Немам партнер, ама и да имав прв дечко-не Прв со кој ќе имам однос-не За брак не ни помислувам. А ако смислата на прашањето ,,дали сегашниот партнер ви беше прв избор” е како дали ни е прв и последен на некој начин требаше да појасниш малку повеќе и пак одговорот би бил не. Знам преблиска личност која е во таква врска, предолго се заедно и немале пауза воопшто.Осум години се заедно, алал да им е.Цело средно го истераа заедно, искрено во денешно време ретко кој во најлудите години може така да издржи без притоа да ,,шантра” по страна. Реално секоја чест, јас не би могла.Сеуште за кратко време ми здосадува.
Не сум мажена за да кажам дали ми бил избор за маж али прв избор за дечко или прв дечко? Не го разбирам прашањето баш Не ми е прв дечко
Сум била и пред него заљубена, но тој ми е: прв бакнеж, прва врска и прв со кого стапив во сексуални односи. И најважно, прв со кого сум најсреќна на светот (и така и да остане вооошто нема да се каам што сум немала друг).
Прв, да...и што дека, не гледам причина ниту за фалење, ниту за кудење. Секогаш мора да постои ПРВ....само кого ли го занима ова, баш ме замисли
Секако. Прв и последен. Зошто првиот ако те скине, понатаму се знае дека си фалш роба и никој нема да те сака. За да не те покажуваат со прст мора да го фатиш момакот за гуша, како умееш, дури и со лаги и уцени. Потоа, да се венчате и имате минимум три деца. Иако, сега веќе не е морално затоа што не е толку активна кампањата за трето дете.
Ако испаде некој да ти е прв и последен значи со лаги и уцени си го задржала? Кога станува збор за вистинска љубов, нема правило дека мора да завршиш со прв, втор или десетти. А ако некој ги смета за безвредни девојките кои друг пред нив ги "скинал" треба да се преиспита самиот, бидејќи во него е проблемот.
Не знам за вас, ама јас темава ја разбрав дали имало повеќе да бирате на лагер, па сте го избрале овој партнер од прва. Или па откако не сте го „фанале“ тој шо го сакате, сте го одбрале овој. Во таа смисла прв избор.
Се согласувам со @Doozy, и јас така ја разбрав темата Од тој и единствен аспект, нормално дека да. Личност сум што се заљубува еднаш на секои илјада години и нормално биле не прв, туку единствен избор. No offense to anyone, но мене ми е крајно грозно да бидеш со некого што ете не ти е нај нај, а си со него колку да бидеш во врска и бидејќи оној кој си го сакал/а не ти возвратил, те откачил, повредил и сл. Подобро сами некое време пред повторно да се заљубите, бидејќи ако се замислите во негова кожа, вие на партнерот да не сте му прв избор, чувството е навистина одвратно, зарем не?
Секој како дака си ја сфаќа темава. Јас мислам дека се однесува дали сеуште сме со тој првиот што сме го избрале. Сеедно потпишале или не во матично, што било сериозно и требало да трае засекогаш. Или пак првата голема љубов завршила и потоа дошла втората(не наблегувајќи во тоа дали е иста/помала/поголема). Малку ми е нереално да чекаат икс персони на нас за ние да ги избереме и да не венчаат.
Да не треба во црно да се завие и да чека години или децении да поминат за да ја испочитува како треба големата љубов што се случила? Па после да чека иста таква или поголема за да почне врска? Не се сите такви карактери, не паѓаат сите во депресија и не им запира на сите животот после една голема љубов. Клин со клин се вади Поинаку кажано, постојат поинакви љубови, односи, врски, чекање на нешто исто како старото за мене е нон сенс. Секој однос е различен и постои голема веројатност со друг партнер да го немаме комплет она што сме го имале со претходниот. И е ок. Некогаш знаеш дека е крај и што побргу се помириш подобро за тебе. На некои им успева, на други им треба подолго време и тоа не секогаш има врска со силината на чувствата кон партнерот. Често до карактер е.