На почеток сте, ќе одиш со елиминации и ќе видиш што ви смета. На синко му сметаше чоколадо, ама многу чоколадо, 300гр Галеб , после некое време каснував по малку и не му правеше проблем.
Каснав две бајадерчиња после ручек, со грижа на совест бев после тоа. Полесно ми е сега кога знам дека може да поткаснувам по нешто па да елиминирам ако нешто прави проблем.
Можно е и ништо да не прави проблем, ич да не се потресуваш. Грчеви ако има и без и со храна ќе има. А тебе ти треба како никогаш и витамини и минерали и протеини и јаглехидрати...
Фала ти многу Искрено и јас истото го помислив, што ќе правам со толку рестрикции, сега најмногу ми требаат витамини, минерали итн.
Можно ли е дури сега да ми се средила лактацијата? Веќе не ми се преполнуват навечер како предтоа да не се чепкаат и утоп се правев, а уште цица и навечер по 3-4 пати зависи кога како, исто како предтоа нема промена во тоа. И приметив деновиве не и течи покрај уста од млаз, е сега дали има врска нешто почнавме без силиконските веќе да цицаме неколку дена. И од кога почнавме така некако пократко ми цица и одма се буни се трга неќе, а убаво си фаќа и влече и голта. друго нешто што приметив кога се молзам сега вадам малку помалку млеко, дали цица сега повеќе без нив ли што е незнам. 3 месеци сме дури на 20 ти имам термин кај матичен да видеме напредок, прошли месец скоро 1 кг беше напредната. @AngelOfArh хелп срцка
Па така и се очекува околу третиот месец да се среди. Плус многу значи тоа што цица веќе без брадавица, да знаеш, тој контакт кожа на кожа е магија.
Zdravo, dali kolicinata na izmolzeno mleko za eden obrok treba da bide istata kolicina kako za ad mleko spored vozrasta?
Молам за ваши искуства од кои прехранбени производи и напитоци се зголемува лактација? И кои производи (благо, солено, овошје) да се избегнуваат за време на доење?
Зголемена лактација -од многу течности (вода, чаеви за доилки и сок од јаболкo). Пробајте и со консумација на овесни снегулки, јогурт, млеко.
Побарај чај за доилки во Билна аптека, 6 ќесички се од различни билки, се мешаат сите заедно во стаклен сад и така се чува. Се приготвуваат 4 супени лажици во литар зовриена вода и се пие во текот на денот. Помага многу.
Јогурт, овесни снегулки, хумана инстант чај. И секако вода. На почеток многу ке ти се пие вода и секоја жед треба да ја покриеш со вода прво.
Овесни снегулки, јогурт, сок од јаболко, чај за доилки имаш разни, хип, бејбилав, но пред се почесто доење, за да има побарувачка. Првите 2-3 месеци овично се избеднуваат цитрусни овошја, грав, грашок, зелка, чоколадо за да не им се зголемуваат грчевите. Да напоменам, јас не јадев ништо од ова, скоро ништо и не јадев ама син ми си имаше грчеви.
Здраво мајки, нова сум во темата. Бебето ми е 5 дена. Си дојдовме од болница во понеделникот. Има малку жолтица. Цело време е поспана. Гледам да ја будам на саат ипол два да јаде. Сама не бара никако и не плаче. Многу тешко ја будам, со скубкање,штипкање. Ја расоблекувaм да се олади. Имам доволно млеко меѓутоа бебка нема сила да цица ... Цело време мислам дека не и е доволно. Цицнува па заспива... Ја будам пак ќе повлече 5,6 пати пак спие.. тоа трае по 45 минути саат време... Инаку полни пелени на 2,3 саати, каките се светло зелени,жабуњакови... Ве молам за искуство? Дали мислите дека се храни доволно штом редовно кака? Беше патронажна кажа да и се исчисти жолтицата треба почесто да цица. И сега уште повише се паничам дека не цица доволно. За колку време проаѓа жолтица? Во болница фати дента кога не пуштија ама рекоа дека е многу малку и не е страшно. Ама бебево се уби од спиење...