1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали пазарувате во Еко и Елит?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од angel92, 20 октомври 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.259
    Насловот си кажува само за себе. Дали купувате од овие два центри? Како им се движат цените? Дали имаат попуст? Што последно си купивте од таму? Споделете :)
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Да зошто да не. Мене ми е криво само што во Еко работат 50% од тезгите, а во Елит не може да се разминеш. Од дете си го памтам Еко кога бев меѓувозраст ни дете ни тинејџерка а доста висока па детската облека во продавници мала ми беше па во Еко секогаш наоѓав нешто интересно што притоа не е за повозрасни девојки :lol: . Елит е поново и понова историја со него кроиме.
    Е последното купување не е за фалење, земав фустанче што се офарба и беше ужасно, но за среќа продавачката беше премногу фина и ми го замени. Најчесто блузи, џемперчиња, каиши, капчиња, тунини, се што ќе ми се допадне.
    Попусти ретко имаат ако помине сезоната апла. Ете крај август купачи за 300 имаше.
    Си набавуваат облека од солунските кинески пазари или од турска што е поквалитетна.
    Е сега некад знаат да забегаат со цените и да се исти ко од продавници, но има тезги кои секогаш се пристапни за луѓето.
    Бев минатата недела ете и утре планирав да ги посетам :)
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Да. Имам купено фустанче за полуматура, фармерки и тенок каиш од Елит :)
    И деновиве планирам да идам пак
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Си купувам :nod: :nod:
    Последен пат бев сега во средата :D донесле нови фини работи, имаше неколку што ми се допаднаа, ама не бев отидена да купувам туку да правам друштво и модни совети и критики да давам :rofl:
    Секое одење на шопинг во ГТЦ поминувам од еко и елит, некогаш се нервирам колку шарени и кич работи има, ама некогаш (како оваа сезона) има ептен фини парчиња. Треба убаво и детално да пребараш по тезгите и ќе си најдеш нешто интересно :D
    Единствено ме нервира тоа што цело Скопје ќе ги носи истите работи, ама нема гајле, ќе ги искомбинираш малце поразлично и терај :)
    Цените се засега добри, еве кошула купи другарката за 600 денари. а во другите продавници низ центар испод 1000 нема да ја најде. Еднаш сестра ми купи фустан од Боди Лајн за 1600 и се качуваме горе во Елит го гледаме истото фустанче (ама буквално истото) за 600 денари :tmi:
    Како и да е вреди да се помине и ѕирне, а за попусти па и нема баш освен на крај на сезона по 200-300 денари намалени парчиња :D
     
  5. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Да, посебно во Елит.Кога и да отидам наоѓам убави маички, џемперчиња и тоа по убава цена. Кога ми треба облека таму обавезно одам :) :)
     
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    1.577
    Купувам секогаш кога одам во шопинг. Во една од двете секогаш наоѓам тоа што ми е потребно. Не е скапо, има избор, ми се допаѓа :)
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Дали денес работи ЕКО или ЕЛИТ во ГТЦ??? Сакам да купам нешто итно ми е, па да знам дали воопшто да идам...
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Сакам да кажам...

    ^^ Мислам дека не.
     
  9. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    90
    Од таму најчесто си купувам фармерчиња,но и блузи доста често.Уствари кога ќе подразмислам 50% од гардеробата ми е од таму... :)
     
  10. Dragannah

    Dragannah Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога нешто барам, секогаш наоѓам таму :)
    Пред 2-3 недели си купив од таму фармерки и дуксер, и другарка ми била во шутка и истите ги нашла на пола цена... -.-
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Си купувам и од Еко и од Елит. Мене не ми е битно од каде нешто ќе купам, туку како тоа ќе ми стои и како јас ќе се чувствувам во него (битно е да се чувствувам комотно).
     
  12. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Во Еко оддамна ништо не сум ни влегла, во Елит наоѓам убави работи и со пристојни цени, пред некое време си купив едно убаво црно фустанче со чипка, но од една тезга незнам како баш таа ја погодив си купив фармерки кои ми ги фарбаат нозете, кога ке ги соблечам фармерките нозете ми се цели плави, пуштаат боја фармерките :devil:
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во еко многу ретко влагам, а во елит се наоѓаат убави парчиња облека со реална цена, така да често го посетувам и пазарам од таму
     
  14. Bokk.happy

    Bokk.happy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    До колку работи Елит? :)
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Купувам,да доколу најдам нешто асално.Но,во последно време убави работи носат,дури ме изненадија.Се наоѓаат фармерки,џемперчиња што на други места се поскапи а исти.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Кога бев мала шопинг строго во Еко. :D Знам секогаш си играв продавачка додека мајка ми бираше наоколу. Disney world ми беше ова. Ококорени очи и демек од тезга на тезга трчкав и си зборев со имагинарни муштерии. :D
    Купував таму затоа што бев исклучително слаба, гадно слаба и само таму можев да најдам нешто што е евтино, а слично како во другите продавници. Е после тоа отворија детска продавница со облека која ми беше точна па се збогував со Еко.

    Во Елит не сум купувала.
    Сум била 2-3 пати да правам друштво на другар. Последниот пат кога бев, барав подарок со истиот и видоооооов многу убави работи.
    Сега добро, имаше кичести лоши материјали, смешни фустани и останато. Ама фармерки убави модели, колани, панталони и така натаму. :)
    Цените на некои работи ги имаа дигнато повеќе него што треба. Машка кошула 1800. Не благодарам, за таа цена можам и на друго место да купам.

    Во срце ми останаа едни бордо фармерки. Ау.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Да,купувам.
    Има многу убави парчиња што може да се најдат и во другите продавници меѓутоа за повисока цена .
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    со нашиов буџет, што друго ни преостанува освен Еко, Елит, Фамилишоп
    шопингувам од двете ,и задоволна сум од квалитетот(колку пари толку музика :lol:)иако елит е малку поскап од Еко
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Како може да купувате во Елит, а во Еко не кога 80% се истите тезги. Сите што имаат тезга во Еко, имаат и во Елит
    И јас повеќе го сакам Елит, некако ми е подобро организиран
    И јас купувам од таму и ми се случило за едни фармерки да нема број, и прдавачката да рече: Почекај да тркнам до Еко, таму имам бројчиња :D

    А истата роба што ја има тука ја има во Шутка.
    Едно фустанче во стилот на Херв Леџер во Елит го гледав 1300, а истото во Шутка 750 денари
    Така да ќе размислам 2 пати од кај ќе го купам
     
  20. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Да! Има преубави работи, а и евтини. Откако е отворен Елит го посетувам речиси при секоја посета на Гтц.
    Имаат убави фустанчиња, дуксери, јакни.. се што сум купила досега не било промашена инвестиција.
    Еко го баталив откако се појави Елит, искрено.. веќе немаат толку роба, пола е празен. Порано мислам дека пола и повеќе Скопје таму се облекуваше. :lol: