И јас исто, навечер станувам да јадам благо, е до толку Ама ако во бременост се изнамачив со мачнини киселини.Среќна сум сега што можам да јадам на раат. Инаку бебчо цица по малку, 10 дена е. Се домолзувам што ќе остане, за 2 саати пак градите полни камен.. и така зачаран круг. Или молзам или бебе цица. Тоа правам по цел ден. Кога ќе почне да ги празни до крај да немора да се молзам? И дали правам грешка што се домолзувам па ми иде повише млеко ? Ама ако оставам не се трпи,се стврднуваат и болат дури..
Охх добро е, значи од тоа било. Си викам да не не сум нешто добра така наеснаш што прегладнувам и ноќе што станувам нешто да поткаснам зашто се тресам за храна
Фала мајки за одговорите. Имав 80мл измолзено. Ама ќерка ми не сакала да пие од шише играла со шишето и плукала на лигавка. Ми викаат не е гладна не сакаше да јаде. Одма ми текна дека сигурно не сака од шише а не дека не е гладна. И дадов да цица како да не видела цицаше...
Дури не се стабилизира лактација ќе се преполнуваат, ама нормално е за 2ч да се полни градите, за толку и треба веќе да цица бебе. Ќе пркне почне повеќе да цица ќе баталиш пумпа. Иначе колку повеќе доиш и молзиш, толку повеќе млеко имаш. Пробај да не молзиш до последна капка, измолзи колку да ти олесни и толку, после ќе цица бебе. Млекцето чувај го и ако е вишок смрзни го но запиши си дека е од првите денови, датум стави си, прво тоа ќе си го искористиш. За каши, за кога ќе си излезена... инаку се смета дека првите денови млекото е најкалорично, после колострумот, зошто треба мала количина која ќе му даде на бебето доволно калории за да расте, како тоа расте, се менуваат потребите а со тоа и млекото нели. Ќе видиш, ќе се навикнеш многу бргу, штом цица убаво бебе немаш мака.
Ееее тоа доење/молзење ми додаде 20 кила мене. Читав на интернет дека американките кога молзат јадат снекс за да имале енергија, за поише млеко, што ти јас знам и јас брзо брзо да не останам покусо, награбав бисквити, овошни салати спремав, гумрни бомбони, се што ќе прочитав дека помага за млеко (освен боза) се имав под маса напикано и коа ќе почнев мислиш на пикник. И оп 20 кила плус, а реално само вода ти се пие, екстра оброци не ти се потребни освен малку покалорична да е основната храна, ама јас се зезнав за сите пари. Сега за ова знам како треба
Благодарам на одговорот мила... Што би правеле без тебе на форумов незнам Инаку земав пумпа ама напорно ми е да се молзам а и со рака вадам повише. Додека бебе цица од една града ја стискам другата со рака колку да ми олесни. И да , не ги молзам до крај. Ни па бебе исцицува до крај. Ама штом полни пелени ваљда доволно и е. Утре сме на педијатар, одвај чекам да видам колку напреднала. Не ми се верува дека више има очигледна разлика за една недела. По тешка е ја осеќам и по витална. А не пуштија од болница со 2340 грама.
Како правилно се мрзне млеко? Прво треба да се олади во фрижидер па да се смрзне или директно се мрзни? @AngelOfArh
Може и директно. Но секогаш смрзни го прво тоа од фрижидер, ако го имаш, па после свежо. Пример ако имаш во фрижидер и измолзиш тазе, а не е време за да го понудиш за пиење, смрзни го тоа од фрижидер, а тоа тазе олади го ако не ти треба во следните 4-6 часа.
Девојки, за болно грло и настинка дали можам да земам. Dr. Thaiss и Tylolhot пошто тоа имам дома? Ако не, која е алтернативата? Во нос шприцам Aqua maris. Ексклузивно дојам, малиот е три месеци.
Дали бебињата после секое доење ви ждригнуваат? Јас со мојава мака мачам, ќе се нацица убаво и ја кревам за да ждригне, ја тапкам нежно по грбчето ама повеќето пати воопшто не ждригнува и после од кога ќе ја налегнам да спие повраќа и преку устата и преку носот
Првото бебе никако не ждригнуваше, секако пробав, видеа гледав да бе грешам и се откажав. Второто само што ќе го тргнев од гради, без нешто посебно да правам веднаш ждригнуваше баш секој пат. И двете никогаш не ми повратиле. Само тогаш кога не ждригнува повраќа?
Повраќа некогаш и откако ќе ждригне, но ја приметив дека повеќе кога не ждригнува си повраќа по малце млекце
Од ко ќе се нацица пробај да ја оставиш да полежи околу 30 секунди па крени ја да ждригне. Мојата така обично побрзо ждригнува
Majki dali vie sto doite vi panga kosata selrobav dzabe ostanav bez kosa ova nikogas ne mi se desilo site vikat od toa sto dojam daj kazete nesto pomos ako koristote nesto
Период е кај сите, кај некоја подолго кај некоја пократко трае. Кај мене почна од кај 3 месец па еве до сега 8месеци има бебе и паѓаше. Страшно, дури и влакното ми се смени. Од свиленкаста коса сега имам слаба коса која е цело време масна. Не користам ништо посебно, зошто тоа се хормони, додека се средат ќе се оправи и косата.
Штом повраќа по малку, се прејадуваверојатно, вишокот е тоа. Кај сите е така, ништо не помага, по 6м некаде ќе престане да паѓа.