Колку што разгледав не видов ваква тема на форумот. Можеби е глупа темава но мене ми се виде интересна. Што би направиле да имате магично стапче? Би биле манекенка, би си направиле голема куќа, идеален принц, би направиле некој да исчезне, би се направиле невидлива........ Да имам магично стапче - би била барем некој ден невидлива, би имала стаклена куќа , би била моментално на некоја егзотична плажа на некој остров и би го маѓепсала брат ми да не игра стратегии на компјутер по цела ноќ
Би направила сметката во банка да е бесконечна и така би си остварила повеќе желби како на пример би го прошетала светот, би се облекувала најубаво и најмодерно, ќе си уплатам за возачка, ќе си реновирам куќата со дечко ми, ќе си купам кола итн итн...и секако ќе се направев себеси повеќе дисциплинирана и би била потрудољубива во однос на учењето. еееехххххххх
Да имам магично стапче си би направила огромна куќа,би си купила најмодерна облека, секој ден во различен град сите светски метрополи би ги прошетала, би си дозволила одмор од соништата, и би го направила светов подобро место за живеење, би ги направила луѓето добри
Да имав магично стапче ќе ве направев сите ЏОА ВАКВО! ...односно ќе направев секоја шеќерна паста да успее!
Да имав МАГИЧНО (ПИРАМИТКЕ ) стапче, ќе избегав што подалеку од овој свет. Во светот во кој постојат многу лоши, изопачени луѓе, кои сакаат да ти направат само лошо. Би избегала во свет каде што ќе има љубов, разбирање, толеранција, почит.
Не бе, не ми се спие воопшто АЈ ЗАМИНАВ УТРЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАМ СО ПИШУВАЊЕ да имав МАГИЧНО СТАПЧЕ, веднаш ќе направев да се одделам од пред ПЦ
Јас одма на фрижидер го закачувам А да имав магично стапче ќе направев да успее операцијата и хемотерапијата на еден мој познаник.
А да ја прекрстевме темава во МАГНЕТНО СТАПЧЕ во чест на мојот вечерашен гаф? а ЈАС да имав магично стапче.. БИ ги ограбила сите продавници со облека од цел свет со едно замавнување со стапчето
Да имам магично стапче, има да замавнам по економијата во светот, да се троа подоправи, и белки и нам ќе ни тргне со економијата многу сериозно а? А да, и ќе му го удрам од глава на мојот шеф тоа стапчето...па белки во некој поголем стап се претвори ....он на мене не работам нишо!
Да имам магично стапче.... ќе ги уништам сите вретена во светов затоа што се‘ повеќе и повеќе Трнорушки се раѓаат.
Да имам магично стапче секој ден ќе си бев на различно место во светов и ќе си шетам така ,додуша ако ми се допадне некое место троа повеќе ќе замавнам со стапчето и ќе си поседам неколку дена
Па, ќе учев на Хогвортс и стапчето ќе ми беше од кај Оливандерс и ќе имаше перо од феникс во неговата срцевина, потоа ќе патував по светот и ќе проучував змејови и ќе приготвував магични напитоци-тоа ќе ми беа омилените предмети и подрачја на интерес, па во исклучителни случаи ќе ја применувам врз некои - Crucio, . И многу жаби ќе претворев во принцови и принцези да нема многу сингл персони, а од друга страна одредени ликови ќе ги претворев во жаби - ради баланс во универзум и во име на љубовта.
Епа вака...да го имам тоа стапче...би вратила една личност,би се направила среќна,би си набавила....изобилство на чоколадо...моментално би била во нечии кревет
да имам магиЧно стапЧе би им дала на сите гладни да јадат, и на сите таЖни лица да се насмевнат. би го довела мојот сакан макар за еден миг, да го видам и прегрнам .