1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Делење играчки со други деца

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 24 август 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Често сме сведоци на родители во парк, на лулашки, како се убедуваат со своите малечки да му ја дадат играчката на друго дете, па ако не сака да даде ете, детето е себично, скржаво...

    Какви се вашите ставови по однос на делење на играчките со другите деца? Дали го терате детето да ги даде, имате ли некоја тактика со која се обидувате да го научите?

    Лично, сметам дека помалите не го разбираат концептот на делење и затоа и не даваат. Не знаат дали ќе им ја вратат играчката, па не ризикуваат. Јас мојата не ја терам со сила никогаш да даде, и зборувам цело време дека нема да и ја земе детето, сака само да ја разгледа, но одлуката дали ќе даде останува на неа. Исто така прочитав дека прво спознаваат дека нештото е нивно, затоа и се толку посесивни, а потоа учат дека баш затоа што е нивно можат и да го дадат.

    Какво е вашето искуство? Повелете споделете. :)
     
    На do-re-mi, M.B., Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Мојот играчка дава. Киндер јајце не дава :)) Зборам дур го мешав со деца...а веќе 4 месеци не е мешан. .
    Имав приметено деца што не одат во градинка помалку делат. Не велам општо туку на такви имаме налетано . Памтам едно дете со која омраза го гледаше зашто точакот му го допре :D сега се смеам ама тогаш страв ме фати да не го зачука дека он поголем беше 4 год.
    Тактика немам зашто давал. Верувам ако почне да не дава ќе барам чаре. Сепак не сакам да работи на карактеристика себичност. А дома со нас дели без проблем..
     
    На Lolo5, Ava.84, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Мојата ретко дели. Ќе го даде тоа што ич не го игра, ама некогаш ни тоа нема да го даде.
    И имам објаснувано дека нема да и го земе детето, дека сака само да си поигра ама тешко...
    Еве пример преска на плажа едно дете и зема едно лопатче. Леле кога виде, веднаш отиде кај детето и вика тоа е мое. Си го зема, се заврте си ги собра играчките и си отиде :D
    Обично не бара многу од други деца.
     
    На Lolo5, Ava.84, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.535
    Пол:
    Женски
    И двајцата знаат понекогаш да плачат ако нешто им земат. Постојано им кажувам дека децата само сакаат да си поиграат. Добро е што тоа се случува ретко.
     
    На Ava.84, gjoker4e, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    @LiliBoz јас па имам приметено дека деца што одат во градинка понедаваат играчки. :D

    Моите деца немаат проблем со делење играчки. Меѓу нив двајца многу ретко, а со други ич. Кој и да дојде кај нас на гости, без разлика дали го познаваат или не, тие не прават проблем за нивните играчки, а кога играат со туѓи се уште попретпазливи, прво прашуваат дали може да земат нешто. Е, се лутат само ако им земат играчка од рака, со која во моментот играат. Друго се' толерираат.

    Не знам дали јас сум заслужна за ова, или такви се децата, ама многу работев на ова уште од почеток кога беше бебе малата. Им смислив техника за смена на играчките.

    Бебе како бебе, повеќе од една играчка не може да држи во рака, а сака по се да посегне. Ќе му земеше нешто на брат и, а тој одма плачки. И му викав -Дај и некоја друга играчка и она ќе ти ја даде твојата и ќе се смените. По неколку пати големиот веќе научи дека кога сака нешто да и земе, само треба да и даде друго нешто и "ќе се сменат".

    До ден денеска така си функционираат, се прашуваат (сакаш ли да се смениме) и за чудо реченицава како магична излезе. И да не сакаат да дадат нешто, реченицава во 90% од случаите ги предомислува. И со една играчка знаат да се менуваат по сто пати. Затоа секогаш им купувам различни, оти така им е поинтересно.

    Пробуваат и со други деца вака, ама за жал не им успева, и многу се чудат кога децата не сакаат да се менуваат.
     
    На M.B., Ava.84, Alishan30 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    ^епа на такви сме налетале, затоа не зборев општо. :D
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    И јас имам приметено дека децата што одат во градинка се малку поагресивни и често се џапаат за играчките.

    Тоа џапањето ептен ми е неубаво, седнала се заиграла и доаѓа друго дете и џап играчката од рака. Кога беше помала плачеше и ми се жалеше, сега само станува и си ја џапнува назад. И јас така и зборев, наместо да плачеш ќе одиш и ќе си ја земеш назад.
    За туѓи играчки не пипка без прашање, оди и прашува дали може да си игра и дали може да земе нешто. Ако и рече не може детето си продолжува. И викам, исто како што ти некогаш не сакаш да ја дадеш играчката, ете и детето не сака. Ајде подоцна ќе се вратиме

    @zuto и мојата исто се менува, сум приметила дека повеќето деца така даваат играчки. Знаат да си седнат неколку и играчките на куп, тогаш дава без проблем.

    Никогаш на сила не сум и земала играчка и да ја дадам на друго дете, дури и она ако плачела за туѓа и сакаат да и ја дадат не и давам да ја земе Сметам дека тоа е погрешна лекција. И двете деца ќе научат дека со плачење се добива. Детето што плачело ја добило играчката. Башка што ја оставам да знае што е нејзино и дека она е одговорна. Ако не сака и викам ајде после пак ќе размислиш. Инаку, знае некогаш ако некое дете и е симпатично и сама да му даде. Од агресивни деца бега, си ги собира веднаш играчките и не сака да си игра.
     
    На Victorian, Ava.84, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Во градинка така си ги земаат едно од друго, затоа такво е и однесувањето...нормална работа. Ќе се научат со тек на време, нормално со зборување и укажување како треба од страна на родителите и воспитувачите.
     
  9. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Ретки се децата што сакаат да ги делат играчките.

    Мојот не сака со никој да дели.
    Ако детето му е симпатично, мирно, му оди играта, во такви случаеви да. И тоа, пак ќе си мисли да не се зафрканал :nod: до тој момент може и не ја забележувал таа играчка, во моментот му станува омилената :^)

    Сметам дека уште се малечки и не го сфаќаат концептот на делење.
    Никогаш не го терам син ми на сила да даде, му кажувам дека треба да игра со децата и да ги дели и играчките ама ако не сака не правам драми.
    Гледам колку што можам да му зборувам, ваљда нешто ќе му влезе во главчето.
     
    На Ava.84 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Во градинките е борба за живот и опстанок затоа и такво е однесувањето не децата.Затоа џапаат.

    Моето дете дава играчки ако и побараат ама кога истото тоа дете на кое му дала се џапа и не и ја враќа, имам приметено дека знае и да плесне.

    Не се владеам по онаа-деца се,остајте ги..
    Кога секој родител ќе "работи" со своето дете, ќе има помалку агресија.

    Моето дете е само и нема дома со кого да дели,се е нејзино,ама ја учам дека треба да се дава и да се разменуваат играчки и притоа да не се оштетуваат.Мора да се научи да води сметка и за своето и за туѓото.
     
    На Ava.84, makedonkamak, Kitten и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Апсолутно. И не само тоа. Ако се сеќаваш пишував за моето искуство кога го запишував син ми во градинка. Една од негативните работи беше тоа што налетав на воспитувачки кои ги учеа децата да не делат играчки никако, да се знаело кое чие е. Знам пишувавте не е секаде така, ама ете, јас на такви налетав.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Знам дека затоа се џапаат. И тоа е океј ако мајката е до детето и му рече дека не е во ред тоа и да ја врати играчката. Но почесто мајката не е до детето, и тоа кога ќе ја џапне играчката нема кој да реагира, па затоа и така и реков, да си ја земе назад. Имаше едни дури седат, го гледаат детето како и ја зема и не реагираат. Пред нив и реков, немој да плачеш, твоја си е играчката и оди земи си ја назад, не смее така никој да ти земе нешто без прашање, исто како што и ти не смееш да го правиш тоа. И отиде си ја зема. Детето се збуни, а потоа станаа си отидоа при неколку испратени погледи кон мене.

    Не ми смета што и да прави детето доколку има некој да го поучи како треба. Толку знаат, наше е да им зборуваме постојано.
     
    На referentka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    @RainBow сум видела еден куп примери каде родители им зборуваат, па дури и ги караат децата за тоа. Џабе. Искрено, не знам дали е повеќе до детето или до начинот на воспитување. Во секој случај, мислам дека методот треба да го најдеме спрема карактерот на детето.

    Пример, син ми не сака да го лажам и да го третирам како мало дете. Сака да му објаснувам како на голем човек. Тогаш најмногу слуша. Малата колку сакаш труби за нешто, нема ефект. Си тера своја песна .Со неа само со одвлекување внимание и лажење. Ова општо кажувам, различни карактери, различни методи.

    П.С. Другарка ми ќе ја земам за пример, не и купуваат многу играчки на малата за да не се учела многу да бара. Стално и зборува како треба да не биде себична, да дели и да не граба играчки. Ама џабе. Каде и да отидеме се влече по продавници да и купат нешто. Се туѓо сака, а ништо свое не дава. Инаку оди во градинка.
     
    На cresa-jagoda и ❤️Sneze❤️ им се допаѓа ова.
  14. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.433
    Допаѓања:
    65.462
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми за играчки барем не прави проблем, засега. :D Не знам дали случајно, ама повеќето деца околу нас не си ги даваат играчките. Кога сме на гости ќерка ми ке фати некоја играчка и ако и ја земе другото дете после што и да земе одма го фрла кога ке види дека детето се лути или оди по неа, како да избегнува кавга. :D
    Кога кај нас ке дојде некое исто не прави ич проблем и дели.
    Едно девојче од пријатели се сеќавам, застана пред тв за да не може и ќерка ми да гледа цртани. :D
     
    На cresa-jagoda, makedonkamak, ❤️Sneze❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ❤️Sneze❤️

    ❤️Sneze❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    3.902
    Пол:
    Женски
    Моиве двајца кога ќе им дојдат другарчиња одма зимаат точаци , топки и играчки насекаде расејуваат се играат премногу без кавги , дури имало моменти кога моиве двајца ги смируваат другарчињата со зборовите : ' Чекај , прво ти па после друг ќе се игра со тоа , не се карајте за глупости ' ...

    Не се често мешани со дечиња ама кога и да се сретнат се заигруваат со сите дечиња и делат се .
    Не идат во градинка моите и не планирам ни да ги пишам во градинка .
     
    На cresa-jagoda, VedaG10 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Јас па имав дојдено до заклучок дека деца што одат во градинка делат играчки, а тие што не одат не.
    Баш пред нашата зграда доаѓа едно 2ипол годишно девојче и никогаш не дава ништо на другите, а децата плачат. Мајка и никако не реагира. А ја кога ќе заплаче некое дете веднаш и велам на малава да ја даде играчката па ќе си ја земеме назад.
    Тешко ми паѓа кога некое дете не сака да и даде играчка на малава. Пред некое време едно дете не сакаше топка да и даде, а малава плаче и ја во најблиската продавница истрчав со неа и купив топка.
     
    На VedaG10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    А ако твојата плаче, ќе и ја земеш и ќе ја дадеш ли играчката на другото дете што плаче?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VedaG10

    VedaG10 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.591
    Пол:
    Женски
    Син ми дава играчки . Нема проблем со тоа .Барем за сега . И ако некое дете плаче по неговата играчка го гушка или бацува и му ја дава :) Не оди во градинка.
    И јас имам приметено дека деца кои одат во градинка не делат играчки .На другарка ми децата (одат во градинка ) не даваат играчки .Син ми ако фати пример кола,му ја зимаат.Па камион ,му зимаат итн .И се во раце држат додека не се откаже син ми и после се фрлаат:rofl::rofl:Пред некој ден син ми се качува на едно пластично количе, и едно од децата на другарките мои кога врисна да плаче ... Станува му го дава ,и оди кај тротинетот . Ова пак плаче. И на крај детево го возеше количето а го буткаше тротинетот со раце :rofl::rofl: Деца ...
    Јас и во двата случаеви ,и кога му зимаат и кога он не дава (мнг ретко се случува) му зборам како треба . Мислам дека од зборење зијан нема што би рекла баба ми :) А може и да е фаза на детето ..
     
    На gjoker4e, ❤️Sneze❤️ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Ако плаче дека не сака да ја даде играчката, а друго дете сака да ја земе? Не знам дали ќе е соодветен примеров. Ја држев малата во раце, а таа држеше балон. Едно девојче сакаше да и го земе балонот, ама малава плачеше. И реков да го дадеме малку на девојчето и ќе го земеме. И го дадов на девојчето. Ама баш во тој момент кога и го дадов малата не плачеше. Па за кратко го зедовме балонот, па пак го дадовме и така ама малата е 16+ сепак зависи и до возраста. Давањето и земањето на балонот го сфати како игра и се смееше.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Да, така мислев. Мала е уште, и мојата тој период немаше гајле. Подоцна кога сфати дека нешто е всушност нејзино почна да не дава. По дома се знае кое на кого е, телефон на мама, телефон на тато, знае и за облеката и секој мора свое да си има.
    На почетокот кога и се разви тоа чувство за сопственост не даваше ништо на никаков начин, јас на сила да и земам и да дадам на дете ако плачело не се случило. И мене ми е жал ако детето плаче, ја убедувам да ја даде, и зборувам, но јас да и ја земам и да ја дадам не се случило од причини кои ги наведов претходно. Потоа сфати дека кога ќе направат размена ќе си ги земат назад играчките и така почна да дава. Па, се надевам уште малку ќе сфати и дека кога ќе ја даде на некој да си поигра ќе и ја врати, нема да си ја однесе дома, па ќе почне да дава самоволно.
    Ама не ја форсирам, си зборам само цело време.
     
    На ❤️Sneze❤️, gjoker4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.