Надоаѓа млеко затоа те болат. Може и да ги чувствуваш жешки. Пази да не се направат грутки. Бебе празни ли една града? Ако има потреба измолзувај. Тоа е колострум, нешто најбитно за бебе. Давај го тоа што го молзеш. Прочитај за правилно складирање на молзено млеко.
Да си прашам јас нешто ,ме мачи околу ноќново доење(хранење) сега ќе полниме 4 месеци на 12ти и не знам како да го одвикнам од ноќно доење многу ми е жал зошто кога се буди за цицање се гледа дека е навистима гладен со кејф си пие млеко
Извини на прашањето но зошто би го одвикнала? И моево е колку твоето но не ми е во план да го одвикнам.
Искрено ниту јас не сум за ама сега така советуваат педијатриве и искрено не знам колку е паметно затоа и пишав да видам другиве мајки дали го практикуваат тоа и како
Кој педијатар те советува да не му даваш на бебе да цица навечер? Ова прв пат слушам. Бебе цица кога сака колку сака.
Лош совет. Цица кога сака и колку сака. Ноќните подои се најбитни до кај 8-9 месеци а до 1 година се главна храна.
@Mucika Матичниот педијатар Сега ми е полесно веќе многу ми беше жал да не му давам да си цица цело време ми беше како тежина на душава не знаев како да постапам фала ви многу нема да го послушам
Нека си цица бебе. Понатаму кога ке има оброци, меѓу кои и месо ке почнеш да кратиш. Сега за сега уживајте.
Ех, јас добив совет после прв месец да ја одвикнам од ноќен подој... Докториве сите како различна школа да учеле.
Значи на толку светски кампањи за значењето на доењето и колку е тоа важно нашиве педијатри го скратуваат. Јас стварно незнам дали живееме на иста планета со останатиов свет
Даа, ако прашаш постари од кромидот се зголемува лактацијата Мене за првото не тераа свеж главици да сум јадела, сигурно да Јас имам неколку кеси во замрзнувач, молзев скроз на почетокот, ама изминаа 6месеци Да имав блиска родилка периодов со драго срце би и ги дала на почеток на доење. Читам дека може да се искористи за време на бањање како купка. Не сакам да го фрлам, исто како злато да фрлаш. Можам некако да го искористам поинаку?