1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дизајнерката Џејн (Jane By design)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Elena-97, 14 февруари 2012.

  1. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Jane By Design е една од најновите серии кои се прикажуваат на ABC Family. Во оваа серија се раскажува за Џејн, тинејџерка која започнува работа во Донован Декер, хип модна куќа,кога тие ја погрешуваат за возрасна.Џејн наскоро се наоѓа себеси жонглирајќи два посебни животи, обична средношколка и врвен асистент во голема модна куќа, надевајќи се дека ќе го задржи својот вистински идентитет како тајна.
    Јас ви препорачувам да ја погледнете оваа серија, навистина е интересна :inlove: Има нови епизоди секоја среда :) Погледнете ја дефинитивно!
    http://www.tv-links.eu/tv-shows/Jane-by-Design_29441/ линк каде можете да ја гледате серијата
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Изгледав една епизода и не е лоша. Ама актеркава е грдичка бе, требало посимпатична да стават некоја. И грдо се облака, ама ќе видиме што дизајнерка ќе испадне од неа :lol:
     
  3. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Хахаха незнам зошто но сите викаат дека не е привлечна за камерата :^) Мене ми е баш убава, а за стилот баш и давам 10ка! :lol:
     
  4. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    А каде можи да се гледа,мислам на која телевизија се емитува? :^)
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    3.268
    На roberta-rubi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Jaс не сум ни најмалку заинтересирана за серијава, од прва епизода уште на пола ја прекинав.
    Многу лоша многу монотона, незнам која им била поентата но мене ми делува како без некоја поента.
    Јас ни на млада тинејџерка не ми ја пропорачала, многу наивно делува, пренаивно дури и за мали деца.
     
  7. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    178

    Hipster и јас го имав тој впечаток првите 2 епизоди, но понатаму станува поинтересна. Ја следам секоја среда и има повеќе интересни случки сега. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Интересна е, ја пратам редовно.На почетокот не ме воодушеви нешто многу многу, ама и дадов втора шанса и не знам сега ми е далеку подобра :)
     
  9. sparkle.q

    sparkle.q Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    15
    јас почнав да ја гледам и стасав до 7ма епизода. Глумицава стварно е грдичка а стилот е 10ка!
    А до која епизода се стасани?
     
  10. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Последната епизода некни излезе односно 10та. И толку ќе бидат оваа сезона.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Серијава ми е бааги слабичка. Приказнава потсетува на Ѓаволот носи прада, со некои додатоци. Главната глумица некако е предетинеста, не знам како одма не увидоа дека е девојче.
    Единствено Били ми се свиѓа. :)
    [​IMG]
    Инаку, има уште 8 епизоди од првата сезона, ќе продолжи летоска негде. :) Ова беше mid-season finale.
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Немајќи што да гледам, реков да ги спуштам новите епизоди. Ја имат освежено со нови актери меѓу кои и Teri Hatcher и за нијанса е поинтересна од првите 10 епизоди, ама за пополнување на време не е лоша.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И јас ги загледав новите епизоди. Ама ме збуни нешто.
    Нели Били мислеше дека Зои е сиромашна, а кога отиде да се запознае со нејзините родители во богата куќа не рече ништо? Дали јас нешто пропуштив? :wasntme:
    Пих, не сум ја догледала едната епизода до крај, затоа не сум го видела делот.
     
  14. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Кога си бегаше дома и си ја заборави чантата во колата, и тој тргна по неа, и тогаш дозна.
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Првиот пат кога ја гледав првата епизода ич не ми се допадна, ама сега ја изгледав цела сезона, не ми се виде толку лоша. Малку нерeална на моменти ми е, да не откријат до сега дека е тинејџерка, а и искрено нема фаца за 25 годишна ама ај. И сите мажи во неа се заљубуваат, а тој што вистински ја сака никако да бидат заедно. Симпатична ми е Џејн, и со Били од права епзиода знаев дека има нешто повеќе од пријателство, но сепак мислам дека Џејн малку касно свати.
    Интересно се облекува и има фини фаци. Били ми е многу симпатичен.
    И убава е највната песна, заразно песниче
    http://www.youtube.com/watch?v=p4m_xxjCoXw

    Се шушка дека ќе има и втора сезона веројатно од Јануари, ама не е сигурно ништо.
    Барем да заврши на крај со Били зашто вака не е интересно.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.244
    Ја изгледав последната епизода од првата сезона денес. Океј е серијава, интересна е за тепање време, ама ПРЕмногу е предвидлива. Во која и неволја да западне Џејн, нешто неверојатно се случува и до крајот на епизодата се е во најдобар ред.
    Очекував нешто повеќе од последнава епизода, но истата приказна.
    И ова на крајов што дојдоа Греј и Илај за да прашаат кој ја шиел облеката за претставата...мислам дека лесно ќе се извади. Таму учев па сега им помагав за претставата, бла бла, same old, same old...
    Сигурна сум дека на крај Џејн и Били ќе завршат заедно, знаев уште од првата епизода :D
    Били ми е симпатичен. Не знам зошто не ви се допаѓа Џејн, мене ми е многу слатка и носи убави кошулчиња :D И добро трча на штикли :D Инаку актерката што ја глуми има 24 години :^) Мене ми изгледа за 19-20 годишна.
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    И официјално серијата ја прекинаа :(
    Криво ми е, барем Џејн и Били да завршеа заедно али тоа е тоа, по интернет се потпишуваат петиции да ја продолжат ама кој знае дали ќе успее тоа.
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Еј, така сега незавршено ќе остане? Еве прочитав сега дека ја прекинале. Пих, барем некаков крај да имаше, не дека беше нешт посебно, ама пак...
     
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    И јас прочитав дека е укината, само барем уште една епизода да направеа како две епизоди, поточно како филм и да ги средеа работите до крај. Вака ништо не се знае што се случи.

    А баш се занесов во серијата и за кратко време ја изгледав цела, ми стана секојдневие. :/