Можно е, и кај мене е така. Дури и не ја сака таа града толку, денски посебно, и течи мн млеко наеднаш и се трга. Затоа измолзувам и давам од шише, така си пие, на града само навечер во сон. За изедначување, мислам не е можно, барем јас не гледам како би изедначила кај мене. Кај мене цица по 1 града на подој
Скоро читав статија дека десната дојка кај најголем процент од жените произведувала повеќе млеко. Кај мене тоа е точно.
млеко имам од денес (3 ден по пораѓај), бебе цица само од лева дојка (засега), со десна се мачиме но она што ме загрижува е дека точно над левата дојка од кајшто цица наеднаш ми се појави огромна тврда безболна испакната површина, како плочка е, ја заокружив на сликава во прилог точно кај се наоѓа, ја осетив со допир. дали е нормално???
Хмм, безболна велиш. Не знам мила што може да е. Ајде со масирање и туркај од горе на долу. Да не е грутка од млекото да ја разбиеш и спуштиш бебе да ја исцица.
Се следат само дневни дремки, до моментот на ноќното заспивање. Заспивањето започнува при крај на прозорот на будност. Штом се доите, тоа функционира на принцип понуда-побарувачка, така да бебче кога и колку сака Самото ќе ја отпушти градата, кога ќе биде готово со цицање Сепак бебче е многу мало и не можете сега да имате некоја точна шема за спиење, во првите 2-3 месеци. Тоа сега само спие и цица, се додека фатите ред. Ти води се според неговите потреби. Додека се среди циркадниот систем (ден-ноќ), допрва бебче ќе менува.
И кај мене десната има повеќе млеко и на неа повеќе седи. А на лева го ставам прво за да стимулира. И јас сакав да се водам демек да цица на саат време на саат ипол ама не може бебе од 10дена да знае што е ред. Ке цица 15 20мин и заспива ја пушта цицката устата ко со лепак да си му ја залепил и не го форсирам. Ке стане пак ке го понудам. Ми се свиѓа што се повеќе е на цице и помалку ми пие АД, се надевам дека за недела до две ке го исфрлиме скроз и ке си имам успешна приказна со доењево
@Alishan30 те тагнувам зш ти одма почна на работа после породување. Како се снаоѓаш со бебе и тодлер, како менаџирање доење,шише,работа по дома и сл.
Не смееш, поради составот на шампонот кој е контраиндициран кај трудници поради оштетување на плодот, а со тоа е забранет и кај доилки. Мој совет е витамини на vitabiotics new mum, кај мене се покажаа предобро, но ги набавив од Бугарија, во Македонија само breastfeeding ги има. Или кои било витамини што се користат во бременост.
Колку што можам да побарам, сите шампони за стимулација на раст и против опаѓање се препорачува да не се користат (ако најдам нешто безбедно, ќе те известам). Верувам дека конкретно за случајов со доењето немаат докази, па затоа е "better be safe than sorry", јас сакав да го купам од Olival со пискавица и рузмарин, ама рузмарин не смее и... Си останав со витамините. Мене почна неконтролирано да ми опаѓа, ама сега е супер и навистина мислам дека се должи на витамините кои ги пијам точно еден месец заклучно со денес.
Дали се измолзувате?Сакав да направам неколку залихи со млеко кои ќе можам да ги користам кога ќе бидеме излезени или кога ќе треба да го оставам неколку саати на некој.Вчера пробав да се измолзам (имам електрична на Медела), но многу тешко ми одеше.Едвај успеав да измолзам максимум 50 мл и тоа во период од неколку саати со паузи.Многу разочарувачки.Знам дека бебе може многу повеќе да исцица, ама како може толку малку млеко да тече со пумпаМе интерисира дали се молзите и кога е најдобро тоа да се прави, со оглед дека бебе цица? Дали може да се молзам по неколку пати на ден, и на крај на денот сите количини што сум ги добила да ги помешам во една ќесичка и да ги замрзнам?Дали со молзењето му ја намалувам количината на бебе која ја цица во текот на денот?
Јас исто не можев да измолзам, максимум 30 mL и тоа едвај, три пумпи сменив и џабе беше. Но, бидејќи ми имав потреба (целодневна свадба) се молзев преку цела недела неколкупати на ден. Можеш така, само да знаеш дека млекото на собна температура може да стои четири часа, во фрижидер четири дена и во фрижидер за длабоко замрзнување 4 месеци. Можеш да ги измешаш и од истиот ден и од различни денови, се додека се на иста температура. На пример, не смееш да измешаш свежо молзено, со тоа во фрижидер, температура мора да биде иста. Запишувај си датуми и тоа е тоа. И ако можеш нека се во сличен период од денот, не ги мешај утринско со ноќно поради различните хормони Исто така, можеш да се молзиш некое време после подој. Нема да се намали количина, напротив, колку повеќе стимулираш, толку повеќето ќе се создава млеко, лактацијата работи на принцип на побарувачка Се надевам опфатив сѐ
Убаво ти објаснила @M♡m само ќе ја корегирам во замрзивач до 6 месеци ако е на -19 степени Инаку јас се измолзувам одвечер кога треба да оставам, кога поврзува сон синко повеќе саати во ноќта, тогаш имам најмногу млеко, вадам од 100-140 мл од двете гради и пак останува. Не се измолзувам до крај. Јас до душа скоро и секоја ноќ се молзам и чувам во замрзивач, ќе се најде за кашички покасно. Да не се урочам многу млеко имам од сам старт и морам да се измолзувам инаку тешко мене. Така да пробај навечер веќе кога ти спие. Верувам повеќе млеко ќе извадиш.
Дали да се надевам дека допрва ќе ми надојде повеќе млеко. Се породив на 6ти но сеуште немам многу млеко и го дохранувам. Ако се случи бебе да спие повеќе од 3 часа се измолзувам само 60мл од двете гради па потоа му ги давам. Сакам да биде на ексклузивно доење, а тој многу е гладен..