Ние во првиот месец ставивме 1.200 така да можно е, првите два месеца најмногу стават. И без паника и ние така се меревме дома на секој трет ден. Само тој да цица и да полни пелени сето друго е неважно. Гушкајте се
Можно е и повеќе, моите двајцата на доење по 1500 ставаа првите месеци. Штом има полни пелени во ред си е.
@AngelOfArh се е како што напиша. само за какава ме збуни кај нас е кашава како подурдена исто како кога ќе бљуцне сварено млекце. нормално ли е ? Ќерками какаше течно. он не и баш ми беше мисла зошто вака кака.
има некоја мајка што дои и прима терапија за тероидна? ја добив во бременост како шлаг на тортата на крајот
Мајки, дали ги масирате градите од причина да не свисна пост доење? Има едно масло на Веледа, денес е на попуст, 600 денари, демек за гради при доење. Ама мене не ми треба за лактација туку за циркулација за да се задржи изгледот колку толку, и големината. Го користи некоја маслото или може било какво масло?
Епа не му се сеќирај. Мачорко голем да порасне! Нема шанси да превенира нешто, според мене. Ако доиш долго време ништо не помага. Не знам може до мене е, ама мене тие работи ми се сосема природни и не ми сметаат, брчки, стрии, гради виснати, се тоа е дел од животниот циклус. Е сеа ако е претерано до папок ќе одам на пластика, ама за нормално попуштени гради не планирам да правам ништо посебно. Градници добри и толку.
Јас Ангела сакам големината да си ја задржам. Не сакам по доење дс ми се смалат. Со првото се смалија и се доведоа до големина помала и од претходно. Нека се и виснати ама со оваа големина, а не во минус. Не ги сакам во минус Прајте ме себична ама ако треба ќе дојам само до годината здравје потоа со купечко ќе продолжам, ако до времетраењето е. Со првото доев 20 месеци точно, и потоа добив сушени пиперки. Не би повторно.
Мајки што давате молзено или ад ме интересира колку мл пред вечерно спиење давате На свадба сум сакам да одмолзам па колку пијат 3 месечни бебуши до сега сме на ексклузивно и директ од цистерна па затоа немам пракса за ова
Ако еднаш биле суви пиперки пак ќе бидат суви пиперки, нажалост. Макар и одма прекинала да доиш. Тоа е. Штеди мајка за пластика и готово.
За жал такви се особено на поголеми гради повеќе се познава. Имаш естетска хирургија или да пробаш со кремот на евелин за поткренување на гради од кога ќе завршиш со доење.
Не ми е толку за свиснувањето, колку за големината. Значи и така ми се мали, не сакам да се смалат уште. Како да ја задржам сегашнава големина...
Мамички бебе овие два дена ме гризе цело време за брадавица и ја врти главата на друга страна ме тегне, страшно боли. Цица 5 мин и почнува да си игра. Мислам дека си игра. Знае и да ме погледне во очи во тој момент и да се насмее. Ако го тргнам скроз плаче, не е најаден. Како да го спречам? Не сакам да помислам кога ќе искочат заби ако прави вака..