Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    Баш ме насмеа:Dсите сме исти,само упорност ни треба и се ќе си дојде на место,кај 4-5 месеци веќе стануваат ептен искусни
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    942
    Пол:
    Женски
    Пиете ли јогурт?мене литро ми е малку на ден само тој ме разладува.
    40 дена по породување добив :(
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    26.084
    Пол:
    Женски
    Јогурт се препорачува за млеко. И јас ваљда добив пред 2 недели некаде.. не знам, со Н. после 4 месеци добив и беше најнормална менс, сега 2-3 дена многу малце имав количински и затоа не знам дало беше менс или некое дочистивање/реакција шо бев болна.
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Барајќи други информации, еве после толку години јас налетав на ова напишано. И сакам да ти се заблагодарам за секој напишан збор.

    Јас доев од почетокот, не се откажував иако и моето бебе беше малечко, на инсистирање на баба му дадов ад за да биде мирно и најадено. НО НЕ СЕ ОТКАЖАВ, плачев но бев цврста и решена дека сакам да дојам и НЕ, не ми беше тешко да дојдам на побарувачка (што беше често, првиот месец два да речам можеби и на час и пол) а одоклу само слушав 'пак ли ќе цица?!'

    Јас имав се повеќе и повеќе млеко
    Моето дете напреднуваше брзо како што кажа ти до одреден период (6,7 месец а потоа стагнираше ради лазење и движење)
    Е сеуште буцкаст, мишелинко итн но воопшто не ми е грижа на совест, затоа што е цврст, јак а никогаш гојазнест

    Ти благодарам повторно на овие охрабрувачки зборови за сите :l:

    П.с слушајте се себеси, вашиот внатрешен глас и желба- не свекрвите (а и мајките)
     
    На Ceneva, Leanne, Veki4kaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Јас добив минатиот месец (после 9 цели месеци)

    *Природен пораѓај
     
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Пијам, 2 пати на ден сигурно.
    И безалкохолно пиво ме освежува.
    Нешто и мене како да ме фаќат менструални болки :^)
    Ќе видиме дали ќе добијам. :|
     
    На Bebence29 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Многу ми е жал што како држава немаме некоја стратегија, кампања, што било, на тема доење. Форумов е одлично место за наоѓање информации, но мислам дека примарно информациите треба да доаѓаат од здравствените установи.
    Кај нас како без компас некако, сите ги признаваат бенефитите на доењето, никој не нуди советување на мајките за како тоа успешно да се постигне. На оваа врска треба да почне да се работи уште во родилиште, мислам дека таму треба да се има најунифициран пристап кон доењето и како успешно да се започне таа доенечка приказна. Не сфаќам зошто се брза со давање ад уште во родилиште, бебе кое до пред три часа било поврзано со папочна врвца за мајката не е гладно!
    Треба работилници и тренинзи и за вработените, науката и медицината се движат константно. Доста со тие застарени совети и пристапи.

    Читајќи ги постовите на форумов, а и од искуства на мои блиски, испаѓа дека во земјава има доенечка криза. Не може грото од родилките да имаат недостаток на млеко, како што тоа често се сугерира од докторите. Давај ад по потреба, како најчест совет....мислам, каков совет е тоа.
     
    На see.emily.play, MeowMeow, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Leonessa Moon

    Leonessa Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2023
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Се согласувам...
    Потполно. Прекрасно напишано. До вчера поврзани со папочна врвца, а другата ден АД..
    (не зборувам за морални исклучоци)

    Во ист гејт мол видов оваа слика подолу и многу ме израдува и позитвно ме изненади..

    Јас кога се породив (за среќа ќе кажам во друга земја) веднаш бебето ти го ставаат на града. Доаѓаат сестрите секој ден, те учат, ти помагаат.
    Буквално дома одиш со полн елан и љубов да доиш ( е сега како домашните понатамо ќе ти го направат ентузијазмот и волјата зависи од карактери)
    НО дали верувате, се молев за да ми дадат 20мл млеко бидејќи бебето плачеше, и не добив!!
    Само ми велеа 'на града, на града...'
    Да некако третиот ден успеам да ја убедам една сестра велејќи ми 'не му го давај цело, ќе се најаде" (сега ја сфаќам логиката, ако се најаде нема да цица-ако не цица нема лактација)
    А јас мислев сакаат да го остават гладно ...хих

    Кога дојде една сестра за нега, ми објасни дека не треба да се грижам. Дека новороденчиња може и до 4-⁵ дена без храна да бидат,бидејќи сеуште имаат храна од папочната врвца (доволен период додека надојде млекото)
    Се е поврзано
     

    Прикачени фајлови:

    На MeowMeow, 1209, Giovanna и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Има обиди за да се потенцира важноста на доењето, ама само во приватните болници. Во државните се прескокнуваат милијарда препораки како за водење бременост, така и за постпородилниот период. Јас секогаш викам нема мајка што нема млеко или мајка со неквалитетно млеко. Ама има мајки на кои не им се дадени доволно насоки околу доењето, а сами не се информираат.
    Да се породев во државна болница ќе инсистирав да ми се даде бебето за да го ставам на града од старт, ама за жал прашање е дали ќе ми беше овозможено тоа. Некако не ми се верува..
     
    На Leonessa Moon, MeowMeow, Lavender13 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Kokicemalo

    Kokicemalo Нов член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мајки молам за помош, бебуш ми е месец дена мака мачиме со доењето, си вицаше убаво до 3 недели но по препорака на педијатар почнав да и давам по два пати на ден ад заради тоа што неделно качуваше само по 100 грама, дадов па качи 500 грама за една недела па било многу.. е сега сакам да и ја тргнам дохраната но како да немам веќе доволно млеко, цица максимум 10 минути и после тоа плаче како да не е дојадена ако се стиснам навистина нема повеќе млеко. И временскиот период за создавање млеко ми е некако поголем ми треба сигурно 2 часа за да ми надојде млеко а она неможе да издржи толку време. Навечер немам таков проблем градите ми се цело време полни и убаво си цица тогаш дури и чаршавите ми се мокри секоја вечер но да измолзам неможам ни 20 грама. Ве молам за совет како да зголемам лактација, пијам чај Лактамикс и Лактил таблети. Имам преголема желба да ја дојам, извинете за долгиот пост
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Пробај и со исхраната да стимулираш. Многу течности, леден чај, сок од јаболко, јогурт, јаглехидрати, овес итн. Дохраната постепено тргај ја. Во краен случај молзи се навечер и давај го тоа со шише. 100 грама неделно не е идеално, ама 500 па е стварно многу. Не се обесхрабрувај, уште сте многу малечки и тек се воспоставува лактација. Ќе си дојде сѐ на место.
     
    На Kokicemalo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.175
    Допаѓања:
    26.084
    Пол:
    Женски
    Ист случај и кај мене. Со првото немав 4 дена млеко, дома ми дојде и тоа оро вртев од радост.
    Беба подсинуваше од плачење за јадење, они ми викаа мајкаа бебето на града, пумпи ни даваа од болница и само влечев, маа рани, крви бев направена, млеко никаде, бебе ја корнеше болницата, едвај ми дадоја шишенце за да ја смирам, тогаш ми рекоја цуцла никако, кога ќе ти дојде млеко ни шише никако.

    Прбо поддршката за доење во болниците во Мк ја нема, потоа од дома слаба поддршка, наместо да ќутат, си земаат за право да ја докрајчат мајката, трето нема опуштеност од страна на мајката ако треба да се дои бебето во јавност.

    Се сложувам со коментарите погоре, доколку бебето нема некоја пречка при влечење, не гледам причина зошто мајката да нема млеко ако е упорна и има желба.
    Пример, бебе дома плачеше, грчеви на најјако беа тогаш, баба ми ме прашува да не е скислено млекото оти спиело, не цицало долго, па може му горчи. Шо да ви кажам повеќе?
    Свекрва ми по телефон се чуди како тоа бебе цицало на толку краток размак и подојот траел толку долго. Ете чуди се.
    Старите генерации се за жал неинформирани околу доењето, јас околу мене не познавам жена на мајка ми генерација која има доечки стаж и тие истите поповет како треба. Па уште коментар ама синее, мене ми беше потешко, јас додека го направев млекото маж ти зајдуваше, паа лади го да не му биде жешко ехее време се губеше, а уствари доењето на почеток е предизвик и напорно и болно и се осеќаш како подвижна млекара и немаш време да се исчешлаш, за на крај некој да те "убедува" дека немаш млеко пошо цицало на еден саат.
    Ајде овие нашиве толку знает ќе речиш, ам докторите?
    Според мене Ад и царски во Мк ептен се "форсира" требело- не требело
     
    На Leonessa Moon, see.emily.play, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    942
    Пол:
    Женски
    IMG_3753.jpeg
    еве како до повеќе млеко со помош на пумпа ,се друго ти објаснија убаво @Bella_Stella и @Bubish26
     
    На Leonessa Moon, Kokicemalo, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Мислам и дека редно време е педијатрите да се однесуваат како да имаат докторирано на тема лактација и да даваат вакви совети на мајките, од типот на немаш млеко. Има еден куп збунети мајки на кои на еден преглед педијатарот советува дохрана, на следниот преглед вика ее ама многу напредува од дохраната, да се укине. И што да прави мајка во тој случај? Мора едукација и на стручниот кадар на оваа тема, ова е страшно што се случува.
     
    На see.emily.play, MeowMeow, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    18.647
    Измолзено млеко,извадено од фрижидер и затоплено (со топла вода) колку време може да стои?
    За тазе молзено знам дека е 2 часа на собна,24 часа во фрижидер.
    Но во дилема сум ако сум го затоплила целото а испил половина,колку време може да стои остатокот што не го испил?
     
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    5.767
    Пол:
    Женски
    Еден час од почетокот на пиењето.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    18.647
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Точно дека изворот на информации околу одгледување на бебето треба да доаѓа пред сѐ од доктори, ама многу од нив толку се и стручни за жал. Даваат застарени препораки и не следат новитети.
    Јас тука голема вина гледам и во мајките. Кога веќе сме свесни во каков систем живееме и сме оставени да не речам сами на себе за некои работи, мора да се едуцираме. И мене матичната ми вика ќе даваш водичка ако се стопли времето ептен, на што јас само реков ‘аха’, а да дадам нема сигурно зошто сум се информирала дали треба или не.
    За разлика од порано сега има милион извори на информации и со помош на соодветно селектирање може да се дојде до корисни препораки. Само треба да има воља за едукација кај мајките, кога веќе системот потфрлува.
     
    На Leonessa Moon, MeowMeow, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    942
    Пол:
    Женски
    да
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.272
    Пол:
    Женски
    Како мислиш 24ч во фрижидер. По нови некои препораки е 4 дена во фрижидер, јас пред 7г чував по 7 дена. На собна до 24 степени 4 часа. А извадено стоплено и почнато се пие во рок од 1ч. Не фрлајте млеко безвезе нема потреба, ставај во помали порции во чашки во фрижидер и вади 10мин пред пиење на собна е доволно, топло е сега, зошто са грееш млеко во топла вода. На синко му го носеа запотено ладно во болница и дома давав директ од фрижидер па никогаш не фати грло во 7г негови.
    Да, ако молзиш со двојна нормално дека и за двете се однесува, ако молзиш со единечна рачунај дека ти треба дупло. Најчесто практикувај навечер.

    Инаку се слагам, нема апсолутно никаква едукација за мајчино млеко. Во болница се претерува со тој шприц, со тоа насилно давање млеко, на малово му даваа во Чаир по 2 шприца, бебе од 3 дена, едвај знае кај се наоѓа они шприцот врррр..... тече по него, се дави, и после не сака да цица, нормално дека не сака, ќе се мачи ќе влече кога може наеднаш да го добие тоа млеко. Не е будала. Подобро најди добро шишенце и менувај почесто цуцла, отколку шприц, или уште подобро ако дои вметни систем за релактација, ем ќе работиш на количината на млеко. Ама да бидеме реални, се помалку мајки се изложуваат на овие "маки". Од пријателки, колешки и другарки 7 се породивме изминативе 6м, само јас и уште една доиме, тоа се се откажа зошто немале млеко.
     
    На Bebence29 и Bella_Stella им се допаѓа ова.