Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    Да си јадеш се, мој совет од лично искуство. Прати го бебе, па ако нешто му смета исфрли.
     
  2. pineapple93

    pineapple93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски

    И давам по 60мл ад, одприлика на 3 саати и плус цица кога и давам ад а и во меѓувреме ако сетам дека сака да цица пак и давам. Мислам дека супер си напредува, утре имаме контрола во Ремедика. Педијатарот од таму ми рече секои 6ч давај по 60мл а јас на секои 3ч давам и се оптеретувам сега и со помислата шо ќе ми кажат, да не ми речат нешто, сигурно многу давам…

    ми се плаче ако ми верувате, згора на се и сопругот ми вика гледаш детето е немирно плаче, гладно е, го измачуваш само дај му дохрана дај му, а кога ќе слушнам “дај му дохрана” незнам зошто многу ме револтира (а тоа е скоро на секои 3ч) и на крај поддршка од никој…


    Фала ви на сите барем за поддршката овде :l:
     
    На tina2018 и pilence23 им се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    38.163
    Пол:
    Женски
    Најлошо е кога немаш поддршка од најблиски овој период,особено од сопругот.
    Јас еве со двете деца имам целосно различно искуство. Првото бебе бубалче, баш како од книга пропишано, до 10 месеци само лежеше, глас му немавме слушнато. Првите денови мајка ми доаѓаше, и јас цврсто убедена дека немам млеко, бутни му шише оно мало не знае, нема осет си го пиеше и после обилно повраќаше. Кога ми текна колку е часот, бебе цицаше до 2.5 год.
    Второво е друго, позахтевно, имаше и грчеви, првата недела може и месец ама буквално 24ч висеше на града. Кога сопругот ќе се прибереше од работа, јас исцрпена ќе му кажам нема млеко цел ден виси на града. И сопругот само ми кажуваша, вас тоа ви е работа, остави се друго дома и посвети се на бебето. И сум му бескрајно благодарна за целосната поддршка.
     
    На tina2018, Oneo, nevermet18 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.188
    Допаѓања:
    124.690
    2-3 кафиња и благо јадам
     
    На Eli23, Srcka28, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.026
    Допаѓања:
    4.850
    Нате од доење со љубов во еден лајв кажа дека нејзините обуки кои ги посетува најчесто се состојат од тоа како родители да воспостават лактација со посвоени дечиња/бебиња на поголема возраст. Ама не, нашиве стари, млекото горчело, старо, не чинело....
    Тргнете се ве молам од такви луѓе периодов и ти и членкава горе, забранете им пристап, многу се фрустрирам, извинете на негативава ама морам и јас да ви дадам поддршка.
    Дојте си ги бебињата кога сакате, колку сакате, каде сакате. Ако си прекинала и сега сака пак дај му и ако сакаш пробај со консултации воспостави си пак лактација, ако ти е напорно и така нема да згрешиш. Млекото ви е најубаво, најхранливо, најдобро, уживајте колку и да е, и кратко и долго, малку или многу, не е важно, ама никогаш немојте да се сомневате во себе и своето тело. :hug:
     
    На MeowMeow, pineapple93, tina2018 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.283
    Допаѓања:
    259.211
    И јас дојам така,од една града на еден подој. Цела ја исцицува и побрзо се најадува. Потоа следната на другиот подој. Некогаш знам од двете да дадам ако се успала на пример.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    707
    Оф мајки од каде да почнам :(... Породена сум царски, поради антибиотска терапија не смеев да дојам првите недела дена, по доаѓање дома започнавме со доење. Бебе вриштеше додека да ми надојде млеко бидејќи многу касно ми дојде, па дадовме АД со паралелно упорно ставање да цица. Второ дете ми е, првото е ексклузивно доено 6 месеци со вкупен доенечки стаж од 20 месеци и душа ме боли што истото не можам да го приуштам и на ова бебе :( ;(. Исфрливме АД на недела дена и бебе цело време плаче, буквално секогаш кога е будна она плаче до помодрување...цица цело време не гледам на саат, мислам дека дојам 24/7 ама после цицање дремнува 10 минути и пак почнува да плаче . Вчера и дадов АД после доење и дете се смири и заспа и спиеше 3 саати, кога стана беше мирна не се будеше со плачки како претходно. Што да направам за да појачам квалитет на млеко, јадам овесни за доручек, пијам чај за доилки, пијам многу течности, не знам веќе што друго да превземам. Ми се плаче искрено ;(;(;(

    Извинете на долг пост, ама душа ме боли од што не знам што да правам веќе. Ве молам за совет, секој е добредојден
     
  8. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Како напредува со тежина?
     
  9. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    707
    Ја носевме на педијатар на 3 недели старост, имаше качено 800гр од исписна тежина (тој период беше на доење и АД)
     
    На tina2018 и Kundace им се допаѓа ова.
  10. TheBluePhoenix

    TheBluePhoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Вака, ние имаме 4 дена, во болница додека бевме бебе многу убаво си фати на града и си влечеше, но јас немав воопшто млеко.. кога дојдовме дома зедовме Аптамил 1 и му давав тоа во комбинација со града, вчера вечерта и денес убаво ми надојде млеко но бебе не сака да фати, со плачки, молења, кенкања едвај да фати.. совет некој? Како да знам дали бебе цица доволно, дали да му давам да цица и да измолзувам плус?
    Знам дека сигурно се научи дека од шише полесно му тече па нејќе на града сега.. ама многу сакам да дојам, не знам што да правам да си фаќа пак како првите два дена ..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    118.908
    Пол:
    Женски
    Е како да не бебе од 5 дена се научило :D
    Ништо се нема научено.
    Нека си цица и одмолзувај се, велиш имаш млеко, ад не ти треба.
     
    На tina2018, TheBluePhoenix, Eli23 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    А зошто да се одмолзува,јас само го дојам бебето не одмолзувам иако не ги исцицува градите,ама цица често, и со првото синче не одмолзував.Млеко имам,некогаш бебето цица 5 мин некогаш 15 мин не гледам веќе на саат.
    Давај му да цица почесто и не давај ад,ке си најдете ваш ритам.
     
    На viniMini, TheBluePhoenix, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    118.908
    Пол:
    Женски
    Оти членката напиша дека бебето не сака да цица, а ако не го вади млекото од градите како би се одржала лактација?
     
    На Bibi_23 и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. joana18

    joana18 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.036

    Кога ќе доиш затвори се во соба , да се поврзете со бебето да фатите ред. Тешко е на почетокот тоа плаче незнаеш зошто ти се нервираш па и коментари од страна. На мене на почетокот уште невидено бебе само на камера одма гладно е затоа плаче, викам неможе да е гладно кога напредна 1500 за еден месец и повраќа вишок млеко и цица од една града. Е многу се нервирам од глупи коментари и никако не им останувам рамнодушна.
     
    На tina2018, pineapple93, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. TheBluePhoenix

    TheBluePhoenix Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Пробав вчера да се одмолзам, малку само истече млеко.. се загрижив да не го оставам гладно.. вечерта со маки се доевме и додека беше на едната града, на другата имаше кругче од млеко, не ми остана памет.. не спиеше цела вечер и се мачевме па сабајлето морав да му дадам АД од страв да не го прегладнувам.. не знам дали да продолжам да комбинирам или да се мачиме со доење, но што ако немам доволно млеко и седи гладно..;(
     
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.251
    Допаѓања:
    118.908
    Пол:
    Женски
    Мила не се откажувај од молзењето. Мораш на два часа да се молзиш за да има млекце и да создаваш ново. Ако не молзиш, ќе престане :(
     
    На TheBluePhoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    2.475
    според мене, комбинирај, и града и ад, прво на града па дај по некое време ад (јас така правам, првите денови го пиеше цело шише 30мл на 3 часа, сега намаливме во 3 шишиња дневно)
     
  18. Bizbiz

    Bizbiz Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2017
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,

    Скоро 2 месеци има бебенцето, цица кога сака и колку сака, на 1 саат, на пола саат, најчесто на саат и пол, и најголемо растојание ни било два и пол часа. Поголемо растојание меѓу подои не сме имале до сега.
    Добивам коментари од бабиве, мајка, свекрва дека наводно не било тоа добро, не му се варело наводно млекото убаво, затоа имало грчеви, затоа плачело и слично. Сум требала да чекам подолго меѓу подои. Прашањето ми е дали тоа е вистина?!

    Друго исто сакам да прашам, градите ги осеќам тврди, ми се полнат со млеко и почнува бебе да цица, дали кога ќе омекне градата тоа значи дека исцицало се?
    Во некои случаеви гледам градата е мека/млитава, а бебе почнува да се нервира и тогаш ја нудам другата и си цица од другата. Значи некогаш цица на двете, а некогаш само на една.
    И дали на следно доење треба да се нуди последната града на која цицало претходниот пат?
     
    На tina2018 и see.emily.play им се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.549
    Допаѓања:
    8.559
    Пол:
    Женски
    Може да се пие блокмакс?
     
  20. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    Може,тоа е бруфен по состав
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.