1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми не сака да е во друштво со мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Lilo.LiLo, 16 октомври 2010.

  1. Lilo.LiLo

    Lilo.LiLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имам долга врска 5 години..ама и еден проблем...го сакам и знам дека ме сака..сме поминале низ многу нешта заедно и добри и лоши...но добро да се вратам на проблемов...дечко ми не сака да седи со мене и со мои другарки...не знам како да објаснам ама сите некако сме поврзани без разлика што тој ми е дечко...они го знаат и пред мене на едната другарка брат и е многу близок со дечко ми...проблемов ме мачи подолго време...дечко ми седи со нив на само не бач на само ама ете со другари и они можат да се најдат тамо другаркиве мои...ама со мене и нив не сака ми вика дека не ни го сакал односот :tmi: доброо и не само со нив него не сака ни ја да сум со него кога седи на пр со некој пар...не е дека не сака да одиме јавно веќе сите знаат дека сум му девојка мал град сме идеме ние искачаме, не гледаат дека сме заедно...проблемот е само седењево....ја стварно не знам што е проблемов...не можам више....не сум паметна....долга врска е и све..и ни иде накај брак ама мислам што ќе биде коа ќе се земеме, како ќе биде ја у една соба он у друга...или нема да контактираме со надворешен свет ? Не знам ме мачи ќе пукнам више...многу го сакам а и знам дека ме сака ми има докажано на многу начини...не сум објективна...како да го решам проблемов? :^) Сте се нашле ли во ваква ситуација....тешко ми е ;( ;( ;(
    Сме правеле муабет на ова ама негово е што има врска ако ја седам само со нив....ми вика нема ништо да направам :o као ја љубоморна сум што нема врска од проблемот...му викам како би ти било на тебе ја да седам со твои другари на само а не со тебее и нив зашто не ми се свиѓа односот ваш ?? :?: Стварно поима немам што е работава....ај помош!! :worried:
     
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    Несакам да сум директна, ама дали се сомневаш во тоа дечкоти да има некоја врска со некоја твоја другарка? Мене на тоа ми удира умов....извини!.....
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    Не верувам дека има врска со некоја од нив. Многу машки не сакаат да седат со другарките на женска му заедно затоа што ете женски сме и поинаку е! Еве и мене на пр ми е глупаво да седам со дечко ми и неговите другари и да слушам како зборуваат за фудбал.
    А во др случаеви и јас сум седела со неговите другари без него, бидејќи тие се и другари на брат ми, па си седиме си муабетиме...
    Тебе те мачи како ќе биде во иднина а за тоа најдобро е со него да зборнеш, да го прашаш дали во иднина пак одделно ќе се гледате со исти пријатели/ки или заедно.
    А верувај некогаш е поубаво да си насамо со другарките отколку и тој тука па да не можеш убаво да си разговараш.
     
  4. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    И мене прво ми отиде паметот да не има врска со некоја од другарките нејзини. Зошто инаку не би му пречело кога би седел сам без девојка му ,а со другарки на девојка му(ако добро сфатив). Многу лоша ситуација,сепак мислам дека разговорот кој мора под итно да се слулчи е еден вид чкор до решението. Навистина не ми е сфатливо како тоа да не сака да биде со тебе кога е во друштво, па доколку те сака треба да биде горд што е со тебе...
     
  5. Lilo.LiLo

    Lilo.LiLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    не не scarlet иако е женскарош он нив не ги гледа така...со едната се знае уште многу време пред мене комшии се и плус и е другар на брат и....а со другата исто така од иста населба се и иста генерација се па се знаат....
    Ozzy јас знам дека е така ама ме мачи како тоа на само ќе седи и моѓе со нив а ја и и они не бива...не знам что е ...и ја не сум некоја нападна па да сакам да седам со него и неговите другари си има он многу слобода дадено од моја страна...искрено љубоморна сум ама се во граници, не правам сцени некои , не му вртам нон стоп да го прашувам кај си.....супер ни е односот.....ама ете тоа не ми е јасно...
    фала ви женски :*
    Дидија и мене истото ме мачи ја мислам дека ова е проблем...ама не сум више паметна....за одговор имаме правено муабет и ете то му е изговор као љубоморна сум била а стварно нема врскаа....ја знам и дека тие другарки ниту него не го гледаат така...што знам доста сме блиски и знам дека не ги привлекува...и нема шанси ништо да направат со него
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    Нај убаво ти е разговарај со него и прашај си го најотворено во што е проблемот. Немора да значи дека има друга сепак како што и сама кажа во мал град живеете сепак ке си разбрала ако има такво нешто. А и машките се такви да не речам чудни се презаситуваат па можеби тоа е само период на презаситеност најубаво ке е да си разговараш со него и да ти каже што како е и заедно да го решите проблемот. Во меѓувреме потруди се да не се нервираш нормали се вакви работи во долги врски. Ти посакувам среќа позз :*
     
  7. Lilo.LiLo

    Lilo.LiLo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    Имам разговарано погоре пишав, ама он си наоѓа изговор што нема врска ( според мене )....Знам дека нема друга 100% сум сигурна....па и да има тоа е не можам ја против тоа може да се скрие и да си има слободно врска....не ме мачи тоа...
    Него според вас ова не е проблем, да не стварно ја сум си направила филм у глава ? како он што вика....а и кога разговараме он почнува да се лути и кривица и ми пребацува на мене љубоморна сум.....Фала Совршенство :* само не разбрав каква е таа презаситеност ? Можда е и тоа ?
     
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    Lilo, можеби навистина си претерала со ова. Ми личиш на мене! :)
    И јас се замарам понекогаш со непотребни работи. Не обрнувај внимание толку и уживај си со друарките насамо, нема поубаво од тоа! А не верувам дека има друга, еве пак ќе повторам, ќе дознаеше досега!
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дечко ми не сака да е во друштво со мене.

    мислам дека е можно да има некакви муабети што се прават,а не сака ти да ги слушаш и што другарките можеби ти ги преќутуваат.и сама кажа дека со едната се знае одамна.јас на твое место за инат би одела со нив кога ќе се они седнати.иначе муабет џабе ќе правиш,штом 5 години вака прави,муабетот нема ништо да смени