Ништо нема да му биде. Има лекови за алергија шо се компатибилни со доење-лоратадинот е, сигурно. Ако имаш нешто дома, провери го на e-lactancia.org. Малечкото како е? Дома сте сега, така?
Јас снемувам млеко. Почна нервозно да цица зошто нема силен млаз. Ај викам ќе се измолзам и ќе дадам шише. Едвај 50мл од двете гради. Очајна станувам, ќе ме снајде ли уште нешто..
Смирено мами, чај од хип имаш за доили, сок од јаболко бистар, сок од зова/бозел, боза, пиво безалкохолно, и повеќе вода. Со каква пумпа се измолзуваш?
Стресот и уморот имаат многу влијание на млекото. Верувам дека сега периодов ти е постресен, собрано многу. Гледај да одмараш и да се опушташ, и кога доиш и кога молзиш. Во затемнета просторија дој, расоблечено, сами, во тишина.
И кај мене беше така со малиот од едната града послабо му течеше и урлаше од другата за 10 мин се нацицуваше. Пробај со 3% хидроген да ја исчистиш градата што има помалку млаз можеби од надвор некое каналче е запушено. И лакта микс земи си пиј и капсулите на база на анасон Лактил мислам дека се викаа. И ако сакаш да зголемиш лактација да вадиш повеќе 20 минути пумпаш 10 одмараш пак 10мин пумпаш 10 одмараш. Само пази да не направиш хиперлактација. И се што ти е стресно од околина бркај од дома па макар и да се љутат гледај бебе и самата гледај си се.
Лажна тревога. Изгледа од умор, температура и сѐ собрано немаше. Ноќеска станав да пробам да дадам да цица и имаше млеко, убаво си се најаде. Пак качив температура во текот на ноќта. Маститот уште е активен.
Зелка ставај на градите. Пред подој топла крпа а по подој миј ги со ладна вода градите. Ке помине многу бргу.
Биди упорна мајка да не дојде до поголомо воспаление. Обавезно масажи и облоги. Одмарај шо повеќе, не се стресирај многу ќе биде се во ред.
Девојки ми треба ваш совет/мислење. Маститот уште ме мачи. По сѐ што направив и колку упорно го третирам мислев побрзо ќе помине, ама не. Наташа ми кажа ако се влошуваат симптомите по 24 часа да консултирам лекар за терапија. Кај мене не се влошуваат, меѓутоа сеуште имам црвенило и болка при допир. Температура немам качено од вчера сабајле околу 6, значи околу 36 часа. Третирам со масажи под топол туш, масажи надвор од туш, топли облоги пред доење, ладна зелка или ациди борици после доење. Веројатно треба малку повеќе време, не знам. Е сега имам и друг проблем и да беше само маститот немаше да прогласам криза, ама дефинитивно не е за потценување ситуацијата. Немам доволно млеко. Градите не се полнат како порано. Бебе цица спокојно до моментот кога му тече убав млаз, после тоа се трга и нервира, а гледам дека е гладен. Пробав да молзам за да му давам шише да се дојаде. Кога стискам има млеко, ама кога молзам не излегува ништо повеќе од 20-30-40 мл, кога како. Се трудам да сум опуштена, ама не можам да не се фрустрирам. Многу сакам да го дојам, ама станува комплицирано. Сигурно има излез, ама не знам како да го најдам. Се давам во течности, почнав и Лактил таблети да пијам. Маж ми вчера ми вика немој да се навредиш, ама ако сакаш да земеме ад. Таман работа да се навредам ама не сум сигурна дали да давам ад или да бидам упорна со доењето. Он не плаче, ама мислам дека е гладен. Полни пелени, мочка, кака, весел е освен кога му се спие или кога се нервира од што не тече доволно од града. Извинете за рефератов, ама ќе ми значи ако ме прочитате и споделите што би направиле да сте на мое место, недај Боже.
Прво од почеток да ти пишам, мајка што дои не може да молзи којзнае колку, така да нека не ти биде тоа репер никогаш. Друго, бебе можеби и да е ви некој штрајк така да не избрзувај со ад. Колку цица толку, потоа молзи го вишокот и давај го со шише. Трето мислам дека ако бебе напредува, мочка, не плаче и спие убаво, немаш простор за грижа. Мастит без млеко не би имала нели.
@Bella_Stella се сложувам со Ангела скроз, само ме буни тоа што ти има малу качено на кг, но и за тоа пишавме знаат да имаат стагнирање во кг. 4 месеци е бебе нели? рачунај дека тој период е стварно предизвик доењето.
За ад најмногу се мислам зошто како да е гладен, отвара усте и откако ќе дадам се што имам. Потешко заспива, мада што не е ништо ново тоа, таков е откако му почна четвртиот скок. Полни четири месеци има да. Малку има качено на кила мислам ради силиконските, не беше ефективно цицањето со нив, тоа и Наташа ми го кажа. Не знам стварно не сум паметна што да правам. Ја стискам градата има млеко, пумпам нема за лек. Како да извадам млеко за да се најаде стварно не знам.
Ама нема одма ништо да се деси, треба да почне да функционира тоа што го правиш. Почни со пауер памп, бустирај лактација, ад земи за секој случај мада во тој период е кога што и да му дадеш се ќе стави во уста, рапидно расте. Јас мислам дека не е намалена лактацијата, може да е затнат канал да не тече од секаде ама не и намалена лактација. Ако немаш млеко што ќе ги затне да се воспалат каналите?
Како на сликата објаснето, со тоа што со двојна пумпа е побрзо. И пумпа пауер тогаш кога ти е намалено млекото според тебе, ако имаш повеќе навечер или наутро, немој тогаш, да не направиш мастит. Јас имав најмалку навечер и тогаш пумпа, еднаш во денот само. И без нервози, што е тука е, само да е бебе добро. Мада мислам дека не е до лактација туку е во скок и штрајкува, издржи и ќе видиш ќе биде добро. Исто мислам дека не е до силиконските, не верувам дека толку драстично се намалило млекото од тоа, сепак бебе цицало, не е дека не цицало.