Sekako deka cica,kaj i da e i po 120ml ke pocne da cica,bravo za bebe.najubavo ke si osetis samata koga treba plus i kolku treba,eve mi se slucuva samo ednas da dadam i toa da ne e celo ispieno,ili pwk dva pati i uste da slapka so usteto.Bitno da napreduvaat,nie sme tuka sto i da treba
Здраво мамички. Сакам да ве прашам доколку сте имале искуство со примање терапија со метилергометрин капки а притоа сте доеле. Јас треба терапијата да ја примам три дена но ми е страв дали тоа негативно ќе делува врз бебенцето.
Девојки, дали некоја се соочила со ситуација каде бебето цица по 4-5 минути на подој и после не сака да продолжи никако. Дополнително, плач за јадење нема шанса да му чуеш. Го ставам на града што почесто само за да внесе барем нешто во него. Најчудно ми е што и покрај се, супер си напредува и полни пелени редовно. Сите ми коментираат најадено е чим не плаче, али како бебе од месец дена може толку малку да цица, кога читам дека подоите ви траат по 20 минути, пола саат, ми се плаче, не знам како дополнително да го стимулирам...
Сакав да дарувам крв на работа кај мене ама не ми дозволија дека доилка сум , а 18 месеци е веќе.. Која е логиката да не дозволуваат?
Моето беше исто тој период, т.е. уште е, сега три месеци има. Откако е родено нема заплакано за цицање, јас го нудам. Бабите на глава ми се качуваа со тоа требало да цица 20 мин. Ај натерајте го да видам. Цица 5 мин на една града само, плука брадавица и затвора уста и нема шанси да отвори пак. Ама цица со брзина на светлината, заборава и да диши некогаш. Штом си напредува нема зашто да се грижиш. Такви си се децата, тоа е
Добро е, не сум била само јас со овој проблем. Се надевам ќе ојача уште малку па можеби ќе цица и повеќе или ќе тераме вака и понатака како во твојов случај. Фала за споделеното искуство
Исто е и моето бебче. Така е од прв ден. Се роди многу мала 2500. Цица 5 минути максимално, може ни толку. Јас имам многу млеко не ми празни ни една града. Првиот месец бев под стрес константно дека не е најдена. Ама како што кажуваш никогаш не заплакала за јајдење. Еве 2 месеци сме. Дури и вечер кога се буди. Ми прета до мене и така се разбудувам и давам цице. Она речиси никогаш не се разбудила со вриштење дека е гладна. Ми напредува супер. Секој месец по кило качува. Така да више не се замарам. На саат никогаш не погледнав... Нудам често некогаш ќе прифати некогаш кога не е гладна уста не отвара...
Исто, константно сум под стрес дали му е доволно тоа што го влече или да не ми се намали млекото зошто не стимулира многу цицајќи...И моето се роди поситно, на килажа супер напредува до сега ама пусти страв...Јас по совет од педијатарот во текот на првиот месец го будам на 3 саати за ноќен подој, а верувам да го оставам ќе си спие 5-6 саати без будење. Преку ден се борби, само нудам, кога фаќа кога не, останува да се тешиме дека ќе сменат на подобро
Јас само првата недела ја будев на саат ипол зошто имаше жолтица. После сама почна да си станува на 2 саати . Ама ти викам ме буди со мавање и претање. Може и да кенка ама никогаш не плаче навечер Сега сме 2 месеци и нешто. Почна да сврзува прва дремка 4 саати. После си станува на 2. Ако ти напредува не се замарај.. мене педиатарката ми објасни дека можеби ми е поголем млазот на млекото што тече и бебето цица побрзо и за тоа му е доволно помалку време за да се најаде. Првиот месец бев со цицките "на изволте" постојано.Сега колку цица цица и собирам цицки. Полесно за нас што се најадуваат побрзо . Ич не се секирај ако напредува топ.
Моево ни кенка, ни прета, ко да не му текнува дека треба да јаде. Дека сме среќлики што не висат по цел ден на града е факт, ама пак психата си работи да не правам нешто погрешно или детево да не има некој проблем. Ептен ме смири со муабетов, фала ти од срце
На иста мака сум и јас. Речиси два месеци е бебе многу малку временски цица. Еве денес на пример ќе поцица малку околу 2-3 минути и заспива. По саат ипол два и пак исто ќе поцица малку и пак заспива. Се ми се чини не е најадено. Ноќе прво станување и е на 4 часа после тоа на секои два часа се буди за цицање и тоа само со претење. За јадење не заплачела никогаш. А супер си качува на килажа, пелени полни и мочка и какани. Кога давам од шише околу 70-75мл пие многу ретко 90-100мл да испие.
И моето првите месеци цицаше по 5 мин, истите дилеми и јас ги имав и баш прашував и тука, ама цицаше на еден ипол саат преку сила. Напредуваше по 1,5 кг првите 2 месеци. Исто еден подој една града, еве 6 месеци уште ни еден подој од една града.
Очигледно не е ретка појава ваквата ситуација, само нервите да си ги дочуваме, друго не ни останува Јас шише не давам, страв ми е да не се заучи така зошто му е полесно па скроз да батали цицање. Не знам колку е исправно, ама се трудам да терам така додека напредува добро само цицајќи
Штом си напредува не е страшно, си внесува доволно млеко. Ние од почетокот по толку цицаме, зависи некогаш повеќе ама тоа е кога заспива на цице, па еве сме веќе 7 месеци.
Расоблечен, добро мојот е роден септември па така успевав некако септември и октомври. Првите 2 месеци мислам нон стоп беше на града, цицаше на саат саатипол. Околу 3-4 месец на 2-3 часа. Сега, 5 месеци веќе може да се каже дека има некој ред па цица на 3-4 саати преку ден, и ноќе на 3 часа.
Еднаш после утрински подој му дадов Д3 на Пливит (огромна грешка) и ми поврати цел млаз. Кога видов колку млеко има повратено од тоа 5 минутно цицкање престанав да се замарам за времето на цицање
Сличен проблем кај мене. 2 месеца е бебето, подоите се кратки, цица макс 5 мин, после се трга и вришти. Педијатар ми рече можно е да немам доволно млеко зашто со елек. пумпа едвај 50-60мл вадам. Сега пијам и до 3л течности на ден, ама без успех ((
Ако бебе напредува не е проблем што цица кратко. Моето на почеток висеше на града по саат и пол. Сега за 5минути е нацицан, а минатиот месец стави 1600гр. Така што ако добро ти напредува немаш простор за грижа. Инаку, се работи за 2 и пол месечно бебе.
Здраво мајки, еве сум и јас во оваа тема. Пред една недела се породив природно. Форсираме цице цело време, бебуш се роди со ниска родилна тежина 2500гр и затоа повремено ни кажаа да даваме и аптамил дохрана. Бара да јаде на 2 часа Вчера и завчера градите ми беа фул, дури морав да се измолзувам. Молзев по 30/60/80мл макс. (Кога како) Денес градите ми се меки, мали, со молзење на излегува ништо… пијам чај за доилки, сок од јаболко, многу вода, јадам овес…не знам како можам да го стимулирам за пак да дојде и како може вака преку ноќ да секне. Иако немам упорно на цице го ставам, излегува по некоја капка, се задржува по 10/15 минути ама не знам дали цица или само така на празно си влече. После цице морам да дадам и дохрана, си ги пие 30мл/60мл кога како. Бевме на прва контрола, само 10грама е напреднат. Да напоменам дека психички малце не сум добра, често плачам, не знам зошто, под стрес сум и имам стегање во градите. Цела среќа маж ми ми е поддршка во се. Ве молам за помош ако некој знае како да си помогнам.