување,цело време ке се злоупотребува?

    Моето дете од Х (не поради коронава) причини не оде на градинка, па јас сум принудена да седам дома и да ја чувам. Не одеме по кафичи, ресторани,гужви, се пазевме максимално колку што можевме.
    Корона фативме од сопругот кој што се заразил на работа.

    Моја братучетка(а верувам и многу други) вработена во приватна фирма мораше да тргне на работа, без да го користи продолженото породилно бидејки и се закнуваше отказ, па си најде негователка која што и го чува детето тие 8-9 саати дома,и нормално си ја плака за тоа. Еве ви предлог.

    Крајна себичност и дрскост спрема сите невработени, сите отпуштени од работа, сите кои вистински јадат леб и сол, сите кои имаат заостанати неплатени сметки, сите кои имаат заостанати рати за кредити. ДРЖАВАТА Е ЗА СИТЕ... сите сме еднакви, сите сме исти... не претерувајте и не им грешете на другите кои немаат ни интернет дома да пишуваат и коментираат.
     
    На black-angel, deskarada, pravnicka_2604 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.236
    И јас сум ЗА. Во градинка викаат нема место, треба да се чека а работата никого не чека.
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.667
    Пол:
    Женски
    Ние сме сите ЗА! Ама овие што треба, не се. :x
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    За што пишуваше и кога !?
    Не те сфатив добро дали за сега да се продолжи ,само за претходно или за место во градинка ?

    Не познавам никого ,затоа и сакав дискусија ,и да видиме секој да проба да искористи некој контакт.
     
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    На страната на МТСП има контакти, пишував баш испровоцирана од нивната министерка беше скоро на Сител ТВ, кажа дека има места по градинките и моментално само 3 деца чекале место, пишав дека ситуацијата е многу поинаква, не добив одговор, на овој телефон ни се јавија, прашувавме дали се планира да се зголеми бројот на деца во групите, кажаа чекаат одобрение од Комисијата. received_879758992861162.jpeg
    Кај Е. Димитровска.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    2.236
    Веројатно си продолжиле на работа, и после кога воведоа мерки за деца до 10год останале дома со децата.
    Мислам дека не се спомнува во првото мислење 18м. Туку едноставно да изнајдат решение. Ем да не се продолжува, ем неможеш да го запишеш детето во градинка.
    Немаат сите луѓе финансии да си дозволат приватна градинка, или пак негувателка дома.

    А тоа со приватните фирми и жените што неможеле да искористат продолжено породилно, тоа не е никој од нас виновен. Жално е тоа, али државата е тас што треба да застане на страната на жените во случајот.
     
    На Inana123, Leksikon, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ,сепак јас сама(или ние 10 души) не можаме многу, тогаш се активираа доста жени... Гледам сега се ќути некако. :(
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Па проблемот полека се решава, барем кај нас фирмите полека се гаснат, жените остануваат без работа, како тргнало ќе си ги чуваме децата сами.
    И на овие во градинките им одговара да работат со помалку деца, во големите групи се 15 маx, имаат запишано но не ги носат сите цело време има и такви кои држат места, сестра ми се утепа звонејќи кај директорот тврди дека сите одат во групата, а мајките на запишаните деца кажуваат дека дневно нема по еќе од 10 деца. Значи не е фер во оваа ситуација да се дозволи некој само да држи место кога реално на некој друг вистинските му треба.
     
    Последна измена: 28 март 2021
    На cresa-jagoda, thelittle17 и Осе им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    ова твоето е класично да му умре козата на комшијата.
    Зошто ти, кога не ја и слично..
     
    На Inana123, mmacichka, lavica82 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Јас би ви дала поддршка и покрај тоа што ми заврши породилното пред 2 месеци и не ми менува ништо. Не ми е проблем да ми кажете каде и какви мејлови да пратам. Само мислам дека нема да има позитивен исход искрено. Се враќа животот во нормала, фирмите си работат, вработените се вратија во канцеларии, вакцините стигнаа. Не знам како е ситуацијата со градинките, се немам распрашано сеуште ама тој проблем со чекање за упис е одамна, уште пред короната.
     
    На Chuchanov, thelittle17, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  20. AngIv

    AngIv Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    9.040
    Финансии ке имаш кога ке одеш на работа и ке одделуваш дел од платата за негователка. Ама па кој сака пола плата да си ја дава за негователка, наместо тоа ке правеме иницијативи за продолжување на постоечко породилно до недоглед, ем дома седење ем цела плата. Кога има шанса зошто да не се искористи(во вашиот случај злоупотреби). Ајде сега нека ви го продолжат, после девет месеци пак кукање, пак корона, пак нема деца кој да ни гледа, пак иницијативи. Оваа се вика кога на човек ке му дадеш еден прст а тој сака цела рака да ти земе.
     
    На deskarada и lovestoneddd им се допаѓа ова.