Сега одмолзувам, планирам до 8 да е во фрижидер, и да го извадам и понесам со себе во торбата каде има онаа сребрена фолија за одржување температура. За колку часа смее да се употреби откако ќе се извади од фрижидер?
6ч на тт до 24степени, а со оглед на тоа што ќе го носиш во термо торба може и до 8ч ко ништо да стои.
Уште едно прашање. Градите додега ми беа меки, полни 7 недели од породување. Вчера се измолзував кратко, околу 5-6 минути, извадив 30мл. Станувам ноќва едната града скроз камен и на пижама тече. Другата ок, нормална. Испумпав од тврдата и ме попушти. Сега гледам пак е тврда. Како да правам за да се врати у нормала? Страв ми е да се измолзувам да не направам хиперлактација. Да не пијам чај денес? Да скокнам овес со цимет?
Јас направив да ти кажам од незнаење , па полека ја средуваме сега , одмолзувам пред цицање 20 -30 ml колку да олесни и да може бебе поубаво да ја фати градата , облоги од зелка и полека од ден на ден мислам фаќаме редот не се камен тврди , инаку од сабајле мислев ќе ми прснат со грутки цели, престанав и чајот да го пијам
Јас мидлев дека ми се воспостави лактацијата, дека подолго време беа меки. И шок ми беше ноќва што се стврдна.
На бебиња на цицање само им е течна столицата. Менувај гради ако има подолг размак, ако не дај и време.. брпни ја, чешкај ја, па пак на истата стави ја.
Зашто навечер се лачи најмногу млеко, бебе најмалку цица и се разбудив со камен гради и мокар кревет.
Се разбираме. Јас сметам на екстра млекото навечер, се пумпам и нареден ден и додавам зошто дење не ми стигнува доволно млеко за неа.
Мајки, бебчето го дојам но сакам кога излегувам од дома за да завршам некоја работа да измолзам млеко за во меѓувреме да има ако посака. Земав рачна пумпа baby nova но ич не сум задоволна.. или не ја користам убаво или пумпата е катастрофа... едвај 40мл од двете гради успевам да измолзам и тоа со маки ... бебче напредува супер а само на доење е што значи имам млеко и кога престанува да цица кога го тргнувам од цице млекото само тече... дали е до мене или до пумпата? Да ми препорачате добра пумпа?
фала тии се загрижив вчера и денес диареа по 5-6 памперси какани само има, помислив да не е проладено бебчето ама бојата на какето не ја менува па ајде и со плачење почна…
Мајки пак јас во дилема. Бебушка е 7ма недела, од старт цицаше на 2 саати разлика, па на 3, без разлика дење-ноќе. Последниве две недели еден ноќен подој го зголеми на 4 часа, а овие две ноќи станува со 5 часа разлика. Дали таа сама си го крати ноќниот подој постепено или да ја будам на 4 часа макс? И дали ако не треба да ја будам да станувам да се одмолзувам зошто денски бара сеуште на 3 часа, а ноќта наголемува ете на 5 часа? Се плашам пак од намалување на млекото...
Е за диареата не знам. Мене ми рекоа да не јадам тоа ради грчеви. Подобро консултирај се со педијатар.
Дење немам доволно млеко, сабајле ја дојам околу 6 часот, па кај 8-9 е следен подој ама обично додавам на крај уште 40мл молзено млеко и ги пие сите. После во текот на денот некако губиме ред, и давам да цица кога ќе побара. Наредно за ручек фул доза и давам 90мл, а јас се молзам, ама не сум извадила толку млеко во тој период. После тоа цицање кога ќе побара, па кај 6 пак и давам молзено млеко. После тоа обично ми стигнува млеко. Навечер уште стануваме за цицање, е тогаш имам вишок и се одмолзувам. Е Сега евентуално сакам да скратам еден ноќен подој и по можност да сврзам повеќе саати сон. Дали тоа значи дека ќе ми се намали млекото навечер? Зависам од тоа млеко за да надоместам дење ... И дали можам да зголемам млеко дење после 8 недели? Нели досега е воспоставена лактацијата?
Девојки ја да прашам дали измолзено млеко извадено од фрижидер после 3 часа на собна температура не ми го испие може пак да го ставам во фрижидер па да му го дадам истиот ден нели дека измолзено млеко може на собна да седи 4 часа фала
И мојата е иста возраст, почна исто на 5 саати ноќе да цица. Самите си зголемуваат, доволно е за ноќе. Нема да се намали млекото, ќе се регулира за ноќен подој да е така. Кај мене денски цица уште пречесто и еве градите ми се преполни, едвај чекам да се стабилизираат, неа и е потешко од полни гради ко ќе дои. Јас не би одмолзувала, а ако си напредува добро нема потреба од будење.
Не, се фрла тоа млеко. Не се враќа назад. Некои го користат како купка за бањање, за да не го фрлаат. 4 часа на собна може да седи тазе молзено, не и млеко претходно млеко чувано во фрижидер. На таквото млеко му се намалува времетраењето на 2 часа.
Леле ми олесна, фала на одговорот. Ќе терам и јас според нејзиниот распоред па ќе видам дали ќе се регулираат градите според потребите. Досега супер напредуваше. Колку е нормално неделно/месечно да качува? Првиот месец ко повеќе да качуваше од вториов хмм