Dexter претставува вистинско освежување помеѓу парадата серии со срцепарателни тинејџ драми и вампири. Michael C. Hall во главната улога ќе ве натера да го простудирате ликот на овој сериски убиец кој е "праведен" со тоа што ги убива само "лошите луѓе". За разлика од други вакви ликови, многумина кои ја гледале серијата пројавуваат сожалување, симпатија и наклонетост кон Декстер. Исклучително шармантен и саркастичен, на моменти серијата преминува во вистински црн хумор. На 21.09.2010 започна 5-тата сезона од Декстер, во која се појавува Џулија Стајлс. Секоја сезона е подобра од претходната. Можеби дејствието ќе ви се чини малку бавно, а епизодите предолги (една трае околу 45-55 минути), меѓутоа дефинитивно е уникатна серија, која ќе ве остави без здив. Конкретно во 4-тата сезона, ривалот на Декстер е серискиот убиец наречен Trinity, кого го глуми John Lithgow (3rd Rock From the Sun), кој одлично ја заврши својата работа. Спореден со него, Декстер е вистинска бубачка. Секоја сезона има по 12 епизоди. Интересен факт е што девојката која ја глуми сестрата на Декстер во серијалот Jennifer Carpenter, е всушност негова жена во приватниот живот. Уживајте...
Не сум гледала ниту една епизода, едно време се мислев дали да ја почнам... Сигурно ќе ја гледам, вака интересно ми звучи. Со серии се заразив последниве два месеци, едно време претерав, па се држам сега на дистанца, ама кај да е пак ќе им се вратам . Си се тешам, си велам ај, барем не гледам од оние на телевизија
Гледам кога ќе ја начекам понекогаш на Фокс Крајм... добра е, многу поразлична од сето она made in usa купче од серии. Ама признавам дека не ја следам редовно. Сигурно би вредело да ги симнам сите досега снимени сезони и да ги изгледам, ама некако немам нерви да седам пред компјутер/телевизор да гледам по неколку епизоди наеднаш. Не е за секого таа серија, не секој има стомак да ја гледа. А за актерите - одлични се... Џон Литгоу ми е незаменлив. Тешко ми беше да го гледам во поинаква улога од таа што сум навикнала, ама нема збор - човекот си го бива!
Серијава е закон! Само тоа можам да кажам. Јас многу тешко заглдувам нови серии, ама за оваа се најдобро можам да кажам.
Браво за темава. Декстер е една и од моите омилени серии и една од најдобрите кои се емитуваат моментално. Поразлична од останатите крими серии каде што сме навикнале да гледаме како добрите ги „фаќаат“ лошите. Во оваа дејствието го пратиме од очите на монструмот Декстер, кој во текот на епизодите/сезоните полека се запознава и со човековото однесување, т.е. како нормален човек би се однесувал во дадена ситуација (чувствата како грижа, љубов, жал итн...за него се сеуште непознати). И да не раскажувам многу вреди да се гледа, иако епизодите се по 50 мин., мене барем ми поминуваат брзо (ама јас сум серијоман(?! ), па можам да гледам со саати една по друга епизода доколку серијата ми е на срце)
Гледам никој не напишал впечатоци за последнава сезона. Ја изгледавте? Ме интересира дали очекувавте таков крај, дали ви се допадна, ако не како би го скроиле вие крајот итн. Мене искрено најлогичен ми беше таквиот завршеток на оваа сезона...
Јас ја гледам од почеток. Ептен ми се допаѓа, различна ми е некако од другите пошо ги "читаме" мислите на Декстер, нели пошо и коа не дејствува слушаме за што размислува и ептен ми се свиѓа овој дел. Плус и неможеш да одредиш дали главниот лик е негативец или не, село време сум во дилема, од една страна сериски убиец, од друга страна убива само лошо ликови....сепак дали ваквото одземање живот е оправдано? никако да одлучам ја обожавам серијава. Не сум ја уште изгледала последнава епизода од последната сезона, па затоа ќе ја избегавам темава да не налетам да прочитам нешто што не треба па да ми расипе уживањето А новиов лик, Лумен е право освежување за серијава во право време
Петтата сезона почна бавно, во Декстеровски стил, продолжи напнато, а кулминираше во 10-та и 11-та епизода. Крајот и не беше нешто посебно, ниту остави многу на имагинацијата да разглабаме што ли ќе се случува понатаму, али ок. Мораше таков логичен крај за да ја тргнат Лумен и онака Џулија Стајлс беше special guest. Интересно во секој случај, овој Џони ли Милер има многу психопатска фаца и добар глумец , а и приказната беше солидна. Ќе видиме што ќе се случи во 6та сезона. Лично за мене, 4-тата сезона е ВРВ на Декстер, психоделија и напнатост до смрт.
Трендафилка, мислиш на сезоната со тринити килер така? Таа мене ми беше посебна, стварно најдобра и цело време напанта, а финалето беше финале на сите времиња Плус и глумецот нели е фаца за паметење А за крајот од оваа сезона, да, затоа реков најлогичен, заради Лумен. Спојлер Глупаво ќе беше да ја убиеја и неа или да ја затворат пак
мммм браво за темава и уште поголемо за серијата! Ја следам од почеток и моментално нестрпливо чекам да почне 6-та сезона! Прекрасна серија, малку поинаква од другиве... реална. Читав пред некое време на амерички портал анкета, нема човек што ја гледал серијата и го осудил Декстер за тоа што го прави... добива секаква можна поддршка од гледачите!
Искрено, не ја гледав серијата од почеток, но сега ја гледам на FOX Crime, секоја вечер, (некогаш и репризите во недела ги гледам, да не случајно нешто имам пропуштено ), не знам ни која сезона е, ни која епизода, но многу ме заинтересира....бидејќи е поразлична од сите други што сум ги гледала... Закон е...
Изгледани ми се сите сезони, едвај чекам 6та сезона да стаса Деб ми е омилен лик со кеф да се пцуело толку. Рита не можев да ја поднесам, кога ке зборваше нешто како да шепотеше мило ми е што ја тргнаа од серијата. Лумен ми е закон лик. Едвај едвај едвај чекам нови епизоди
воодушевена сум од серијата , ја имам гледано толку те дружи во незивесност а декстер нема да го коментирам закон е кога си зборува во себе
Серијава е THE BEST искрено сум гледала голем број од америчкиве серии ама Dexter ми е посебна и најомилена.Jennifer Carpenter(Debra) mi e omilena od glumcive i normano Michael C Hall bez nego Dexter нема da е Dexter .Сите пет сезони ги изледав во 6 дена и едвај чекам да почнит 6 сезона во септември.Ево една најава за 6 сезона http://www.youtube.com/watch?v=PVApgr1Mqto
Сакам да ја вратат Лумен, премногу се заљубив во ликот незнам дали е само до мене, ама и Декстер ми беше многу океј покрај неа. Ептен ми се убиствен пар, поинтересно ми беше Серија која што и покрај 5 сезони нема опаднат квалитет, за разлика од повеќето
Леле Алиса и на мене, она моментот кога првпат имаа нешто Многу bitchy ја направија продуцентите, со сила,Декстер и помогна, башка имаа поврзаност и се тоа, и ја уништија не е фер. Дечки многу ми фали серијата бе ...едвај чекам нови епизоди.