Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.831
    Допаѓања:
    18.664
    Пол:
    Женски
    Сега за поголемото е најлош период за одбивање. Почекај некое време.
    Замисли емотивен шок за дете од година и пол, нов член да го заземе неговото омилено место кај мама. И без цицање се љубоморни на новите членови, да го одбиеш ке направиш трауми.
    До кога ти сакаш. Јас доев до 3 години, со тоа што речиси една година беше само за заспивање.
     
    На mace89 и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.846
    Мајки, особено вие со поголеми гради, имате како грутки низ градиве? Не знам како да објаснам, ама не се топчиња туку како баш грутки, делчиња.
     
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Имам јас, како млечните жлезди да се, гледав слики такви се ко издолжени грутки.
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.132
    Допаѓања:
    257.846
    Да такви се. И пред доење слични ми беа, баш ко бев на преглед докторот кажа дека се млечни жлезди.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    7.049
    Пол:
    Женски
    До кога ќе решиш ти :) Јас го доев до 15 месеци. Го одбив дека почна многу да ме гризе со забите и навечер исто како твоето стануваше на 1-2 часа за да поцица малку, повеќе му служев како цуцла.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.858
    Допаѓања:
    33.947
    Пол:
    Женски
    Имав, ама кога ќе ја испразнев градата ги снемуваше и мислев не е страшно не ме болеа.Ако не те болат мислам е ок.
     
    На Yowannty и JuLleE им се допаѓа ова.
  7. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Не можиме никако да се наместиме со син ми за цицање. Не може никако гребецот да го фати на ниедна града, се пробав. На бабицата и пишав порака, ми рече ако не може да фати стави капки еспумисан на гребецот, тие се капки за грчеви иначе а ако и тогаш не фаќа остави го рече нека си плаче, нема да изгладне. Но јас му давам со силиконски гребец. И со него не може да фати. По неколку минути плачење и обиди, фаќа на силиконскиот и цица долго ама иначе не. А без силиконскиот не фаќа ни по неколку минути. Кога ќе почне да цица, цица ептен брзо, брзо голта, се нервира се трга и плаче, па по неколку обиди си продолжува да си цица на силиконскиот а без него никако. Затоа се мислев читав тука да немам млазови, ама ако е така зошто со силиконскиот продолжува да цица а иначе не? Тогаш до гребецот ли ќе е. Решение има ли? Ги пробав сите позиции, го нудам гребецот на различен начин, ама го зема го тегне и се трга со плачење. Порачав и пумпа, ако не може вака никако да цицаме, бар да се одмолзувам и да му давам мое млеко со шише или лажиче. Се плашам и на силиконскиот да почне да обива па да бидам спремна. Не знам како е најпаметно да постапам?
     
  8. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    3.949
    Пол:
    Женски
    Како го одби? Постепено не можам, плаче. Наеднаш или секој месец по малку да намалувам, и пак ќе остане навечер да цица. Еве сега заспа во 9, сигурно ќе стане кај 12, па после во 2, па во 4...
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.374
    Допаѓања:
    108.082
    Пол:
    Женски
    Гребец претпоставувам е брадавица. Од контекстот. Ако цица со силиконска брадавица што се нервираш толку, битно цица. Ќе се навикне, не се потресувај. Ако цица не се лажи да молзиш, не е исто ко и доење верувај, ич не е исто. Од искуство ти пишувам. Остави го како сака да дои така, битно е да дои ако веќе си решила. Да не имаш вовлечени брадавици или пак многу големи брадавици па да не може да фати асално. Можеш со силиконска да нудиш, па кога ќе фати убаво потргни ја и понуди му без неа дали ќе продолжи, ако не продолжи ако уште се лути ќе ја вратиш силиконската. Ќе се одбие ако даваш шише, а од силиконска нема да се одбие, така да дој си колку што можеш и без мисли за одбивање, можело, не можело.
     
    На Srcka28, Freckles. и Eluna им се допаѓа ова.
  10. Eluna

    Eluna Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2019
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    407
    Пол:
    Женски
    Да ќе пробам и така да направам, секако не ми се прави ќејфот за молзење. Брадавицата е иста ко до сега, на почетокот цицаше нормално ама почнаа да ми крварат и почнав со силиконска. Откако оздравев, ја тргнав силиконската, си продолжи нормално да цица долго време се до пред неколку дена. И сега ја вратив силиконската. Добро, ќе продолжам вака со силиконската.
     
  11. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Мајки, бебе има 50 дена, на комбинирана исхрана сме. Педијатарот вика денски еден подој да биде доење, друг да биде АД, додека навечер само доење, Со оправдување дека денски ќе има доволно време да се создаде доволно млеко преку еден подој. Некој со вакво искуство?
     
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    5.939
    Допаѓања:
    28.557
    Пол:
    Женски
    И јас доев само навечер. И ми се преполнуваа градите во текот на ноќта ама преку ден ни за во око да си прснам немав.
    Мада јас преку ден пробував да дојам па после давав АД, не прескокнував подој. А може требало :^)
     
    На Perla* му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    7.049
    Пол:
    Женски
    Постепено. Прво дневните му ги заменив со оброци па потоа ноќните. Заспиваше со цицање па првиот пат кога ќе станеше со цуцла или нишкање го презаспивав. После некој ден друг подој ќе му скратев последен беше тој за пред спиење. Мислев дека ќе биде тешко но за три дена се одби и не побара пак.
     
    На tina2018 и Arababy им се допаѓа ова.
  14. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.195
    Ваков совет од педијатар доби и моја другарка па млекото почна се' повеќе да и се намалува, евентуално и' прекина.

    Искрено не би ти препорачала да прескокнуваш подој, треба да стимулираш, а најдобра стимулација е празнење на градите. Јас исто доста се борев со недостаток на млеко преку ден, па често се измолзував со пумпа и давав со шише. Можда не е идеално давање шише, ама мене во околностите ми одговараше. Откако ми се регулира млекото, веќе сме цело време на доење, сакам и шише да и давам ама борби е, омилено и е цицање.

    Ако ептен не вадиш со пумпа, подобро дај да цица па понуди вештачко.
     
    На Perla* и le.soleil им се допаѓа ова.
  15. Arababy

    Arababy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2021
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.022
    Пол:
    Женски
    Иста тактика јас за ќерќе имав!
     
    На tina2018 и Coco31 им се допаѓа ова.
  16. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    После колку време ти се регулира млекото?
     
  17. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    4.106
    Пол:
    Женски
    Знам… размислив и на тоа ама некогаш неможам да си ги контролирам чувствата, едноставно ме фаќа нервоза. Ќе пробам да издржам барем додекс тргне во градинка за некој месец :hug:
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.374
    Допаѓања:
    108.082
    Пол:
    Женски
    Ма какво скокање подој, кој ти го дал овој лош совет? Млеко се создава само со повеќе цицање, со повеќе контакт плунка на брадавица, со повеќе гушкање и влечење од бебе. Тоа чаеви, тоа сокови се тоа помага, ама ништо како бебе. Ти пак ќе дадеш ад ако е гладно, ама прво на града да цица. Градата не е тетрапак млеко па да се празни и полни кога ќе се испразни, градата се полни со секое доење и тоа поинтензивно. Не велам не давај ад, велам не скокај подој.
     
    На arontt, JuLleE, TheGoldenPeach и 10 други им се допаѓа ова.
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    3.195
    Околу 2 ипол месеци. Не се сеќавам точно. Навечер после подој се молзев (обично после првиот накај 1 или накај 4, тогаш секогаш имав вишок млеко), па тоа млеко и го давав нареден ден пред спиење. Слабо напредуваше првите два месеци, морав да дохранувам некако, а сакав максимално да избегнувам вештачко млеко. Не велам дека е погрешно да се даде, само дека јас не сакав да давам, бев решена да пие бебето мајчино максимално колку што може.

    Евентуално веќе не беше потребно да пие од шише навечер, имаше доволно за цицање од градите и не пиеше многу од шише.

    "Маката" сега е што не сака воопшто шише (иако секоја вечер и давав за да не се одвикне, џабе), па не ни можам долго да ја оставам со друг. Можда треба да пробам некое друго.

    Во секој случај мачно беше и можда не беше идеално решение моето молзење навечер, ама од доктор еден корисен совет не добив, ни од педијатар, ни од мојата општа матична. Тоа што успеав да дојам е резултат на читање по интернет, на форумов, и многу мака.
     
    На Perla* и Freckles. им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.831
    Допаѓања:
    18.664
    Пол:
    Женски
    Нема правила, мене до кај 9-10 ми се преполнуваше градата од која не цица и молзев.