Не се измолзував,прекинав две три недели скроз,сега пак почнав ама само по некоја капка излегува. Сакам скроз да го вратам млекото..
Еве повели ова ако ти е од помош.. Јас пробав само не со овој на медела, туку со шприц и игла за бебешка инфузија сама направив, ама малку е попипаво и треба ептен спретност Ако сакаш ќе ти објаснам како оди постапката Спојлер https://www.medela.com/breastfeeding-professionals/products/feeding/supplemental-nursing-system
Пробај со еден оброк, одбери кој ти одговара, биди опуштена. И дај му само да цица. @Sofi.ja Јас ноќе не ја кревам да ждригне. Кога ќе ги исцица двете гради и гледам дека заспива, се тргам и продолжува со спиење. Досега не се случило ноќе да покажува знаци дека и' е тешко на мешето, не бљуцка, не плаче. Кога го даваш Бекутанот?
Јас ги користам ама некако не ми помагаат, па си велам да не грешам нешто, тајмингот да не го утињам. Дали на саат ги даваше (пример на 6, на 8 ) или ако почнат грчеви па тогаш.
Немаш потреба, мислам ако не му прави проблем да има како грчеви не се мачи да стануваш остави да спие бебе. Зар првиот скок не беше во 2ор месец? Можеби има некоја мака растат коски го болат, можеби е меше друго нема зошто да одбива. Не може ништо да не му е од шише, а од градада се дере, може и фаза да му е некоја.
Се случуваше истото да го прави баш тој период и сега повторно на 3+ месеци. Гледам да ја фатам во некој полусон и да и понудам града или малку измолзено млеко капнувам на града колку да се залаже или и шише ќе и дадам колку само да повлече и после веднаш града.
Здраво, имам прашање до тие што се на комбинирана исхрана (доење +ад), како правите дали прво нудите града па потоа веднаш АД или пак чекате некое време за да дадете АД, и дали потоа во наредните 3 часа давате пак града доколку побара бебе. Во мојот случај секогаш прво ставам на града, па потоа давам АД, но многу често за час ипол бебе пак е гладно и бара града..
Јас на саат скоро за ништо не следам. И така ми лета времето уште да следам саат да ме удри уште толку дамла.
Добро, така спомнав саат, да не се даваат така си реков. Тогаш кога даваше? Кога ќе почнат грчеви? Кога нема грчеви?
Сабајле после доење, кога стане тогаш, не чекав грчеви и навечер после бањање. Се сетив баш дека давав 2 пати прво дека вриштеше многу и после веќе по 1 навечер само кога се потсмири.
Извинете можеби постот не е за тука но дали може да ми кажете каде се наоѓа советувалиштето на Јасна Апостолски НИколов
Имаше 2 локации, но не знам дали сеуште ги користи двете. Старата е близу Идадија, позади бугарска амбасада а новата во Аеродром на Трета македонска бригада.
Стисни го кај ушињата да не се, мене така ми правеше и излезе воспаление на ушите. Можеби не е тоа, ама провери. И сега знае така да ми прави како во навика да му премина таквото цицање. И јас одма ушиња стискам да не се пак. Фобија имам веќе
Девојки направив беља. Се фарбав со палете и за прв пат во живот ми се појави алергија од фарбата. Не се сеќавам дали претходно сум се фарбала со овој тип на фарба од палете. Ми се појави црвенило на челото кое се движеше кон образите покрај едното око,осеќав и топлина. Веднаш се измив,а ми се појави штом го исфарбав последниот прамен. Во рок од 3 часа целосно се повлече црвенилото,само уште малку топлина чуствувам на едно место. Пишувам во темава бидејќи ме фати паника дека не смеам да примам лек за алергија бидејќи дојам. Од друга страна се загрижив дали може да наштети алергиската реакција на млекото и дали може да му се случи нешто на бебето? Се надевам ноќва мирно ќе мине и нема да излезе пак уште нешто