Данок УЈП

Дискусија во 'Правни совети' започната од Sekjerce, 12 април 2025.

  1. Sekjerce

    Sekjerce Нов член

    Се зачлени на:
    12 април 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Добар ден.

    Имам едно прашање кое ми е многу важно и за истото ми е потребен правен совет од адвокат, нотар или некој кој работи во УЈП.

    Стариов мој има изградено куќа на земјиште.
    Дедо ми во минатото бил сопственик на тоа земјиште.
    Го дал законски како подарок на мојот татко/чичко.
    Тие си се поделиле помеѓу нив и секој си изградил куќа на своето место. Се е комплетно легализирано и се се води на нивно име. Секој си е сопственик сам за себе и немаат ништо заедничко.

    Сега сака стариов мој да го продаде тоа земјиште со се куќата. Дали ќе подлежи на данок во УЈП зошто некои ми велат дека треба да се плати 10% ако се продаде, а некои ми велат дека не може да има данок кога локацијата е лично негова и не била препродавана т.е. немала други сопственици и претходно доделена цена на пазарот.
    Намерата на купувачот е да исплати кеш на трансакциска сметка и не знаеме дали треба да се оданочат тие пари во овој случај.
    Исто така ми велат дека штом му е дадена на подарок од родител, исто така не подлежел на данок, само што ќе морал да однесе документи во УЈП како доказ за сопственоста по купопродажниот договор со лицето кое ќе го купи имотот.

    Што од ова е вистина? Благодарам
     
  2. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Машки
    Данок на промет на недвижност се ппаќа секогаш кога сопственикот ќе ја продаде својата недвижност на трето лице. Друг данок врз продажната цена не се плаќа.
    Во пракса е прифатено горенаведениот данок да го плати купувачот, и со тоа продавачот не треба да плаќа никаков друг данок на парите кои ги земал со купопродажба.
    Ако ве интересира нешто дополнително пишете ми порака.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.023
    Допаѓања:
    176.795
    Ништо не е вистина
    Данок се плаќа 3%
    И пари на рака у кеш не смеете
    Се да е со договор и со адвокат
     
    На Rozevata, Au revoir, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Машки
    Данок не се плаќаше 3% за продажба на имот ама од кога станавме горди и вековни се воведе и на тоа 3%... Поздрав за Мицика
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    18.170
    Охооо и те како го има ова, не само при купување/продажба на недвижнина туку и при купување/продавање автомобили.
    Пример дај ми ти 5000 на сметка, другите 5000 на рака во плик.
    Знам за неколку случаи последниве 2 месеци, затоа коментирам.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Машки
    Охооо, а што постигнуваат со тоа, хахаха, износот на данокот на промет и така нема да го променат бидејќи даночниот орган си има сопствена методологија на процена на недвижниот имот, врз која ја удира даночната стапка, и која процена на вредноста секогаш излегува поголема од онаа што ја договориле при продажбата странките,