И моето така прави јас мислам дека на момент забораваат да цицаат па се враќаат немам друго објаснување
Моево така прави посебно последнава недела и тоа само навечер. Денес на педијатар го однесов и ми рече дека е поради грчеви дека го боли уште повеќе мешето како голта млеко. Ние мака мачиме оваа недела цело време прди, се стега, се грчи. Му давам капки инфаколик ама некако слабо му делуваат, па од денес да пробам да го комбинирам со лактаза капки па да видиме дали ќе му олесни.
Јас од двете и давам плус пробиотик и ништо нема ефект. Мојата и не може да кака последно, се мачи само. Дури мислам пауза да направам неколку дена од капките, да не и прават полошо некои. Педијатар ми рече дури не поминат сами ништо нема да помогне многу на грчевите.
Исто и моето потешко кака, на 3-4 дена, некогаш и 5. Педијатарот ми вика и дека често цица демек не може да му се свари убаво млекцето затоа има грчеви и гасови. Ама па кога ќе почне да плаче за цицање не можам да го оставам, а ретко издржува 2 саати најчесто на саат, саат ипол цица. Многу ми е жалче кога е такво се познава дека му е тешко, фацето му се менува
Најверојатно ама оваа недела почна тоа некако после скокот, не знам дали е нормално прв пат сум мајка па синпаничам
Ние го користиме ова, пробиотик 2x6, инфакалм кога не можевме да какаме педијатарот ми зголеми на 4x1ml и за два дена се искака и сега е редовно ок и намалив на 3x1ml, а колиев 6x4 искрено мислев дека е премногу намалив со колиев неделава и се зафркнав денес си продолжив со терапија кко што ми препишаа и сега за сега е ок.
И јас колиеф давав по препорака дека сме интолерантни на лактоза, и после ми смени докторката на Коли прев тука ензимот е веќе активен а кај Колиефот не е затоа се дава со измолзено или ад, овие директ во уста, многу полесни се за употреба а ефектот ист е. И малку поефтинки се.
Исто и мене ми се дешава, дури вчера почна да глуми дека ќе повраќа кога и понудив втора. И мене ми е мисла дали е доволно, па навечер се тегнеме да јаде преку ден е ок. Инаку логиката е дека сега се поголеми, поубаво влечат и побрзо се најадуваат. На пумпање гледам дека од една града вадам околу 100мл за тој период што значи дека се најадува количински ако активно цица. А кога ќе цица и од двете после бљуцка зашто не е нешто вешта со ждригање. Пелени си полни, задоволна е, среќна така да нема простор за секирации.
@kalinaka мојата нонстоп цица 900 грама има во 15 дена ставено, ама ми рече во ред е сега бевме на педијатар. Да продолжиме со капките за грчеви и да и давам кога и да побара, зошто и жолтица има продолжена. Какањето ќе се средело, уште не е дигестивниот систем ко што треба. Тоа е, ќе издржиме.
Добро бе изгледа само мене ми мрчат за тоа колку качува бебето. Мојава првиот месец качи 1500 гр узбуна ми направија, сега за 19 дена ми качи 900 гр пак лом ме направија многу цицала. Па како бе ко плаче за јадење. Сеа стварно ми е топче , ама па бебушче е
@V.N. мене за првото ми викаа, исто напредуваше ама беа постари докторки, сега за доење не викаат. Ама ме праша дали сум сигурна дека само цица се смееше докторката и таму дури запишуваше цицаше. А може и заради жолтицата не ми рече да намалиме. Ќе си направат ред потаму, ќе се стабилизира и килажата, стагнираат пред годината.
Хахаха исто напредуваат нашите за еден месец 1500 гр и денес го мереа за 20 дена 900гр. И нас не искара дека било многу, малку да сме скрателе цицање. Ама како кога ќе му текне за цицање во моментот ако не добие, сите комшии разбираат дека он е гладен од што се дере.
Леле еј пред некој ден истото со комшиите, викам ќе ми се појават на врата со социјална служба И ќе ми рече нека вика остај ја, нека дојде она да ја слуша како вика
И мојата толку вкупно, 1500 од ко не испишаа од болница. @V.N. мене за првото така, а и тироидна да му испитале, а испитуваат на раѓање на сите и во ред си беше. Ене го сега ребрата му се бројат. За него се нервирав, немав испитано скриен шеќер во бременост, ама сега испитав и врска нема дека е до тоа. Колку да кажат нешто..
Ситуацијата е следна. Почнав да го дојам бебето целосно. Престанав да давам молзено од шише. Почна побрзо да се буди и сега ми е залепено на града 20 од 24 часа, карикирам. Полни пелени на секое станување. По 8 ги менувам на ден, повеќе или помалку. Е сега не знам дали се најадува. Кога давав молзено мака немаше, јас го будев за млеко и имав увид колку пие. Сега само бара да јаде, но не знам дали воопшто се најадува и колку количински внесува.