Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.175
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Ние сме на комбинирана исхрана. Додуша 90 посто цица и давам по 1 шише ад на ден. Последниов месец со оглед на тоа дека беше во скок и не беше баш лесна давав ад и почесто. Е сега, бебка или одбиваше да цица на 2, 2ипол часа кога ќе ја понудев ама па на подолг интервал цицаше. Цицаше (и уште така знае да прави) многу кратко, по 5 до 7 минути од града па на другата ќе повлечеше и после ќе се лигавеше. Давав ад после тоа мислејќи дека не е најадена, и не ми го пиеше. Си играше со шишето. Значи едноставно не беше гладна. Последниве 2 дена ни се случува истото што и вас. Ќе цица дур има млаз и се трга, се нервира и ми делува гладна уште. Давам ад не го пие. Сакам да ти кажам дека не секоја нервоза е за глад. Јас имам сомнение кај мојава дека е почнат процесот на запчиња растење и затоа се пика во уста, кога ја држам во раце ми го цуца рамото, кога ја држам хоризонтално преку блуза ми ја цуца градата. Ќе извадам да и дадам, одбива да цица. Друго објаснување немам.
    Можеби и кај вас е нешто слично.
    Исто така од мое искуство со пумпа да ти кажам дека од сам почеток молзев зошто бебка многу слабо цицаше и плус бев со силиконска. Лактација успеав да одржам само ради пумпата. Молзев убава количина. Кога ги тргнав силиконските и почна да цица, градите омекнаа, се воспостави лактација и не молзев 2 месеци сигурно. Една вечер и дадов ад и викам ќе се измолзам, едвај 40мл извадив а градите полни, стискам тече млеко. Значи логично ми е што не можеш да измолзеш количина кога од сам старт сте на ексклузивно доење и воопшто не си користела пумпа.
    Во однос на молзењето и тоа што пиеш лактил и многу течности, внимавај зошто ако имаш мастит со сите тие работи можеби и бетер ќе си направиш.
    Јас би консултирала доктор за маститот.
    Во однос на килажата не е идеално ама во право си дека со силиконската може и да не цицал убаво, плус скок и доенечка криза и се собрало. Битно не стагнира и не губи килажа. Дај си една недела, врати се во нормала ти со маститот, дај му фора на бебче да цица колку цица, па според килажата ќе видиш што понатака. Ако пак стагнира или не качува доволно тогаш барај друго решение, да комбинираш со ад, можеби ќе те советуваат да почнеш со цврста храна, ќе видиш. И имај на ум дека во 4ти месец качуваат од 400 до 600 грама за еден месец.
    Јас на цело мислење дали е гладна и дали јаде, сфатив џабе сум се нервирала зошто на педијатар ја измерија пред некој ден и качила 500грама што е таман за овој 4ти месец.
     
    На DaisyDoo, Nala37, Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Фала девојки. @Thinkerbell. Сѐ што опишуваш прави и он. Рачиња во уста, лигавче во уста, глодалки грицка, не ги смука само. Рамото ми го јаде, преку блуза бара да цица, буквално сѐ е исто.
    Ќе ви ги послушам советите, го меревме вчера па ќе видиме како ќе биде за една недела. Сигурно и скокот има удел, не знам или пак тоа што го тргнав силиконските, со нив не правеше вака, ама не планирам да им се враќам. Ќе издржиме, што е тука е. И мене ми е страв да провоцирам лактација со течности и апчиња ради маститот, ама си викам сега кога знам што може да ми се случи имам контрола врз ситуацијата.
    Предизвик е доењето, многу убав момент, еден од омилените со син ми, ама моментално огромен предизвик. Ќе видам за ад што ќе направам, може да земам една кутија чисто за недај Боже.
    Во тој дел сум ептен аматер. Препорачајте ми ад и шише. Молзено давам од Нип, тоа го имав моментално дома, ама многу лошо шише.
     
    На Nala37 и Thinkerbell. им се допаѓа ова.
  3. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.175
    Пол:
    Женски
    Тука негде се па препоставувам дека слични работи прават. Зошто веќе и давам ад и имам дома затоа и ти опишав што точно прави што ме тера да дадам шише и на крај си го фрлам. Дај си една недела бар и среди го маститот па верувам ќе се вратите во нормала. Штом јас што никогаш не мислев дека ќе дојам со оглед на тоа колку тежок почеток имавме и колку не напредуваше од мојата тврдоглавост да цица издржав и успеав, верувам дека и вие ќе го поминете ова и ќе си продолжите со доење.
    За ад јас купувам хип комбиотик и добро ми го прифаќа а шишиња имам на авент и на др. Браунс.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.271
    Пол:
    Женски
    Ние сме од раѓање на твист'н'шејк, и сега пие од такво и вода и компот што ми останува кога му правам доручек. Млеко од ДМ нивното го земав ама не пие.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Мајка ти пишувам за поддршка, мило ми е што те читам дека си смирена. Мислам дека правилна одлука си донела, почекај една недела и види како ќе биде. Потоа ако има потреба ќе мислиш за шишиња и АД. Четврти скок е тежок за некои бебчиња, сигурно ја осеќате кризата и вадењето на силиконските брадавици плус го вознемирува бебче, но ќе се навикне пак а со тоа што ќе цица без нив повторно ќе ти се среди лактацијата. Среди го маститисот и почни со лактилот, пробај како ќе ти делува јас сум презадоволна од нив.
    Сега кога размислувам и бебе во четврти скок имаше стагнација со кг, се надевам следен месец на контрола ќе имаме подобри резултати.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    18.647
    Ад новалак ми прифати моето на почетокот. Шише авент натурал стаклено користиме.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Фала мама. Мислам дека маститисот е скоро саниран. Немам грутки и болка, само на допир некое чувство што претходно беше болка. Имам црвенило, ама мислам дека е од премногу ставање облоги, веќе е изиритирано местото.
    Тоа што приметив е дека на ноќните доења кога сме во темница и он е во полусон цица мирно. Борбата е кога цица разбуден и во посветло (дури и зраци што влегуваат низ ролетна). Ќе цица мирно 5 мин, после ќе цицне па се тегне назад со главата разгледува наопачки низ собата. Прво го враќав јас ‘на сила’ денес викам ќе оставам да видам до кога ќе се тегне. И уствари испаѓа дека он си игра. Ќе цицне ќе се потегне, па ќе се врати како лудичко пак ќе цицне, пак се тегне. :D И смешен и напорен ми е, ама ќе издржам.
    Силиконски веќе скроз баталив. Си болат брадавиците, ама се издржува, мачкам ланолин на секое. Како ги користиш Лактил ти? На упатството пишува 2х1 дневно, така ги пиеш?
     
    На Freckles. и Nala37 им се допаѓа ова.
  8. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    На таа возраст истото што го опишуваш почна и бебе да го прави. Се е поинтересно од цицањето, резултат стагнација во килажа. Јас дојам во друга соба кога не сме сами, барам мирно место за да се нацица. Иако сега веќе и многу пократко цица, осеќам дека голта цело време значи побрзо се најадува. Може истото и вас ви се случува, менуваат и може малку покасно сфаќаме што се случува.
    Така го пијам да, сабајле пред првата дремка и навечер пред успивање едно половина час. Со многу течност, ќе осетиш за кратко како ти се полнат градите :)

    Пишував и за растојанието на цицање, нелогично звучи да но пробај да има барем 1.5 час прастојание од еден до друг подој. Да се најаде од еднаш и да има време убаво да се наполнат градите.
     
    На Bella_Stella и Gven им се допаѓа ова.
  9. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    19.476
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Породена сум царски, во петокот, го ставаа бебе од саботата на цицка, денес почна да ми капе понекоја капка. Ама и ќе не пуштаат дома попладне. Тука го ставам на града пред хранење по 5-7 минути на едната па на другата и после го хранат. Е сега јас дома да продолжам со исто темпо ми кажаа, му давале по 60мл.
    Сега имам милион прашалници во глава, како ке знам дека му е доволно да цица без да му треба дохрана?
    Да земам пумпа да се измолзувам дали би ми помогнало? Да почнам сега со пумпа или кога?
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    18.647
    Јас ги пиев така,со голема чаша сок.
    За доењето, пробај со некој ѓердан на тебе да му одвлечеш внимание да не зе врти назад.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    @IRBBB @kristina.k @Leanne знам дека ептен каснам со одговорите (со оглед дека сум во хаос со две мали деца:D, а и меморијата слабо ме служи откако се породив со малото:)), сакав само од срце да ви се заблагодарам што ми бевте огромна подршка и ми дадовте утеха кога ми беше најтешко.Да не заборавам дека се помина како што кажавте, млеко имам сеуште и после два месеци и покрај огромниот стрес што го имав.
    @kristina.k добра е сега, кафето беше ептен врело, ама поминува веќе.2 годинки има, ја мачкав со дермазин.Истото си го поминала и знам колку страшно може да биде.
    Фала ви уште еднаш најмногу:*
     
    На IRBBB, kristina.k и Leanne им се допаѓа ова.
  12. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Здраво, мојот бебуш вчера наполни една недела. 3 дена како сме дома но не знам дали го хранам правилно. Прво цица околу пола час, и потоа се гледа дека станува нервозен и уште е гладен па му давам и шише. Во болницата ми рекоа да давам по 30-40мл, но некако мислам дека и тоа му е малку па давам и по 50мл. Како да знам колку цицал од мене, не сакам да го прејадувам и сакам да се префрлиме само на цицањено не знам како. Секој совет е добредојден.
     
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Млеко Аптамил (најблиску е до мајчиното), шише Филипс Авент.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella И јас ти го препорачувам Аптамил, а шише Томи Типи.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.281
    Допаѓања:
    28.013
    Ќе се тргне од града кога ќе се нацица, или ако заспие ќе пробаш пак кога ќе стане. Мене многу ми помогна пумпата на почеток дур се навикнавме, зошто многу ми се полнеа градите. Можеш да му даваш да цица, па да пумпаш напоредно од двете гради
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Ќе знаеш по тоа што ќе го мериш. Желудничето му е колку неговата тупаница па сега ти види колку собира неговиот желудник :). Остави го на цицање и ќе видиш колку ќе качува за една неделА.

    кога ќе ти надојде млеко нека си цица убаво и ќе се тргне. Некои бебиња и успани се на почеток и треба да ги штипкаш нежно за да цицаат т. е. да цица да не спие на града. Мене 4от ден ми дојде наеднаш млеко и тоа камен ми беа градите што не ни очекував па ги масирав да ми омекнат и бебе цицаше за 10 мин се нацицуваше и тоа убаво. Мерењето на бебе најубаво ќе ти покаже колку качува.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.364
    Пол:
    Женски
    Еден апдејт од мене. Денес бевме добри. Имам млеко, изгледа уморот, температурата и стресот си го земаа данокот во претходните денови, но денес полека се стабилизирам. Маститот мислам дека е поминат, имам само црвенило, ситни брунчиња поточно од премногу ставање облоги, се што слушнав се ставив. Немам грутки, болка или топлина, околу 72 часа траеа сите симптоми. Бебе убаво си цицаше денес, нормално со акробации и тегнење. Ама сигурна сум дека не е гладен зошто добри 5+ мин дур цица убаво буквално му го слушам млекото како му минува низ хранопровод.

    Адаптирано не земав, решив да пробам да се справам со ситуацијата и мислам дека ми успева, поточно се надевам дека ми успева. Весел е, полни пелени, спие, си игра итн. Ќе го мерам за недела дена да видам дали ќе имаме напредок во килажа. Колку отприлика да очекувам за четири месечно бебе?
    Фала ви на сите за поддршката и советите. Милион борби водам и голем удел што успевам да се справам имате сите вие! :hug:
     
    На Caci_93, Viveki, Ceneva и 10 други им се допаѓа ова.
  18. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.713
    Пол:
    Женски
    Според нашиот педијатар од околу 120-150г неделно за 4 месечно бебе, 500-700г месечно.
    Варираат бројките од доктор до доктор како што читам од други членки, ама отприлика толку е.

    Супер, браво за трпеливоста и истрајноста. Ќе се вратите во колосек.
    :f:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Мајки што е дозволено за желудник да испијам?
    Не знам од храна или вирус закачив ама со дијареја и повраќање сум, а желудникот ми е ко камен да имам.
     
  20. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Фамосан 40 мг за желудник, спазмекс форте за болка. Фамосанот пиј го неколку дена дур имаш мака.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.