1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дерматолог

Дискусија во 'Лице' започната од narcis2011, 22 септември 2011.

  1. Lrch

    Lrch Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас да се јавам ќе ми закажи по неколку недели. Ти пиши после твојот третман за лице како помина и дали болеше
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Бев. Ми направи прво дермоабразија на лицето, а после тоа дермапен. За болење не боли. Ептен мала тапа болка. И дете мало може да ја издржи. Кога ми ја направи едната страна на лицето и ми рече да ја завртам главата за да ми ја прави другата страна, тогаш почна да ме пече веќе направената страна. Ама пак-ништо страшно. Ми рече да не ставам ништо на лицето и да немам никакви допири на лицето, ни со раце, ни со коса, ни телефон. Ако спијам-навлаката од перницата да е чиста и испеглана. Црвенилото ќе поминело до утре. После дермапенот ми правеше и ласер од кој осеќав само блага топлина. Изгледам како да имам сончаница. Третманот чинеше 1500 денари. Еднаш месечно се правел. За моето лице биле потребни најмалку 4 третмани. Веќе се закажав за следен во првата сабота од септември. Еве и слики од пред и потоа. Кога ќе помине црвенилото ќе ставам пак, за да го видите целиот ефект.
    20190806_153641.jpg 20190806_152109.jpg
    Мислам дека се гледа која е пред, а која потоа.
     
    На Blaga7, Antebellum, angelina1 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    WOW
     
  4. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Како се вика методата и каде ја правеше? Супер ефект имаш, има голема разлика
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Прво ми направи дермоабразија, после тоа дермапен и на крај ласер. Како што гледав на нет пред да го направам третманот, сите овие се три различни третмани/постапки/методи. Дермоабразија ми направи на цело лице, дерма пен само на местата со лузни, а ласер таму кај што ми беше најиритирано лицето (наводно тој ласер намалувал црвенила и иритации). На јутјуб девојките што правеле дерма пен кажуваа дека кожата им заздравува целосно по 5 дена. Мене докторката ми рече дека до утре нема да имам ништо. После третманот ми беше црвено цело лице, сега ми се црвени само местата каде што правеше дермапен, па изгледам како да сум добила јак шамар од двете страни ма лицето. Малку е отечено, па како што отокот поминува забележувам дека и лузните се повидливи. Значи убаво си кажа докторката-потребни се 4 третмани. Најмногу што има ефект се порите. Значи тие се значително намалени/стеснати.
    Третманот го правев во Битола, кај доктор Анета.
     
  6. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.479
    Одличен напредок. Конечно да видам вистински резултати од третмани :D Те молам ако сакаш да споделиш контакт инфо од докторката, благодарам :)
    Пс. Дали освен тоа примаше и некаква терапија, орална или локална?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Орална не. Тоници и шампон. Имав и погоре пишано. Хлорафеминкол, антибиотик и кетоконазол шампон.
    Ако имаш активни мозолки не прави дермапен. Прво ти дава терапија која ќе ја користиш минимум една недела, па потоа прави било каков третман. Прегледот е 500 ден т.е. да одиш и муабет да си направиш.
    Тел: 077 894 794
    Ул. "Црвена вода", бр.3а (улицата е во Карпош)
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Добро а дали има решение некое за црнки, флеки и белези. Некој да препорача третман или слично. А исто така имам и отворени пори кои се познаваат. Дали има решение нешто ласерски или слично и за отстранување на мали поткожни бемки?
     
  9. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Флеките исчезнуваат со третман хемиски пилинг. Тоа се киселини што ти ги нанесуваат на лицето. После тоа неколку дена ти се лупи кожата страшно многу, па на тој начин ќе се излупат и темните дамки/флеки. Новата кожа е мазна и убава. За лузни/белези помага дермапен или ласер. Ласерот е најефективен ама и најригорозен и агресивен и најболен. Ако се работи за длабоки лузни тогаш може само да се ублажат/намалат ама не може да ги нема како никогаш да не биле. Ѕирни на јутјуб има видеа од девојки кои се снимале за време на третманот и после него со цел да покажат како и колку им се опоравува кожата. За бенки не може да се отстрани секоја, прво дерматологот треба да утврди дали се бенингни бидејќи ако не се, а се гибаат/отсрануваат може да се зарази кожата и да се развие карцином на кожа. Не би ти препорачала да гибаш бенки, ризично е, бидејќи бенките се всушност тумори. Секој израсток или било што и да е што се појавило на/во нашето тело е тумор, само ако е бенинген тогаш не е опасно, а ако е малинген тогаш е карцином и е опасно. А какви се тие поткожни бенки?
     
    На mari_sa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Не во смисла поткожни туку не испакнати ситни.
    Сепак фала на одговорот.:*
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Филотеа

    Филотеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.084
    Пол:
    Женски
    Ќе ве замолам за препорака на добар дерматолог за преглед на бенки?
     
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    После 4 месеци состојбата на моето лице:

    214AD92D-8F30-443F-916E-0592C9BCDB3B.jpeg

    Овие две мозолки од утрово ми се, инаку немам ништо таму.
    И после не било до исхраната ... и те како е!
    Пржено благо,брза храна и сокови престанав да конзумирам... еве го резултатот на тоа.
    Не посегив дерматолог.
    Чистм шминка со мицеларна,мијам лице со Нивеа гел.
    Толку.
    Уште за пориве проширени да најдам чаре..
     
    На Butterfly522, eta и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  13. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Машала !!
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Да направам еден update. По месец дена, поточно во саботата, го направив и вториот дермапен третман. Еве и слики :D

    Ова е сликано пред да одам на вториот третман (истиот ден кога и ми не направен третманот)
    Screenshot_20190909-093512.png

    Ова е веднаш после третманот (само што се вратив дома)
    Screenshot_20190909-093520.png

    Неколку часа после третманот
    Screenshot_20190909-093525.png

    Наредниот ден
    20190908_150840.jpg

    Трет ден по третманот (денес)
    20190909_092412.jpg

    Ќе ве апдејтирам и за третиот третман 8)
     
    На Mrs. Poetic Soul, Zivyle, martty06 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. bella108

    bella108 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    IMG_20190911_232828_740.jpg IMG_20190911_232948_153.jpg незнам што не пробав веќе за да се спасам од нив секакви домашни маски, разни сапунчиња, ласиони, креми и луѓе ништо не помага моментално пијам едни апчиња акне стоп некоја препорака совет сличен ваков проблем некоја од вас :sweat::sweat:
     
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Пробај со бензол пероксид и салицилна киселина.
    Изгледај ја девојкава од линкот. Мене многу ми помогна.
     
    На mysterious, ludamaja10 и bella108 им се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.742
    Женски имам прашање: Церин капсулите колку пари се?

    П.С. и колку сте задоволни од нив?
     
  18. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ula

    Ula Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.185
    Девојки, би сакала да ми препорачате супер дерматолог ми скисна од идење по доктори брдо пари дадов за секакви препарати или едноставно терапијата на некои од нив им беше да родам дете. Не прифаќам во 21-век при напредна медицина тоа да е одговорот, као тоа е ,дојдено ти е времето да родиш. Инаку јас не сум имала бубулици или акни ни кога бев во пубертет. Последниве неколку години почнаа првин на грбот, после се префлија на деколтето, а сега веќе имам и на лицето. Обично ми се појавуваат во овулација, па испитував хормонски статус и излезе дека се е во ред со хормоните. Гинеколошки се ми е исправно. Океј е ми рекоа да го редуцирам стресот иако тоа не е на дугме ама ај. После пролетта отидов во Јане Сандански кај Др.Петкова ми даде да пијам Sumamed терапија и Sona крема. Ми се повлекоа тогаш, но еве сега ми е партал и челото и образите јас никогаш не сум имала на образите акни сега лом. И што е најтрагично и порите ми се прошириле и нив ги немав сега и тоа се нервирам. Инаку самата имам приметено дека млечни производи ми пречат, алергии освен на сребро на друго немам. На моја идеја си купив сапун Ph 5.5 Балеа и супер ми помагаше во врска со дезинфицирање на кожата и го одма ги редуцираше бублиците ама сега веќе го нема во DM.Земав купив на SebaMed ама нема таков ефект... Поентата ми е сакам да отидам и да ми го среди лицето, особено овие пориве не ги можам. Да ми каже што креми да користам и слично. Откако се исфрлив само се чепкам сега плус ги направив партал...
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  20. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    389
    Пол:
    Женски
    Kaj mene ne vredese sekoe odenje 5 min pod laser 500 denari, mnogu pari isfrliv dzabe.. Mozam da kazam deka I mi se vlosija podocna..