Сите ние сме бие некогаш ептен понесени од некоја серија, и сме се разочарале ако прерано ни ја укинале, а сме имале понатака уште многу што да гледаме и откриеме Се мисли на 1 до 2 сезони максимум кои биле снимени за серијата Dirt http://www.imdb.com/title/tt0496275/ Мојот најголем непребол. Дрска, шокантана, скандалозна и забавна, според мене најдобрата улога на Кортни Кокс. Само 2 сезони, штета, имаше многу што да се каже и изгледа во серијава. Јас заразно ја гледав на фокс, одлична серија. Dead Like Me http://www.imdb.com/title/tt0348913/ Веројатно најуникатната и неповторена серија некогаш снимена. Ја прекинаа пребрзо, одвај 30тина епизоди да имаше. Концетот,улогите, настаните се ми беше екстра, 10+ глуспоти што ја прекинаа. Не е страшна, дури ни морбидна не ни беше мене, чудно но вистинито. Главната глумица ми беше преспецифична и одлично се снаоѓаше во улогата Dirty sexy money http://www.imdb.com/title/tt0960136/ За серијава има тема, и таму си ги имам искажано мислењето, дека е една од најдобрите серии за мене. И оваа ја закопчаа со само 2 сезони, ја прекинаа без никаков крај, а тоа најмногу ме нервира. Барем нека ги убрзаат настаните и во 2-3 епизоди да ни го стават крајот. Би гледала и 5-6 сезони од серијава никогаш досадна Аccidentally on purpose http://www.imdb.com/title/tt1441096/ Заразна кратка серија од само 1 сезона и 18 епизоди. Најзаразната theme song после пријатели дефинитивно Џена Елфман ја сакам уште од Дарма и Грег. Серијава можеби не беше измислување на топла вода, но хуморот беше симпатичен и интересна беше идеата и замислата да ги видме како го раснат детото заедно. Ах ми е криво... The Class http://www.imdb.com/title/tt0484082/ Мислам дека го познав одма Мичел и си удрив една заушка, од каде ми е ептен познат Имаше еден убав сплет на настаниве серијава, мислам дека имаше надеж да прерасне во нешто добро. Штета само на 19 епизоди ја оставија. И за серии кои ова сезона ни ги откажаа, Ringer и Аwake Shame on you! Да ви остаам некоја и на вас
Добри серии но прерано укинати И мене ми текна на The Class кога ја видов темава. И за Suits ми е криво што остана на една сезона.
^Втора сезна на Suts 16 Јули http://www.usanetwork.com/series/suits/ http://www.imdb.com/title/tt1632701/episodes?season=2 Вакови лепотани не ги оставаат така лесно, НЕ НЕ Едит- Teddy, сега видов на страната нивна 14 Јуни Season 2 Episode 1- The sicrеt is out a тоа е сега многу брзо Не за друго и мене ми е омилена серија, се нервирам кога грешни информации добивам
A како тогаш втора епизода од втора сезона ја пишува на 21 јуни... на ИМДБ... Ме израдува сеа Хипстер
Brothers & Sisters Не дека се малку 5 сезони, но серијава сепак остана недовршена. Lipstick Jungle Можеше уште бареме една сезона Samantha Who Ее за серијава ми е ептен криво што не ја продолжија, многу ме расположуваше
The Event Sci-fi серија која ја прекинаа после само една сезона. Имаше добра приказна, добра мистерија ама ете. Колку многу можеше да се снима, имаше огромен број на прашања. Не беше монотона ниту нешто видено. Пар, дечко и девојка идат на одмор, таму девојка исчезнува и овој тргнува да ја бара и всушнот налетува на заговор од страна на владата каде дури ни самиот претседател не е моќен да направи нешто. Во затвор некаде далеку се чува група на луѓе, вонземјанци кои изгледаат исто како нас, многу се слични само мал дел од нашата и нивна днк се разликува и единствената разлика е што овие стареат многу поспоро од нас. Подоцна се дознава дека на земјава такви alians не се само оние затворените туку ги има секаде околу нас, дури и во највисоките круови на владата, инфлтирирани со години уназад. И јасно, сријава со една сезона не успеа да објасни ништо. Штета Rubicon Многу интелегентен аналитичар кој разбива кодови кои никој неможе ни да ги види каде постојат. Една сезона само, ќе си пукнам од мака Lie to me За оваа и не сум баш сигурна дали е прерано. Првата сезона ми беше уау, ама после 3 сезони стварно стана монотоно. Сепак добра серија беше, можда би можеле уште некоја сезона. И CSI е крајно предвидлива ама ете си тера 8 сезони веќе Breaking In Многу фина серија, 20минути малку хумор и опуштање мозок. Снимаа една сезона па ја прекинаа. Па друга телевизија ја купи и снимаа 2ра ама пак неуспешно. Ја прекинаа на средина. Лесна серија со многу интересни глумци. Би ја гледала да имаше уште сезони Terra Nova \ Првата епизода ми беше нешто невидено, очекував многу. Понатаму не ми беше толку јака ама не заслужи сепак да остане на една сезона. Нетипична приказна, во иднината светот е уништен од страна на луѓето и дел од нив се враќаат во минатото во земјата наречена Тера Нова за да успеат да сменат нешто во иднината Awake Мајкл преживува сообраќајна несреќа заедно со неговата жена и син. Некој од нив умира. Се буди Мајкл во свет каде неговата жена е мртва и тој е сам со неговиот син. Легнува, се буди наредниот ден и тогаш е во свет каде неговиот син е мртов. И двата светови за него се реални. Во исто време е и детектив кој решава случаеви и се случува нешта од едниот свет да му помогнат во решавање на случајнот во другиот. Само една сезона
Veronica Mars Предобар концепт, возбудлива, интригантна, мистериозна, надополнета со супер ликови и одлична глума. Нетипична американска серија. Вероника Марс (Кристин Бел) - најнетипична средношколка. Има толку добри реплики, дијалози, случаи и секако - романса. Штета, навистина штета за ваква серија чиј рејтинг бил добар да има само 3 сезони. Остана многу недоречено. Cashmere Mafia За оваа дури повеќе ми беше криво, отколку за Липстик Џангл. Само една сезона, абре ајде... можеа уште минимум една. И премалку епизоди, дури и во таа една сезона. Dollhouse Oваа ми е мене непребол. Елајза Душку никогаш не одиграла подобро и не одбрала поумна улога за себе. Само 2 сезони, не сфаќам и не можам да се помирам - како, како само ја укинаа Долхаус? За сите љубители на сај фај, една интересна и свежа приказна. My So Called Life Ви текнува, ви текнува? Туууу, не видовме со кого заврши Анџела. Можеме само да си замислуваме дека бидна работата со Џордан Каталано.
FlashForward Уште ја жалам серијава. Многу беше интересна посебно последната сцена мислам дека останав со отворена уста. И после отварам википедија да видам кога ќе почне втора сезона што да видам серијата прекината. Ептен се разочарав The Class И оваа серија беше интересна иако имаше само 19 епизоди. Штета стварно штета. The Secret Circle Summerland
Како можев да го заборавам, Eli Stone Две сезони и самo 26 епизоди. Имам некоја сериозна манија по правниве серии, ама посилно е од мене. Ја даваа на Нова, уште на времето кога имавме Нова и се скапував од гледање на добра програма. Илај Стоун е адвокаат од Сан Франциско кој откирава дека има анеуризам на мозокот. Илај има доста комични дешавки и се тоа thanks to болеста која ја има. Незнам како заврши серијава, само знам дека многу брзо ја прекинаа. Повод за да си ја изгледам на раат како човек http://www.imdb.com/title/tt0892535/
Brothers&sisters супер серија, незнам зашто ја прекинаа, ама најверојатно заради слаба гледаност зашто ја даваа навечер во 00:30 / 01:00
10 things i hate about you Баш ми се свиѓаше серијава.Снимана според истоимениот филм, излезена е во 2009 и пред некое време ја загледав.Се работи за двете сестри, и нели нивниот строг татко.Епизодите траеа по 20тина минути и ми беше онака чисто за релаксација. About a girl И оваа е од типот лимонатки серии, исто епизодите ако не се лажам траеа по 20тина минути.Интересен ми беше концептот за девојка румејт со 4 машки и не можам да си ја прежалам. Are you there Chelsea? Од типот на двете серии погоре, лесен хумор, си тепав време со серијава.Не дека беше нешто нај, ама заслужуваше уште една сезона барем.
Life As We Know It http://www.imdb.com/title/tt0411004/ Фина, тинејџерска серија. Ја даваа на OBN и се сеќавам дека после школо ја фаќав. Не знам зошто ја укинаа, направија само една сезона. Интересна беше, башка Шон беше главен лик. Бомбона е
Taман ќе барав слика За серијава прво мислев дека А1 ја прекинаа заради тоа што не е откупена до крај (нели, се навикнавме, не е прв пат ), но потоа разгледав дека има само 2 сезони. Ја скратиле заради тоа што немало доволно буџет за да се снима наредната сезона. А и една од актерките веќе е почината, така да, надежта за повторно оживување на серијава ептен се изгуби (не дека не можеа да ја заменат или да и измислат некоја несреќа). Интересна серија, но штета што не продолжи и не дознавме дали и кој е убиецот и што ќе се случи.
The Secret Circle !!!!! Таман ја загледав, ми беше интересна, а посебно крајот сезоната, читам на нет ја прекинале Баш се разочарав, а останаа толку работи недорешени .. дали Кејси ќе остане со Адам или со Џејк, дали ќе се сложуваа со Дијана од кога дозна дека и е сестра.. Баш сакам да ја продолжат.
My Name Is Earl Штета, штета, сеуште кога ќе помислам на серијата ми е криво што остана недовршена. Знам пред некоја година имаше некои најави за филм ама остана на тоа. А Earl Hickey имаше уште многу работи од листата да поправи.
Дефинитивно најмногу жал ми е за The Lying Game http://www.imdb.com/title/tt1798274/?ref_=fn_al_tt_1 Make it or break it http://www.imdb.com/title/tt1332030/?ref_=nv_sr_1