1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Детски психолог или превоспитување?

Дискусија во 'Дете' започната од danichap, 1 февруари 2013.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Се почесто сум сведок на ситуации во кој помислувам дека на едно дете му е потребен детски психолог.

    Се прашувам дали целокупната атмосфера и начин на комуникација во куќата е причина за таквиот вид на однесување кај едно неколку годишно дете.
    Зборувам за деца кои сеуште не посетуваат градинка па евентуалното агресивно однесување, возвраќање со погрдни зборови или удирање може да биде рефлекција само на она што веќе е видено во својот дом.

    Од страна на родителите вриштењето, менувањето на расположење и агресијата вербална и невербална е окарактеризирана како ''нормално'' нешто, па како метода за нејзино привремено неутрализирање се применува дерење за да му се покаже страв на детето и тоа да свати кој е ''главен'' или неколку удари '' за да има зошто да плаче''.

    Додека стасам до крајов на постов ќе се запрашам дали и на родителите им е уствари потребен психолог или барем краш курс за родител :^) .

    Од друга страна, додека го пишувам текстов слушам како 7-8 годишното дете на комшикана хистерично се дере, возраст во која веќе почнал да оди на школо и да поприма од околината.
    Тоа беше и причина што ја отворив темава, неговите секојдневни агресивни испади пропратени со дерење, плачење, трескање врати...

    Кое е вашето мислење за потребата од детскиот психолог ?
    Дали горенаведените и слични понашања треба да бидат игнорирани и препишани на фактот дека е дете, или вие би презеле некакви мерки за нивно спречување ?
    Можеме да споделиме искуства за ситуации во кој тој евентуално би бил потребен, но и ситуации во кои можеби и мало превоспитување би било доволно.
     
    На mal.ecka, tambelina, girl-miri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Некои работи се препишуваат на „фази“, некои на домашно воспитување и атмосфера. За жал, линијата меѓу едното и другото е многу тенка, така да овие 2 фактора се испреплетуваат...

    Детето мора да помине низ фаза на негирање, на себеоснознавање, на индивидуалност, ментално созревање, и сето тоа мора да е помогнато и поддржано од родителите, во една опуштена и мирна домашна атмосфера.
    Ако на таа фаза, се додаде и дерење, тепање, лоша комуникација меѓу родителите и кон детето - се добива индивидуа која ќе има проблеми во животот од многу психолошки аспекти.

    И јас имам комшии (заради кои сабајле се разбудив во 5:30) - поголемото дете (5 години) го земало помалото (околу 14 месеци) и се заклучила во ВЦ :( Ја слушав мајката како и` се дери „Глупачо, отвори ја вратата, ќе те скршам ако те фатам!!“ и слични навреди, па детето нормално одбиваше да отвори....ако некој не ја знае состојбата во тоа семејство, ќе рече дека детето е разгалено и невоспитано,и дека му треба детски психолог. Ама реалноста е дека тоа дете е тоооооолку мило (секогаш ја гушка ќерка ми, каде и да ја види), само родителите му се за никаде, за жал.
    Тоа не знае за поинаку....

    Мислам дека после некоја возраст, превоспитувањето нема веќе удел, мора стручна помош, ама за СИТЕ, не само за детето, оти тоа, после завршувањето на сите фази, треба да биде копија на родителите...
     
    На gjoker4e, Katerinceee, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Да се биде родител е најубавата и најодговорна работа во животот на еден човек.Рецепт по кој би оделе да одгледаме и воспитаме деца кои еден ден ќе станат одговорни ,целосни и среќни луѓе -нема.
    Сите се водиме пред се,од инстиктот,нашата социјална и емоционална состојба,па според тоа, така и ги воспитуваме.Пред се,родителот е модел кој децата го гледаат и го имитираат неговото однесување.Во понатамошниот развој,секако дека и надворешната средина,има големо влијание,но основата е сепак домашното воспитување.
    Tука сакам да ја споменам емоционалната интелегенција.Овој термин се повеќе се користи,дека за исполнет и среќен живот ,човекот треба да поседува Емоционална интелигенција.Како поим е способност да се распознаат своите и туѓите чувсва ,како и начин на нивното контролирање.
    Со развивање на истата,детето учи како да се однесува,и со самото тоа да стане среќно и одговорно.Има начини како да се развие кај децата,но пред се родителите треба да се доволно зрели и свесни за тоа како се воспитува дете.
    Со градење на самодоверба,стекнување на навики(за училиште и градинка),осамостојување,умерена употреба на тв и компјутерски игри,заеднички игри во кои е вклучено целото семејство,со градење на цврсти емоционални семејни врски(детето треба да се осети сакано и почитувано како личност иако е мало)-се дава цврста основа која понатаму само се надоградува.
    Доколку се јави некаков проблем во однесувањето на детето,треба и да се разговара.Доколку се игнорира ,на пример агресивното однесување,тоа понатаму може да прерасне и во вистински проблем со поголеми димензии.
    За детски психолог,не сум против.Доколку сум немоќна да се справам со постапките на моите деца и не знам како да ги решам,секако дека би побарала стручна помош.Објективното гледање на нештата,може да ни ги отвори очите и да укаже на грешките, на нас,како родители.
    Секој родител мисли дека прави добро на децата бидејки неизмерно ги сака,но некогаш и преголемото внимание,притресување,а од друга страна игнорирање и препуштање на децата на самите себе може да доведе до несоодветно однесување и проблем во околината.
    За се треба умереност и како што кажав погоре,нашата социјална и емоционална зрелост како родители.
     
    На gjoker4e, Annath, MacenceEna и 4 други им се допаѓа ова.
  4. mrchatorka

    mrchatorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Сеуште не сум мајка но уште од сега знам како сакам да ми се однесуваат децата. Се почесто сум сведок на разгалени деца до крајна граница за кои верувам во тинејџерските години нема да им претставува проблем да дигнат рака на своите родители.
    Некако, како порано да се имаше повеќе време за децата, почнувајќи од домашното воспитување па се до образовниот систем. Никако не можам да се начудам дека денес наставниците/професорите немаат методи како да ги дисциплинираат учениците.
    Не можам, а д ане се запрашам кога ќе прочитам вест дека дете измачувало животно, дека му ставиле петарда во уста на куче итн. што се случува во нивниот дом кога они изразуваат таква агресија и деструктивност на мали години. Една од крактеристиките на психопатни сериски убијци или извршители на тешки кривини дела е малтретрањето на животни на мала возраст.
    Не можам, а да не се запрашам како еден родител не забележува заради сопствена ароганција и живеење во заблуда дека детето има реален проблем...имам случај во мјата фамилија, тетка ми почина пред 5 години, братучед ми беше прва средно, гледам дека сеуште го нема препродено тоа, нема друштво зради тоа што живее во свој свет во кој он е најсовршен, а другите не вредат ништо...дека мајка му не е мртва итн. Резултат на тоа е дечко што на 19 години нема со кој да прослави Нова Година, немал девојка, влегува во конфликти со сите и што уште не..., а тоа доведува до фрустрации и неисполнетост која што еден ден ќе избие на површина.
    Треба д се најде некој баланс, да не бидеш дома диктатор затоа што и тоа води до други крајности, ама и не да се попушта за се.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    4.124
    Пол:
    Женски
    Мислам дека превоспитување би послужило само доколку детето е многу мало. Кога веќе нарасне ни психолог нема да му помогне. :!:
    Децата се како правосмукалки, прибираат се околу нив, пцовки, други погрдни зборови, дури и ако употребуваат насилство е по пример на некој што тие го почитуваат, го гледаат како идол па ќе си речат на пример, тато може и јас можам.
    Појма неам еден ден како би го воспитала моето дете за да не биде како дечиштава што ги гледам по улиците секој ден. Извинете за изразот, ама денешните деца ми се толку безобразни, лигави и распуштени (секоја чест на исклучоците де, имам братучед на кој најгрешната дума му е голи тети) и мислам дека сето тоа е резултат на домашното воспитување. Не сум којзнае колку стара, ама во мојата генерација не беше до толку. Имаше покварени деца ама мислам дека не се како помладиве генерации.

    Како што веќе спомнаа овде, насилството врз децата, било врз нив, било во домот исто така може да го упропасти детето. Имам комшии што мајка им безмилосно ги тепаше и почнаа да кршат прозорци, да се тепаат по улицата. Други деца-татко им ги тепаше со каиш, децата беа премногу стегнати, не му дозволуваа на девојчето дечко да има, да излегува и на крајот, после средно, факултет се раск*рва, а машкото си излезе поразумно, ги надмина домашните проблеми и е многу поинаков од цела фамилија. Поинаков-дружељубив, не се дига превише како сестра му, многу е поприземен.

    Имам и школски што беше премногу разгален, се му се допушташе и сега на секој збор одговата со повишен тон, закана или навреда и на таквиот му нема опоравување.

    Кај малите дева мислам дека голем удел има градинката, да се социјализираат, да научат манири и тн, ама сепак најважно е домашното воспитување. Ако од дома не си биде поткрената работата како што треба, тоа и таму кога ќе иде лом ќе прави.
     
  6. Poisoon

    Poisoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите на форумот,би сакала да ве замолам ако некој знае да ми препорача добар детски психолог по можност приватен, не сум од скопије и неможам да чекам со денови и месеци за да дојдам на ред во дрзавни институцији.Однапред благодарам на сите што ке одговорат на моето прашање :)
     
  7. yokoono

    yokoono Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    18
    Јас студирам педагогија,поточно незнам каде има детски психолог ама би сакала вака анонимно да пробам да помогнам ако можам :)
    Во што е проблемот ?
     
  8. gora

    gora Нов член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo jas sum nova na forumot no bi sakala so vas yokoono ako moze da porazgovaram anonimno vo vrska za mojot sin .... vi blagodaram
     
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Би сакала вака јавно и отворено да разговарам за мојот син. Би ми значело било каков совет и од искусни мајки и од стручни лица. Во последно време мојот син ме загрижува со своето однесување. Искрено не сум воопшто мирна поради помислата дека јас сум виновна заради недоволна социјализација на моето дете.
    Има 5,5 години и наредната година треба да почне на училиште. Сите си ги знаеме децата како ни дишат ама одредени негови особини ги забележувам тек сега, последнава година. Сум го воспитала како знам и умеам, сама јас. Мм воопшто не ни учевствува во одгледувањето на децата. Совршено дете, за пример. Како родител се сметам за многу строга. Дома секогаш се знаело што е за деца а што не. Си ги дипли алиштата. Сам се облекува, се мие, јаде. сам оди во WC и се тоа од неговата 3-та година. Не прави ништо без прашање. Да не набројувам ситници ама прашува и дури на кој стол смее да седне. Ни една трошка не му паѓа додека јаде. Брои до 1000, собира и одзема, пишува и чита... Имам уште едно 8 месечно бебче кое никогаш не било вознемирено од страна на син ми. Кога таа спие, тој зборува тивко... Ја чува за да се туширам или за да направам ручек... Тој е мојата гордост ама само дома. Во било каков контакт со деца тој максимално се повлекува. Понекогаш ми е жал што сум го учела да ги дели играчките, да не навредува никого, да не се тепа... Сега сите го прават тоа само тој не. Навистина сум загрижена што сум слушнала дека другарчињата го нарекуваат плачко. Не знам ни како да постапам. Разговарам со него како со воздрасен човек и се ме разбира па дури и се надоврзува во разговорот ама на крај исходот е пак ист. Гледам дека може да игра со едно две деца од маалото кои очигледно играат со него поради играчките. Сите наши играчки се надвор па дури и тие најскапите. Го испратив лани во градинка, но имавме еден немил настан со негователката по што работите се искомлицираа па син ми доби фобија од градинка.
    Искрено сум загрижена. Би го однела и на психолог. Сите го поттурнуваат. Секогаш е на страна. Го удираат или задеваат. Го имитираат. Глупаво ми е многу. Не знам ни како да постапам во одредени ситуации. На пример детето на едни пријатели (врсничиња се) ја шутна топката многу силно и тоа во стомакот на син ми. Неговите родители не реагираат а детето мое се превитка од болка. Плачеше и тоа многу. Дојде кај мене и јас како да постапам!? Му кажав да седи до мене иако мислев да му речам „нема гајле, оди и играј си“. Детето на пријателите почна да вика „Плачко! Плачко! Рикаш како вол! Се пикна кај мајка ти в п*****“ Син ми ја навали главата и остана до мене. Сите постапуваат така а не сакам многу ми е мака. Зарем сум јас крива што сум го учела да не постапува на одреден начин кој очигледно, колку и да е неправилен, станува нормален за нашето општеството?
     
  10. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Анина, ти си го воспитала твоето дете онака како што треба. Но мислам дека за некој работи и премногу си го размазила, па во одредени ситуации не може сам да се спротистави на другарчињата. Јас мислам дека нема потреба од психолог, само малце повеке да се социјализира. А за жал има и толку невоспитани деца и родители, како примерот што си го пишала со топката. Јас мислам дека можеш да го средиш ова и сама. Твоето дете е супер воспитано, само што можеби е малце повеке повлечен.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Анина иако не сум родител да ти дадам совет од тој аспект сепак ке се потрудам да ти напишам некој збор од мое лично искуство.

    Како дете и јас бев иста како синот твој,тивка и повлечена.Одев во градинка релативно малце бидејки често се разболував па мораа да ме отпишат.Во градинка уште од најмали нозе имаше деца кои ме тепаа ме малтретираа и беа класичен bully.Многу пати имам седено сама на страна а исто така многу пати имам доагано дома со модрици и искасаници.Едноставно и јас бев воспитана на насилството да не возвраќам со насилство па често си патев ради тоа. Мајка ми и ден денес коа ке и текне знае да се напне и да каже-Мака ми е што беше такво дете мирно па сите те малтретираа. Ама некои луге такви се мирољубиви а секако влијание има и воспитанието од дома.

    После тоа почнав во школо да одам нели прво одделение.Ни таму не беше најсјајно секако ке се погоди некој од Пуста Брезница што ке изиграва маалски шериф и ке ги малтретира останатите деца. Ме поттурнувале,ме вреѓале,ме тепале... Ама ако нешто научив за секое дете има идеална втора половина која ке му биде другарче.10 деца да те поттурнуваат 11тото ке застане на страна со тебе.Секогаш е така да знаеш. Без оглед на маалските децата или децата во градинка ,кога ке тргне во школо ке најде па макар и едно другарче кое ке седи со него во клупа и нема да го малтретира. Ова ти го кажувам со сигурност.Може нама да биде одма ,нема да биде првата недела ама со текот на времето ке научи да се социјализира и ке биде подружељубив од сите останати.

    Малце потешко е за таквите деца кои се постојано дома со родителите или баба и дедо,знам по себе бидејки ја па пораснав во маало каде што немаше деца цела зграда старци освен едно девојче на моја возраст,за разлика од другите маала каде по цели денови се маткаат заедно по паркчиња и се дружат. Ама на крајот без оглед на се секогаш децата си наогаат по некој. Така да мислам дека нема потреба да го носиш на психолог,ако ме прашуваш мене подобро би било да најдеш начин да го социјализираш на поинаков начин преку запишување на некој спорт или јазик сеедно каде ке биде во контакт и со други дечиња освен тие од маалото па ке видиш како ке се одвиваат работите.Може баш тие маалските се невоспитани дивјачиња па затоа неможе да најде заеднички јазик со нив ама тоа не значи дека и со некое друго дете дека ке биде исто.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Anina mojata sestra ima 5godisno devojce koe do pred da zapocni vo gradinka bese edno tivko devojce.
    Vospitano mnogu dobro od strana na sestrami ama ima losa mana koja ja mislam jas.
    Toa koga ke dojdea na gosti dr deca na nejzina vozrast taa ke sednese na strana i molcise ne igrase so nov a oni malce palavi igra skoka.
    Isto koga ke bevme sami doma taa ne pravise raboti bez da prasa pa duri kade da sedne i sl.
    Jas isto bi vospitala dete ama ne do tolku,da ne dolzam...
    Sega odi vo gradinka i e malce poinaku,igra trca se smee ima drugarcijna deli igracki i sl.
    Znaci ne e kako porano da ja butkat taa da placi da neznae da se brani i sl...

    Mora da najdes nacin da razgovaras so tvoeto dete pa i napravimu nekoi primer koga ste doma da ppcni da gi uci.
    Na primer ako tatkomu mu zeme nesto sto e na maloto a on nesaka da go dade a go ostava togas kazimu kako treba i sto koga ke bide so drugarvijnata,ako go butne nekoj kazimu primer da se odbrani,praktikuvajte nekoi raboti i vie za da nauci.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Во некои карактеристики си го познав и моето дете, само што тоа не е повлечено и тивко, доста позитивно и весело детенце е, се додека не наиде на агресија од некое друго дете. Тогаш не знае како да реагира, се повлекува и е тажно или плачи (така беше поточно кога почна во градинка, сега веќе се снаоѓа и е поцврсто). Ние дома не тепаме, не викаме, не употребуваме грди зборови, не сме пасивно агресивни и сл. па најмала кавга или задевање од страна на другарчињата му доаѓаше како шок и барал заштита кај воспитувачката. Таа пак ми кажа мене да го учам сам да се спротистувавува и да се снајдува во такви ситуации. Добро, фајт клаб да отворам ако не. Сакаме да си ги пораснеме децата што може поневино и почисто барем сега додека се мали, но веројатно се што можеме од дома да им дадеме е голема самодоверба а со тек на време и изложеност на разни ситуации ќе си го направат своето.
    Многу е битно и ти како родител како реагираш кога ќе дојде детето во конфликт со друго дете. Ако веднаш одиш да го заштитиш како да е нападното од диви животни, тогаш и тоа така ќе гледа на немирните деца и ќе се плаши. Ако си ти пречувствителна на вакви ситуации и ги доживуваш трагично, исто ќе биде и со твоето дете. Сепак, јас зборам за некои ситни закачки, досега не сме се нашле во некоја полоша ситуација, децата овде со кои сме во контакт се претежно културни и фини па тепање, пцуење и такви работи досега сме немале, ниту во градинка ниту на улица. Ако сме во таква средина каде поголем дел од децата така се однесуваат, не знам како би го учела, веројатно да ги игнорира или да се брани но не на ист начин како нив, барем колку што се може.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Па не е и моето толку повлечено, баш. И син ми едно темпераментно детенце кое е нон стоп насмеано ама во контакт со одредени деца, го губи својот карактер. Дома е сосема поинаков. Денес баш го прашував зошто не се спротиставува кога некој ќе го нарече плачко и тој ме изненади со одговорот:
    Еве ****** ме вика плачко ама и тој плаче и плус сеуште се мочка во гаќи а е голем. Јас него можам да го викам мочко. И плус секогаш е испотен и смрди. Можам да го викам и смрденко.
    Значи кликерот му работи максимално. Се забележува ама си молчи. Не се искажува, најверојатно од страв. Ама не знаам од што се плаши. Дали од тоа дека јас би го искарала или од самите деца дека би го удриле или повредиле.
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Анина, мојот син е воспитан како твојот. Пред да тргне во градинка скроз исто се однесуваше. Значи кога ќе ни дојдеа гости со деца он си играше/зборуваше со возрасните. Децата не ги перципираше. Ако некој од рака му земеше играчка почнуваше да плаче и се вртеше кон мене. Јас секогаш во тие моменти му викав дека ќе му ја вратат, да си поиграат....но кога не му ја враќаа играчката почнуваше да плаче. Е тогаш му викав да не плаче, да проба да си ја земе сам ( нормално без буткање). Еден добар психолог- роднина ми рече, дека треба детето да сњ 'бори' за своето. Инаку, ако плачеше за такви работи никогаш не го гушкав или сл. Кога тргна во градинка скроз се смени. Си играше со децата немаше никаков проблем. Ако можеш носи го во игротеки, ќе биде во контакт со други деца, ти ќе седиш понастрана и ќе се опушти. А градинката колку е супер толку има и неубави страни, поготово кога ќе слушне од некое дете лоши работи и зборови и ги употребѕва дома, се вадам од такт.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Драга Анина, пред се да ти кажам дека си прекрасна мајка по она што го прочитав. Ретко кој од нас има храброст да се соочи со проблемот и искрено да зборува за тоа.
    Ќе пишувам за искуство со деца кои не беа мои, туку деца за кои се грижев и 2 години им бев дадилка. Меѓу многуте работи кои ги научив тогаш е и таа која ми се чини дека е најважна (бар за мене) дека и децата се луѓе исти како нас само се малечки и тие сега го спознаваат светот. Сакам да кажам дека и тие размислуваат, и тие имаат стравови, желби потреби само немаат искуство и не знаат како да се однесуваат во ситуации кои ги доживуваат по првпат. Тие не знаат за разлика од нас да се исконтролираат, да изглумат, да прикријат. Нормално е да се плашат кога одат во градинка или на кое и да е ново место по прв пат, кога запознаваат нови луѓе (и нам не ни е баш пријатно кога влегуваме во некоја нова средина, кога ќе се најдеме опкружени со непознати луѓе,но ние тоа успеваме да го надминеме благодарение на претходинте искуства).
    Кога го читам твојот пост не можев, а да не приметам дека (ти се извинувам за ова шт ќе го кажам) ти си виновна за своето дете.
    Од она што го прочитав ти своето дете не го оставаш на ниеден начин да има право на избор, да донесува одлуки. Мој впечаток е дека ненамерно ти си го направила своето дете зависно од себе кое не е спремно да направи ништо ако не добие дозвола од тебе. Кога игра со другите деца постојат поинакви правила на кои тоа не е навикнато. И би ти предложила да размислиш како би ти било тебе да мораш да прашуваш дали и на кој стол да седнеш( те цитирам тебе) тогаш кога ти гориш од љубопитство за се околу себе.
    Мислам дека на твоето дете не му треба психолог, и уште еднаш ќе повторам дека мое мислење е дека си прекрасна мајка, но обиди се да го пуштиш самото да донесува одлуки, самото да почне да ги бие своите битки, да научи дека треба да се брани и продолжи да го заштитуваш меѓутоа од дистанца.
     
    На flowersss, anina, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    И јас сметам дека си прекрасна мајка и даваш се од себе да го воспиташ твоето дете најправилно за да израсне во добра и морална личност. Малку ме замисли исказот дека твојот сопруг не учествува во воспитувањето на твоето дете што сметам дека за децата посебно момчињата, а и на оваа возраст, таткото е многу битна фигура во нивниот живот. Јас и ден денес се сеќавам на деновите од моето детство поминати со татко ми...Инаку што се однесува до неговиот карактер, детенцето си е сосема во ред, мирно и културно и се однесува со почит спрема своите другарчиња, секој би посакал такво другарче во својот живот. Ќе си најде понатаму во животот другари слични на него и тие ќе му бидат до крај на животот. Има секакви деца од кој знае какви семејства, кој знае какви им се родителите, како ги воспитуваат дома итн. Битно дека детето ти е здраво, живо, умно и свесно за се што се случува околу него, а тоа што не им враќа на невоспитани деца со иста мера, па тоа кажува многу за неговиот карактер.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите кои се потрудивте да ми олесните!
    Звечарка, јас не го терам детето да ме прашува дали може да го скине листот од својата тетратка, дури и се нервирам кога ме прашува такви глупости ама такво си е... Искрено дури и му кажувам дека, на тие работи кои се негови, може да им прави што сака ама после ако ги оштети да не ми ги бара.
    А за мојата виновност, ич не кријам дека е така. Дури и се чувствувам дека сум јас крива за тоа што детето не може да се заштити само. Малку сум виновна и за тоа што го отпишав од градинка ама немаше смисла негователката да го удри шамар од прв ден. Имаше после тоа огромно нетрпение измеѓу неа и мене што се одразуваше на моето дете.
    ЛусиСкај мојот сопруг е на работа по 14-15 часа. Така да времето кое го поминува со децата не го користи на нивно воспитување, туку на играње со нив. Тоа е отприлика 1-2 саати во денот и тоа е се. Во недела кога е слободен одиме некаде сами или со блиски пријатели па тој не ни може да го види синот каков е пред други деца.
    Одлучив да го запишам на некаков спорт. Малку се бунтова, демек мал бил ама два дена му објаснувам, со убаво, дека од мал треба да спортува за да стане како Спортакус:D
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    4.656
    Пол:
    Женски
    Несакав да отворама нова тема па ке го поставам прашањето овде...
    Мојата пријателка има 8 годишно синче кое е малце специфично.Детето е нормално, убаво воспитано, многу интелегентно, почна да зборува на неполна година, пред година почна да рецитира песнички, веке на година поврзуваше цели реченици.Од 5 години научи англиски, сега зборува течно и на англиски може слободно да разговара.Се е во ред освен фатот дека го интересираат повеке активности кои се вообичаени за девојчиња. Од многу мал не пројави воопшто интерес за коли, топки, и др, типични машки играчки, тој се играше со пластелин, кујна, чајанки и слично. Детево го интересира да црта, прави фигури преубави од пластелин, украси ама тешко се снаоѓа во друштво на други деца. Додека беше помал и не беше некој проблем ама сега се повеќе има мака да си најде другарчиња, децата му се смејат, го викаат женче, дома татко му почна да му забранува на детето да се игра со работи за кои предходно не му биле забранети, баш на пример скоро сецка хартија и прави цвекиња и татко му се развика во стилот: -демек што ти реков јас за тие цветови и глупости...и детево баш се растажи.Доста е блиско со мене, го чувам од мало, и ми вика : никој не ме разбира, само ме караат, никој не ме сака. Тие одеднаш како да сакаат да му го потиснат карактерот на детето и да го направат типично машко дете.Има помало братче кое од мало се игра со коли, спајдермени, топки, со сите играчки кои овој не ги перцепира.Малово често го задева да се тепаат а секогаш поголемото на крај е карано и за нешта кои не ги прави. Детево ми лежи на срце и ептен го сакам ама незнам како да му помогнам, единствено кога е кај мене му дозволувам да биде тоа што е, да се однесува како сака, да цртаме ,да боиме, украсуваме, гледаме цртани, ми прави фризури.Премногу време му даваат да гледа на компјутер и тоа плус мислам дека тоа додатно смета.Јас немам мои деца сеуште па секоја моја забелешка или совет околу децата е дочекана во стилот ти немаш деца и неможеш да солиш памет.Што мислите вие, сте сретнале ли сличен проблем?
     
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Вo пoследнo време кoгa тaткo ми му збoрувa нa син ми декa нaпрaвил нештo лoшo декa тaкa не треба или тaкa дa не прави тoј се oднесувa кaкo дa не слушa не пoслушувa кaкo дa не рaзбирa a всушнoст мнoгу дoбрo рaзбирa сaмo не му одговара реченoтo и тaткo ми честo ми викa дa пoрaбoтиме сo дететo или дa пoсетиме психoлoг. Мене некaкo грдo ми иде дететo е нoрмaлнo сaмo сo негo тaкa се oднесувa